Mene nesto slicno mi se slucuva periodov, so toa sto moeto e mesec dena staro. Primetiv deka brojot na podoi e namalen a i vremetranjeto. Sinoka duri primetiv deka gradite mi bea skroz prazni, se uplasiv pocnav da razmikuvam za AD vo tekot na nokta, ako ne nadojde mleko. Mislam deka ako e dete srekno i ne place deka taka mu e OK. Za kakanevo te citam, od koga kaka na 3-4-5 dena? Moevo kakase sekoj den do pred 3 dena, sega se nema ic pokakano o stravuvam da ne e toa vrzano so nedovolen vnes na mleko
Nedovolen vnes mleko majka znaci prazni peleni znaci ne mockani. Koga se mockani poveke vo tekot na denot i do 7 dena ne e problem kakata.
Па мислам гладно бебе не би спиело на 3м. Ептен на почетокот може да се успани кога се новороденчиња со жолтица... Мојава денеска прави 3м, а веќе 2,3 недели ја спие цела ноќ. Прво загрижена бев и ја будев јас еднаш во 4 ноќеска, а сега некои 2 нед не ја будам и исто тера од кај 21,22ч до кај 7 сабајле без будење. Исто подоите брзи кратки се, мочка и кака (мојава сеуште кака многу пати во ден). До пред некој ден како намалено млекото ми беше (а и прокрварев нешто) и ја ставав цицаше од двете. На молзење вадев едно густо густо млеко... иако намалена количината, млекото екстра калорично беше. Сега пак имам тон млеко и ако ја ставам на другата града од алчност си цица она и после ми повраќа. Па не ја ставам пак неколку дена цица една града на еден подој. А пробав да молзам пак, не е такво густо. Којзнае што ми се случи тогаш...Дали онака ме обележа како мензис во 2 дена, апла пмс симптоми имав како за добивање. А после крварењето ги немам... и апетит немам сега, ни напнатост
Јас имам спротивен проблем мојот станува на 2-3 саата цела ноќ.. мислам дела сум зомби заспива 11 -12 и после цело време во 2 во 4 во 6 јаде спие и вришти ако не му дадеш млеко . А не цица туку се измолзувам. Станувам цело време да се измолзам на 2 саата пие по 150мл и заспива. Помош не можам да издржам пробано е и формула но ја одбива не сака. 4 месеци е и супер бебе е само ова со ноќното јадење ме уништува...
Не и давам веќе долго време, нема кога Цица на 2,3ч преку ден, ноќе си спие. Денес бевме на мерење (точно 3м е) и машала 7570г е. Прашав за спиењето и дека на почетокот ја будев.. ми рече не бре какво будење, остај дете да спие
Дали си пробала повеќе Ад млека? На времето кога зимав и си ги пробував, па најубаво на вкус тогаш беше Nan. Не сака да цица ич? Со вештачка брадавичка?
Holle и Aptamil али не ги сака навечер му давам и цуца и гледам 30минути стојам со шишето во уста и на крај немаше ни 10мл испиено..ни силиконска не фати вришти како да го колам ако го ставам на цицка. Преку ден не ми е проблем да се молзам али навечер место да преспие само слушам како се превртува у креветчето и почнува да закенкува и ако не му се даде у рок од 2минути следи вриштење мислиш не сум му дала 2 дена. И цуцла има ама џабе само слушам како ја шмука хистерично. Штом се напие ко заклан спие одма
Auu bravo masala, samo taka da si napreduva ☺️ i mene pedijatarot mi rece nikako budenje noke, ke si nadoknadi preku den (zatoa cicaat na 2h valjda) tvoevo cica na 1 grada od podoj ili od dvete? Moze si pisala pogore ama ne se dopamtuva
Од старт цицаше една на еден подој. Ама пред 10тина дена нешто ми се случи прокрварев како да добив и млекото ми поднамали и ми цицаше од двете до пред некој ден. Сега пак ми се огромни полни и гледам дека и е доста и од една. Ако ја ставам на другата цица од алчност, си се мази... и после фонтани прави Некако инстиктивно терам... ако има потреба би ја ставила и на другата, ама гледам дека и е доста. Обично навечер пред долгото заспивање цица од двете. Прави резерви за да спие цела ноќ Ама и дека турбо преку ден сум, навечер и помалку имам...
Доено бебе ќе кака се помалку, навикни се на тоа. Може и еднаш на десет дена да кака и тогаш ќе ја преполни пелената. Додека не го боли мешето, не се секирај, ќе се искакс кога ќе се наполни. За качување на килажа, сигурно ќе приметите по облеката, пелените, образите на бебето. И да првиот месец е многу тешко доењето, и прво дете не знаеш што да правиш. Ама ќе помине, ќе се навикнеш полека и потоа ќе ти биде полесно отколку да миеш шишиња навечер. Ако си спие бебето и не плаче остави го нека спие. Кога ќе стане прво ќе му дадеш да цица, после ќе го пресоблекуваш и да е покакано. Ако не му дадеш да цица веднаш ќе почне да плаче и нема да можеш да го смириш. И навечер, ако нема каки не го соблекувај да го расониш. Во темна соба нека цица или до тебе на спална и ќе можеш и ти да поспиеш. И не давај цуцла, бидејќи ќе се измори додека ја цуца, па ќе нема сила да се нацицаа и ќе има пак плачки.
Нема потреба од чајче, само ќе се наполни мешето со вода и пак ќе биде гладно. Не слушај баби, слушај педијатарот што ќе ти каже
Јас со мојата мака со малку млеко, страв ми е да се пофалам се изморив од домолзување веќе 10тина дена, ама има резултати. Вчера и завчера цицаше пред заспивање, имав малку млеко и после формула му дадов мислев мнг малку млеко има, а тој ептен малце испи од флашичката и си спиеше убаво 5-6 саати дури се разбуди за ново јадење. Ноќе градите балони, тој се буди, убаво се најадува и продолжува. Јас се домолзувам и имам за еден оброк преку ден. Дај Боже да успеам да сме без ад. Фала ви на сите тука за советите. И молзење и чаеви и сокови се применувам. Сега за сега е успешно. Утре сме на контрола па ке видиме како напредуваме.
Исто и јас се прашувам истото. Го прашав педијатарот, ми рече не можеш да знаеш дали и е доволно и ние не знаеме да ти кажеме. Рече ќе гледаш дали после подојот спојува сон два три часа, дали полни пелена со мочкање и какање и дали напредува во килажа. Ако ова е се океј, значи нема простор за грижи. Инаку и мојата некад ќе се нацица дури и се дави од млаз млеко, некад како на празно влече и како да ми е празна градата, мека ми е и она само шлапа.
Bas sakav da pisam deka togas koga pisuvav inse plasev deka mi e namaleno mlekoto.. se napiv vo nedelata 2 piva radler taka spontano iako znam deka ne treba da se pie alkohol i povtorno minse napolnina gradite i pocnav pak da imam mnogu mleko..drugite rabotj sekko voda 1,5-2 i 2-3 caevi hip na den
Sega sakam da pradam dali nekoj znae sto moze da i bide na beba gonisplazuva jazikot posleniteb7-8 dena neznam fali e reflux ili r nagon na povrakjanje. Ne povrakja cesto ednas ili niednas na den ama kako da se davi neznam. Prvo mislev deka bara da cica ama toa go pravi k posle cicanje. Pak mislam deka e nesto kako reflux??
Колкаво е бебуш? Супер штом спие толку, мојава навечер максимум три часа склопува и кенка, ма да и јас секако ја бидам за цицање, така ме советуваат.