Уфф исто сум и јас. Со првото се беше полесно. Лесно се одби ( најпрво намалив подои) па немав некој проблем со градите. Доев до 12 м. Сега, планирав да дојам до годинка. Сега веќе е 12++ ама никако неможам да помислам на целосно одбивање. Не го дојам преку ден, само навечер. Ама навечер баткото си начекува, и ако досега цицаше 2-3 пати, сега 4-5 ... Како ќе го одбијам скроз стварно не знам.
И кај мене зголеми подои наместо да намали. И бара, сака да цица, првото не ми бараше Па ако не му дадам плачи де мава
Maticnata da ti prepise dostinex apce ima za seknuvanje na mleko so rozeva recepta go davaat u apteka
Намалиме со подои, цицаше сабајле во 6, потоа во 16 часот па во 20 часот, во 2 по полноќ. Толку повеќе не можев да намалам зошто беснееше за да цица а и не знаев како да го успијам. Пресеков преку но Дали се штетни? Матичната ме упати на гинеколог да ми препише тој таблети. Сга треба да го барам. Сакав без таблети да пробам, многу така поминале. Не знам што е попаметно.
Јас планирам да се одмолзувам по малку, колку да олесни, за 1 недела мислам дека би секнало така, па и 2 недели да се, пре би одела природно отколу со хормони.
Pa ti si na doabr pat da fatis mastitis po toa sto objasni zatoa ti rekov tableti ne se stetni pomaga da ti sekne mleko odma mozno e da se osekas malaksana prviot den. Ova mora lekar da to go prepise I da ti kaze kako da go doziras ne sw pie celo apce naednas
Исто и јас бев во недоумица дали наеднаш или постепено да намалувам подои. Само постепено мислам дека тешко ќе ми оди. И на дремката заспива со цицање и навечер. И призаспива со цицање. Поискусните ве молам кажете - изводливо е наеднаш да се прекине без апчиња? Одлагам дека знам колку ќе ни се тешки првите денови со плачки и слично. И прво мислев да е викенд за да можам да ја смирувам и да ставам зелки такви работи ама некако гледам дека подобро е во работен ден да го почнам ова, заборава барем 6-7 саати на цицање кога ме нема. Ама после толку време бара без разлика дали ме гледа или не. Ах, тешко.
Зелка цело време, лецитин, чај од жалфија, градите да не ги стегаш и кога ќе осетиш тежина нежна масажа и рачно одмолзи се под туш со топла вода, само колку да олесниш притисок. Јас останав со 1 подој, мислев дека ќе биде лесно но 2 недели се мачев и го решив вака. Со лесно
Јас пред 8год кога го одбивав малиот само Тегавец ставав, а имав млеко на претек, сега кога ќе ја одбијам малава планирам исто, значи листот го миеш, и врвчето на листот да ти биде на брадавицата, јас со селотејп го закачував, за неколку дена ми секна млекото, како да не сум доела воопшто, пробај нема што да изгубиш, тегавецот влече
Да не има некоја да продава Медела инка 21? Гледам по две идат во пакување, па ако ви останаламедна некористена...
Не знам дали е соодветна темата за прашањево. Дали може измолзено млеко кое е во фрижидер но не искористено да се замрзне? Исто може ли да се измеша одредена количина на млеко која е молзена во разни временски интервали?
Фала ви на сите за советите. Ми даде др некои таблети но не можев да ги најдам. Ми рече во тој случај да пробам со зелка и да ги стегнам со фолија 24 часа. И така јас со зелка и фолија, кошула и сако си бев на мн важен состанок и си испрезентирав проект. Да ми кажеше некој дека вакво нешто ќе направам ќе го првев луд. Ама маката ќе те натера на се. Стврно немав луксуз да си дозволм да качам температура, отсуствувам од работа и оствам домашни обврски. Жени сме можеме Синко ме изненади, воопшто не направи проблем како што очекував. Виде зелка дека имам и толку беше. Душа, ќе ми фалат тие моменти, но морав млку да почнам да мислам и на себе, крш сум со здравјето.
Некоја мајка да знае апчиња/чепчиња за запек што можам да ги земам додека дојам? На природна база ништо не помага, една недела како сум породена немам отидено во wc.
Може од фрижидер да замрзнуваш. На пониска температура секогаш може (од собна т во фрижидер, и од фрижидер во замрзнувач), ама еднаш чим се оди на потопло не смее назад. Во фрижидер ќе собираш во различни шишиња и кога сите ќе бидат иста температура, тогаш може да ги измешаш, и ако сакаш да ги замрзнеш во една кеса.
Консултација со доктор, не на своја рака чепчиња. Нормално е да имаш запек после породување. Јас имав во болница неколку дена но успеав со храна и движење повеќе да отидам и да ги ставам во функција цревата. Инаку секој доктор кога ќе дојдеше на визита ме прашуваше беше ли во по голема нужда, зошто е многу битно тоа да проработат цревата после породувањето. Јас на почетокот барав чепче но ми рекоа ме рано ти е за чеп. Затоа прашај прво доктор дали смееш.