Јас знаев дека се му е интересно, прашав тука и пред некое, ама почна и на спиење помалце да пие . Не покажува таков ентузијазам за млекото како порано. Една членка рече дека 5ти месец бебето сеуште така и прави со шишето и дека е борба пошто се ги интересира
Од почеток давам чробиотик бидејќи пиеше и дохрана, но продолжив да му давам и откако ја прекинавме. Прво давав Рекол потоа Био Гаја но и покрај тоа откако ја прими првата доза рота му се пореметија каките. Станаат течни и лигави. Прававме микробиолошки тест на столицата бидејки се појави и малку крв. Излезе дека многу му се намалени добрите бактерии. Сега му давам бејбитол неонате и треба да направам муабет што да правиме со втората доза рота што ја одложовме за оваа недела. Педијатарот се оградува, вика во диспанзерот да прашам
Истото и мене ми е, пред два дена мислев добив два дена многу малку како кафеаво и црвено и толку..денес ништо нема, млекото не ми се намали ама па незнам зошто вака ми прави, првиот пат добив два пати во еден месец потоа не дојде 40дена и кога мислев дека добив само малку линее и толку
Ја почнав со вежбање 6 недели после породување, со зелено светло од Др нормално. 4 и пол месеци е синко сега и не верувам дека му влијае негативно
Ве читам вие што зборите за добивање, ова после колку време од породување ви се случило? Нели кога доиш, ради пролактинот нема циклус или јас сум грешка
Ovde imas na medela ama jas seuste nemam naracano zatoa sto nemase S velicina https://www.evit.mk/kupi/trudnici-i-rodilki/medela-personal-fit-breast-shield-inka-za-gradi/
Може да добиеш и одма после 40 дена, а може и да не добиеш цела година. Доењето има ефект ама не е пресудно. Тоа дека додека доиш дека не добиваш (и дека не можеш да останеш трудна) е мит. Двете деца се доени, па со двете добив по 3 месеца од пораѓај.
Мене првите два пати скроз нормално, точно на месец, сега ми касни некои 4-5 дена и не пробива, а со млеково не знам што се случува, сабајле немав, после се молзев па извадив 90мл, сега изгледа пак немам...
И до кога вака? Кога ќе дојде млекото? Првпат ми се случува ова и многу нагло. Сега цицаше, нешто како да влечеше ама не сум сигурна, по 2-3 минути на двете гради.
Што ви помага најмногу за доаѓање на млеко?Уште немам,вчера се породив,пијам течности,малото фати брдавичка ама уште не тече
Добив точно еден месец после пораѓај, после следниот месец пак на време, сега овој месец нешто касни и не пробива. Првиот и вториот пат имав млеко (мислам дека беше намалено ама брзо се среди), овој пат ми прекина нагло вчера млекото, па пак имав па сега не баш...
Рано ти е, ако си со царски може и по една, две недели да дојде. Јас бев со царски, 5 дена во болница немаше ништо, многу малку кога ќе ме стиснеа само капки. Дома бевме со дохрана и совет да ја ставам на града по 15 мин на секоја. Теравме така два три дена, но после цицка нејќеше, се научи на шише и тоа го бараше. Се изнамачив додека да фати и да дојде млеко. Јас се измолзував после секој подој и навечер правев павер пампинг. Почнав и со апчиња лактил и чај лактамикс и тој на хип за доилки. Јадем овес, пијам овесно млеко, многу вода и пиво без алкохол. За да дојде млеко клучно е да ја ставаш на града што почесто за да стимулира млеко и да немаш ставај ја на секои два три часа и многу течности. Плус се туширам со топла вода и си правам масажа