Е сега и јас лош совет ќе ти дадам ама кај мене дава ефект, навечер обавезно мајонез јадам, без разлика дали сум гладна или не, приметив дека ако не изедам бебето се буди на секој саат, млеко има, ама не го најадува доволно и не го држи долго сито, кога ќе изедам сендвич со мајонез на пример, тера и по 3-4 саати спие. Инаку пијам Lactil таблети, Hipp чај, Лакта микс и по 2-3 шумливи калциум од 1000мг и исто толку магнезиум (Магнезан Б6). Ова со калциум и магнезиум ми го кажа Јасна зошто јас многу рано добив циклус, точно еден месец после пораѓај и тие денови се осеќа дека преку ден имам помалку млеко, навечер е супер, ама со калциум и магнезиум се средува и успевам да не дадам дохрана. Јас ги пијам и кога немам циклус и тогаш па имам премногу млеко.
Леле и ќерле се буди на секој саат, дефинитивно пробувам со мајонез од утре... гледам ќе останам у трудничкиве алишта уште малку
Јас да се надоврзам, зошто месец дена сум на турбо да поминеме на ексклузивно доење, инаку бев на раб да поминеме на ад. Јас повеќе млеко имам кога јадам чварки и месо. Ручек без месо не правам. И за вечера обавезно нешто калорично. Или јајце, или стек, или месце од ручек, или некое сендвиче со сланина. Мене ми се јаде благце, ама слабо млеко од тоа. Од мрсново ми е топ. Сендвич со кебапчиња ако јадам пак... Ова со магнезиум приметив дека ми влијае добро зошто ме фати грч, па пиев неколку дена. А за калциум не знаев дека и тоа има влијание. Да не знаеш зошто толку калциум?
Znam deka snemuvam mleko navecer ne samo poradi mekite gradi, nego bidejki bebe stanuva nervozno, cica agresivno, me tegne, turka so noze. Se maci da povlece dovolno i na kraj pak place bidejki e gladno koga ke stisnam gradata ima po nekoja kapka za razlika od sabajle koga e kako cesma...ova pocna negde posle 6ta nedela, uporno go drzam na grada cel saat bas poradi stimulacija i samo go voznemiruvam i nisto ne se menuva, barem za sega...
Поголем внес на калории, ти секако јади си здраво, само ова е екстра плус. Еве и мајонез ќе пробаме. Чаеви и капсули... Пробувај... И најважно, одмор и мирен ум! Среќна мама среќно бебе. Не се преоптоварувај премногу. Се ќе си дојде на свое место.
Грчеви да не има? Тогаш почнаа кај нас. А и секако навечер е послабо количински млекото од на сабајле. На сабајле е по течно и водесто, а навечер се мастите, затоа навечер повеќе цицаат нормално е. Подобрo пробај измолзи се и давај му, така ке видиш колку му даваш.
Не снемуваш навечер, туку така се регулира лактацијата.. баш напротив не треба да е чешма. Менувај го и ставај го и на двете гради навечер, јас така правев кога ќе приметев дека и треба уште. Сега ми се ептен меки, не протекувам, не лее на секое и од двете додека цица (ама ова е нормално веќе), а она топ напредува. Инаку како ви цицаат бебињата, на колку време преку ден доколку ја спијат цела ноќ без цицање? Бебе 3ипол месеци, спие пример од 22ч до 7 сабајле (заспана ја зимам да цица тогаш, мислам да ја оставам ќе тера уште ама градите ми се полни, болат). И после ми е страв дека спиела цела ноќ и давам на 2ч И колку е нормално бебе на 3м да има скроз сува пелена сабајле? Гугл вади од памет, ама ова моево бебе не е бебе кое можеби е дехидрирано Пречудно ми дојде, веќе неколку пати се случува (еднаш и пред 3м се случи), пелената сум и ја ставила во 22,23ч, сабајлето во 7,8 сува скроз. Моча откако ќе се разбуди
И двете деца релативно рано ги одвикнав од ноќни цицања, последно цицање најкасно во 21ч, сабајле најрано во 7. Преку ден до 4мес цицаа на 3ч, после почнав со цврста храна, па цицањата дојдоа на 4ч, измеѓу каша. Првото дете со скроз сува пелена се будеше, и во пола саат откако ќе стане наеднаш ќе ја наполни. На второво не му е скроз сува, ама далеку е од полна. Станува во 7, обично го пресоблекувам накај 8 за да има време да ја наполни. Некои бебиња едноставно не мочаат во сон на секој саат како што прават кога се будни.
Значи време е на 3ч да и зголемам... затоа она некогаш јас ја ставам да цица, она не е гладна (ова е обично сабајлечки, мене паника да не е гладна ми се прави дека спиела цела ноќ).. цицнува малку и толку, па после хаос и правам и цел ден цица на 2ч... Да инаку некогаш е ептен малку мочната, полна не била никогаш. Вчера скроз сува пак стана, па мочкаше. Сменив пелена, ја однесов во дневна... какаше и пак уште толку мочаше Цврсто спие, па најверојатно затоа и не мочка...
А како да го одвикнам од ноќно будење.. секоја вечер бара на 2 до 3 саата обавезно вришти ако не му се даде? Преку ден исто не бил подолго од 3 сааата без млеко. Бебе е скоро 5месеци без недела.
Па не знам дали е ова одговорот што го очекуваш, ама со тренинг. Со двете деца имам применето тренинг на спиење од многу рано (првото на 5 недели, второто на 2 недели), и прво и основно е кратење на цицањето за да спие цела ноќ. Еднаш чим поминат 9-10 часа без цицање, веќе натака не давам да цицаат. Исклучок било сериозно болни (не при настинки или затнат нос), и ако сме биле негде кај што немам услови да се расправам со бебе сред ноќ (на викенд, на одмор).
Мајки сакам да земам пумпа па се мислев за медела рачната, но гледам на лококроко има и електрични со приступачни цени што ми препорачувате искуства?
4м точно сме, бебла цица по 3 минути, и бара на секој саат ипол... Чим седнеме да цица, поминуваат трите минути и она тргнува да стане... Се напрега се витка ко кифла... Пробав и да ја подржам да ја исправам, па да продолжиме, освен ако не и време за спиење - не продолжува. И зборам и пеам, исто... Во затемнета просторија на фотељата кај што се доиме, исто... На било кое друго место, исто... Едноставно ко да има поинтересна работа... Некое искуство? Или сме во скок па ќе помине?
И мојава спие како голема хаха, заспива во девет, накај 11 и давам да јаде ама си спие, па пак накај три, четири сабајле ја хранам, и пак спие. Иначе ќе тера и без цицање ама ја сум си увртела у глава да не дехидрира... Мојава пред некој ден правеше вака исто, на три месеци и десетина дена, цела недела зафркаваше, ја и давам она ќе цицне и трга глава, ме гледа и ми се смее, гуга, ја ја терам бутам цице, ќе е лижне и пак исто,,,,за недела и помина, сега не прави така (за сега)
И јас и давав првите пати во 4,5 ама и реков на докторката што правам и ми рече: Остај дете да спие, какво будење!