Јас си пијам по потреба чај, а таблети не (бебе за една нед 3м ќе е). Чај пијам ако приметам дека ми се попразни градиве. Еве два дена ме изнацица, градиве пача и пиев чај сабајле и навечер. Добив вчера прв пат и ете што било работата И со другите две така ми беше 2,3 дена пред да добијам... после пак нормално млекце си имав.
После месец дена од прва доза се појави крв во столица. Направивме тест и покажа дека микрофлората му е нарушена. Кога им кажав за ова пред втора доза, решија да не ја даваат да не направат полошо. Педијатар ме советува месец дена да исклучам млечни,а на другарка пред прва доза во диспанзерот и кажале да избегнува млечни производи
Еднаш само се појави крв? Дека и кај мојава имаше крв во една столица.. Ама мојава многу пати кака од раѓање (и лигаво), па сумљаме да не е интолерација на лактоза (дека и јас имам, а и едно од моиве дечиња има..).
Јас многу се секирав да не не стигнеме да ставиме рота дека бевме болни. Внука ми заврши на интензивна од рота. Тоа беше страшно и дехидрираше на сестра ми пребрзо, пребледе бебе почна очи да врти. Воопшто не е наивен вирусот. Секое дете нели различно, ама внука ми многу тешко помина. Немаше тогаш воопшто вакцина за рота.
И тоа тестиравме, нема, само секундарна интолеранција ради нарушена микрофлора. Сега бејбитол неонате давам, па не знам за 2 месеци дали третата доза да ја прими, баш зашто сум чула дека е лошо ако го закачи вирусот понатаму
Не ја дадов ротата ни кај двајцата. Поголемиот пред 2 месеци ја фати. Гадна е, не викам не, ама поминува како и секој вирус. Другарка ја даде, па малиот пак и фати...
Сите ние сме прележале рота и без вакцина вирус ко вирус некој побурно ќе помине некој полесно. Вакцините после ковид едно големо НЕ. Процесот за да се одобри една вакцина трае 10 години со сите 5 фази а овие сега за 2 месеци ...
Хелп, имам мачи грутчиња во градите. Една специфично ја приметив кога ја доев сега малава. И инстинктивно ја стиснав, се смали грутчето но сеуште постои и почна да ме боли..
Ти нели пишуваше медицина дека студираш? Вакцината за рота е одобрена во 2006та година, а не после ковид.
Океј не 2020 2019 пак е релативно нова. А и доста нус појави. Се почесто се појавуваат деца со проливи крв во столица и блокада на црева. Сите ние сме прележале рота. Муабетот беше за 300 нови вакцини се изнаправија после ковидов а не се почитува стандардот вакцинален.
Рота вакцината е создадена пред короната и се дава многу одамна во останатите делови од светот. Не е нова вакцина, туку кај нас почна да се дава сега брзо. Сите сме прележале да, ама е опасен вирус за мали деца. Нејсе, јас споделив лично искусто во фамилија што ни се случило и си ја кажав причината за мојата одлука.
Испитавте дека е баш рота или онака според симптоми си рековте дека рота е? Јас имам пријателка со рота на инфективна лежеа.
Исто моја познаничка, одвај го спасија детето од рота, исто на инфективна лежеше. Прелошо помина, фала му на бога се спасија.