Многу брзо се шири, па и епидемија често предизвикува... затоа е и вакцината.. ама како и за другите вакцини, така и за оваа некој има поделено мислење... Моиве 3 со све се вакцинирани. Рота само прв пат прима третово, зошто другите ми се 2015 и 2017 родени..
Рота и 6 валентната се примаат на точно полни 2 месеци? И дали имаат некакви симптоми после, со температура?
Да со направени 2м. Мојата е 38ма нед но тоа не менува.. прими на 2м и 3,4 дена. Освен што беше многу успана еден ден, друго ништо немаше симптоми. Она прими три: рота, дитепер и превенар (за стрептокока). Некаде па превенар ја ставаат на 4м првата доза. Ние сега на 4м само рота и дитепер втори дози, а стрептокока втора на 6м.
До кога бебушите ги ставате на двете гради? Мојава е 1 месец, на последните контроли ми рекоа уште е мала, двете нуди и ги. Е сега гледам некад ја фаќа малку и втората, но некогаш не ја сака па само од едната цица. Ме интересира како да знам кога е доволно голема за да и нудам една града на подој?
Јас па скроз сум обратна. До 2ипол месеци цицаше само една града на еден подој, другата на следен итн. А сега 2 недели цица од двете... Десна лева, лева десна, десна лева итн... многу поубаво ми кака вака, па најверојатно подобро цица вака.
Кај мене од старт цица на една града на подој, ја држи 3 саати, напредува и така знам дека е ок ако не ја сака другата значи не е гладна
Кути со тоа лева десна, заборавам на која сум почнала, на која завршила и сега запишувам, лева града десна града
А јас видов финта на инстаграм и сега тоа применувам. Стегач на рака. Го преместувам на доење, каде е нареден пат.. таа града ми е за цицање
А кажи ми по колку време ти цица на една? Од болница кога излеговме ми рекоа по 15 мин на секоја, но сега веќе побрзо цица и не можам така на саат да гледам. Зошто некад цица по 10 мин, некад 15 некад по 6, 7 мин кига е успана. Не знам дали има поента уште на саат да гледам
Кои се тие нови вакцини после ковид и за кој вакцинален стандард зборуваш? Ова е личен впечаток или истражени факти?
Мене после 1 месец контрола ми кажаа да нудам по една по 7-8 минути, дека супер напредувал, а тој заспиваше после 3 минути. И воопшто не функционираше за мене, сега се борам за повеќе млеко и да баталиме формуливе , барем само на една дневно да остане. Така да мислам дека ти најдобро знаеш дали на двете или на една ке го доиш бебето. Ако ја празни едната до крај, префрли на друга. Нареден подој почни со другата да ја испразни до крај, па префрли на првата. Така бар јас правам наутро кога имам млеко.
Mojata e dva i pol meseci na dvete ja stavam so toa što aktivno vleče 15 minuti pa spie i cica ušte tolku na edna pa ja prefrlam na druga istoto go pravi, na sekoi dva dva i pol saati jade po 40 minuti do saat vreme...da ti s sloši haha...i plus šišence 60-90 ml kako koga
Хах цел ден на цицка. Моево ретко толку време, едино ако ја оставам да мљацка додека спие на града, ама тогашнне влече неги така одвреме на време че подголтне и ја тргам. А дохрана зошто и даваш? Така ти кажаа или самоиницијативно?
Јас на почетокот давав само од една града сега почна ноги млеко да ми иде ако давам од една др. Града ќе ми протече и морам и од неа подобро е така. АМА навечер ми тече многу сало мењам алишта, лом се правам ми тече од двете гради а оно спие гајле нема,му пикам не сака да цица кога спие. Имам пумпи ама тешко ми е измолзувањеето. Или само од една града ќе почне да тече како да си помогнам да не се правам лом..
Мајки, работам на зголемување на млекото, сега сум на две флашички формула дневно, плус од ноќеска и од утрото една флаша молзено. Ама ова молзењево може би било поефикасно и сигурно би ми штедело време да е со електрична. Освен медела што е изгор со цените, која електрична би ми препорачале? И некако би сакала двојна, да завршам работа наеднаш. Некогаш прескокнувам молзење зошто окапав седејќи или со него да цица ефикасно или со пумпата во раце. Вадам само 10мл после подој. Па кога ке завршам, пошто нему му поминал 1 час од јадење а и тоа не било којзнае колку, спремам формула, па тоа давам. Секое попладне вака во круг. Мислам дека ке си скратам маки со електрична двојна.
Da vidis avent dali imaat dvojna.. ako imas potreba vlozi sto da pravis zemi pumpa ne se maci epten e macno spored mene odmolzuvanjeto..
Bash Avent gi gledam, naogjam nekoj postar model vo Via farm i poeftin. Imash koristeno Avent? Mi deluvaat bash dobri. Zosto mi treba i za stimulacija. Posle sekoe doenje molzam.