Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.418
    Ако бебето си цица убаво не ќе го тргаш од цицка дека свекрвата така ти рекла.
     
    На Bannana, MeowMeow, Lady Miami и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Franks

    Franks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Не, јас прекинав да го цицам , но потоа се обидов повторно но таа вели дека не чинело да го прекинам и потоа повторно да го ставам да цица , не било убаво бидејки еднаш сум прекинала , не чинело бидејки понатака во животот све лошо што ке кажел ке се остварело , за мене се тоа бабини деветини и не верувам
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Прашај ја зошто, сиг е некоја бабина деветина, извини не мислам лошо ама вакви муабети во ова модерно време, кај што имаме пристап до секакви информации :worried:
    Нема врска ако сакаш продолжи да го доиш.
    Јас имам слушнато од стари дека ако си го вратела на млекото детето ќе почудувало :tmi: значи глупости во боја :rofl:
     
    На MeowMeow, TheSecret, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Franks

    Franks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Да така ми кажа и таја
     
  5. Franks

    Franks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали знаете за таков случај, јас сепак не верувам во такви работи но малку ме замисли
     
  6. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.418
    Епа во светов има еден куп мајки кои правеле опративен зафат на пример, па привремено бебето не цицало, и после се враќаат, само кај нас свекрвите даваат контраиндикации за доење.
    Те сфатив дека само си се молзела и сега пак сакаш да му дадеш да цица, муабетот ми беше дека ако тоа фати пак да цица не ќе го тргаш и му ускратиш право на доење само затоа што свекрвата така кажала.
     
    На Bannana, MeowMeow, Franks и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    8.905
    Пол:
    Женски
    Каков случај и кој е тој научник што го докажал ова? (facepalm)

    Дои дете ако сака да цица не си мачи душа со пумпи ден ноќ.
     
    На Mother of 2boys, MeowMeow, Lady Miami и 5 други им се допаѓа ова.
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Извини пак можи грубо звучам, ама немој на вакви приказни да веруваш. Нека не те замислува оти тоа не постои, Дои си дете ако сакаш и не се замарај.
     
    На marrisa, MeowMeow, Franks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.208
    Пол:
    Женски
    Ова со бабини деветини и се заколна на мајка ми дека ако продолжи, дете не и давам да види.
    Абе прајте си како сакате и што сакате, да ве боли гз за глупостите нивни.
    Па ако си фати да цица и имаш млеко @Franks немаш ништо поубаво и полесно. Нит миеш, нит стерилизираш, ни топлиш. Свашта значи.
     
    На Mother of 2boys, Bannana, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    18.183
    Пол:
    Женски
    Живи глупости се тоа.
    Ова како свекрва ми што на секое ме прашува дали имам уште млеко, а ако имам да не сум давала да цица, зошто кога ќе пораснела ќе урочувала :x(facepalm)
    Оооо камо да имав млеко и камо да сакаше да фати цицка. Одма ќе ја ставев да цица.
    Ама решив да ја нервирам и ќе и кажувам дека цицка по малце. Срцев удар ќе ја стрефи.
     
    На marrisa, MeowMeow, Lady Miami и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Dragana S

    Dragana S Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2024
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Zenata vika deka ima po nekolku kapki znaci nema ni odblisku dovolno za bebe sto e vekr 4m,kako ke stimulira so pumpa da se vrsi laktacija koja e taa magicna pumpa, ako bebe ne cica ne postoi pumpa, caj kapsula jas licno na pocetok bev so silikonski zasto neznaese da cica dobro a sestrami i drugarka dodeka im nadojde mleko bea so sns sistem za podrska pri doenje na medela I vo toa se krstat I dvete
     
  12. Dragana S

    Dragana S Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2024
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Iskreno doenje e dosta sentimentalna tema za neko majki i gledame deka nekoi so seta sila probuvaat da uspeat, dodeka ti iskreno receno ne ispozamara i zafati prostor so pametot tvoj I na svekrvati nekoj ke bara nesto korisno da najde na temava nema da moze.
     
    На A.V.S 91 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Franks

    Franks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2022
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на советите
     
  14. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    И кај мене се случува истото со левата, се трга како да сака да земе воздух. Што мислиш дека е проблемот? И јас имам млеко на таа града, можеби посилно треба да влече? :?:
    Ќе пробам и јас обратно да ја ставам.
     
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.418
    Има техники за стимулација, power pumping е вака што ми текнува.
    Имаш истополови бракови каде што едната мајка го раѓа другата го успешно го дои, со помош на стимулации воспоставува лактација, ама мора да се запази ритам некој значи пумпање по цел ден и ноќ. Дојките работат на принцип побарувачка понуда, многу знаат бебе ли е пумпа ли е. Плус имаш мајки ексклузивно молзат.

    Ама дека бебе на 4-5 месеци ќе се врати да цица, а дотогаш се хранело главно од шише скептик сум. Има исклучоци секако ама ретки се. “Проблемот” тука е што за да почне да му тече млеко од дојка треба да поцица во празно, за да се активира рефлекс на доење инастане трансфер, а бебе кое се хранело дотогаш од шише е навикнато одма да добива млеко и се нервира ако не е така.

    Добар е и системот што го имаш објавено ама за почеток, во првите месец два и апсолутно се препорачува од лактациски консултанти наместо дохрана со шише, ама по син ми памтам колку разбираше на 4 месеци, не можев друга цицка да му подметнам од таа што имаше ја замислено не па шише со цицка да му го заменам.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Ај пробај обратно кај мене цица така, а преку ноќ пошто е заспана нормално ја ставам. Колку месеци сте? Незнам што може да е провлемот баш ме интересира
     
  17. Bannana

    Bannana Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да доиш, и бебе прифаќа, продолжи си. Инаку мене ми беше потешко да молзам, отколку цицање.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Се одбиваме од доење. Некој совет што да правам со градиве, ќе ми експлодират, не можам да се допрам од болка. Ставам зелка и пијам жалфија.
    Вака почнавме, понеделник цицаше во 20.00 часот. Потоа вторник цицаше во 16.00 часот кога дојдов од работа. И од огаш нема цицано.
    Дали да дадам пак денес кога ке се приберам од работа ако бара за да ми олесни малку? Или скроз да престанам наеднаш. Да не си напрвам бела од наеднаш, што е попаметно? Иначе чекам докторката да ми се јави и да ми даде некој совет.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    Најубо е пред да планираш да одбиваш да намалиш на подои прво, така јас правев. Само навечер цицаше пред спиење и ноќе 1 или 2 пати последниот месец, ко го одбив одма снемав млеко. Ова само на десна града. На 14 месеци го одбив.
    Левата ми ја одби сам на 9 месеци, не сакаше да цица на неа. Со неа поинаку беше, одмолзував по малку со неа и по неколку дена секна. Со прво дете ова
    Сега со второво сум со план да го одбивам 15 месеци е ама многу цица, неможам да намалам никако
     
    Последна измена: 6 ноември 2024
    На Nala37 и Autumn Love им се допаѓа ова.
  20. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    5.418
    Ако можеш постепено да намалиш подои е најубаво така постепено ќе намалиш млеко. Кај син ми тоа не беше возможно, по цел ден цицаше и морав да прекинам наеднаш.
    Ме болеа градите една недела сигурно, исто како што опишуваш, редев зелки, помагаше колку толку и едно сабајле се разбудив ништо немаше веќе. Не измолзував скоро ич во меѓувреме за да не стимулирам дополнително.
     
    На Giiirl23 и Nala37 им се допаѓа ова.