Интересно звучи ова. Како го успиваш кога ќе се разбуди среде ноќ? Како изгледа расправањето и кој победува? Заглавивме во некој циклус од 2-3 будења преку ноќ, што не било случај до сега и не знам како да го успијам брзо освен со доење
Фала ти, ке пробам. Пие да, многу пати се молзам и одма го пие, само за вака ко ќе не сум дома неможамм млеко да му оставам, уште цица на секој саат немам кога да соберам, а и ќеси купив за замрзнување А и лажливка нејќи веќе, праи фаци се гади од неа. Пробај смени друга цуцла на шишето. Овој па не заспива со друг освен во мене да е, татко му си дојде после 3недели, седи, се смеј, гуга ама да заспие во него нема шанси, само за мене да е залепен на лице и заспива јас па тоа се чудам како ќе се заспијат, ама ќе му го најди чарето тогаш сега јас сум тука па не се мачи многу
Брзиот одговор е плачење. Ќе плаче колку ќе плаче, и ќе презаспие. Долгиот одговор би било дека треба да се развие асоцијација за заспивање настрана од јадењето, без разлика дали е доење или шише. Многу тоа го прават со нишкање, што јас лично сум многу против. Цуцла е најлесна опција, второто ми е со цуцла, првото на 4мес почна да цица палец. Ако имаш бебе што внесува пример 300мл млеко преку ноќ во 2 или 3 станувања, а вкупно цел ден пие 700-1000мл (ова би било бебе што не јаде цврста храна), нема наеднаш да го научиш. Јас се водам по книга за sleep training. Сите ситници не можам да ги набројам, ама идејата е дека се воведува дневен ред и со тоа добиваш еден подолг циклус на спиење, пример 21ч до полноќ. На полноќ кога ќе стане правиш се што се може да не цица. Теоретски се пролонгира цицањето пола саат. И така со секое станување. Со примеров ако имаш бебе што цицало 5 пати ноќе, од старт ќе биде 4 пати. После одредено време се навикнува на тоа, моето искуство вика 3-5 дена. И сега ти спие 21ч-1ч. Пак купуваш време, уште пола саат. Еднаш ќе се посреќи па и ќе презаспие скроз, па си ќарила уште 1 саат. Само строга рутина и цицањето се укинува (со второво ми требаше околу 10 недели од 4 цицања ноќе додека да стигнеме до ниедно, со првото околу 6 недели). Паралелно се зголемува внесот на млеко преку ден, и бебе нема потреба од храна ноќе. Тоа не гарантира дека нема да се буди, зошто најчесто цицањето е повеќе утеха него храна, особено кај поголемо бебе. Сега на 8ипол месеца, малиот сам си ја наоѓа цуцлата низ кревет и си ја става во уста. Првото дете што цицаше прст не ја ни приметував дека станала зошто одма фаќа палец, овој знае да проќенка додека брка цуцли по креветот. Не дека немало моменти кога ќе направам се како што треба и пак ќе се разбуди бебето, ама цицање нема. Единствено ова правило не сум го почитувала при сериозна болест (малово имаше пертусис летово, па на секои 2 саата го доев, ама еве сега е затнат скроз и пак не цица. При вадење заби или температура нема потреба да се внесува плус храна, јас нудам вода во текот на ноќта ако мислам дека има потреба од течност) и на одмор (првото дете дома спиеше по 10+ саата со месеци, ама на одмор реши на секој саат да се буди и мислам дека апсолутно нефер е да малтретирам цел смештај. Првата ноќ дома пак спиеше од 21ч до 9 сабајле). Спојлер: Disclaimer И на крај, пред да се разврзе дискусијата на темава, тренинг за спиење не е за секого, а бебето не е гладно оставено, несакано, негушнато или не знам што. Јас не можам да спијам во кревет со бебе, не можам да функционирам со бебе на цицка нон стоп, и за мене доењето не е пресвето нешто. Тренингот е една од најдобрите работи што сум ги направила во улога на мајка за мене, а ако јас сум поодморена, тогаш сум многу подобра мајка за моите деца.
Тешко е ова изводливо сестро кога во 3 сабајле ќе вришти за млеко и ја плука цуцлата ти гледаш само како да поспиеш и да го заќутиш не викам дека нема ефект али напорот...
Тешко е, дефинитивно. Затоа почнував толку рано, додека сум на породилно. Да треба да станувам 3 пати ноќе и да одам на работа... стварно не знам како функционираат некои жени, алал да им е. Јас првите 3 месеца со првото дете ништо не се сеќавам, заради скршениот сон. Кога стигнав до само едно станување во 5 сабајле, па на крај и ич, се преродив. Тешко е, ама верував дека ќе биде подобро. Не знам колкаво ти е бебето, ама има голема улога тоа. Не е исто да ти вришти бебе од неполни 3мес и од 8 на пример. Овој мојов на 8 мес јаде 5 јаболка на ден, само овошје тоа, а каде се житариците и месото и зеленчукот и млекото... дефинитивно не му е дојдено до цицање. Пак ќе речам, прво денски треба ред и рутина. И си има правила, кај мојот педијатар на ѕидот имаше табела колку мл му треба на едно новородено (700-900 во 24ч). Ако ги внесе од 7 сабајле до 9 вечер, нема да станува зошто вришти за млеко. 1000 други причини може да има, ама нема да биде од глад сигурно.
Проблемот со доењето е што не знаеш колку испил преку ден. Иако е мирен после секое цицање, може е во скок па му треба повеќе. Вечерва не добив ни мин. со цуцето Кога ќе почнеме со храна деф. ќе пробам да го истренирам ако продолжи будењето на 3ч.
Здраво Да споделам лек за болни брадавици. Станува збор за болка на брадавицата која ми се јави после неколку недели доење (не онаа почетната болка). И додека доев 10-20мин. болката беше константна и јака исто како на почетокот. Докторката ми препиша: Белогент, микробакт и канестен маст. Мешаш 1/3 од мастите во посебно кутивче и се мачкаш со измешаната смеса 3 пати на ден. Ми помогна уште со првото мачкање. Се надевам дека ќе помогне и на некоја друга мајка. Поздрав
Јас знам колку пие дека се молзам пие 150мл на секој 3 часа о навечер исто. Неделава реков ќе му давам преку ден на 2 часа да видиме дали ќе има промени навечер ако му зголемам млеко и пие по литро на ден и не пак по исто и навечер се будеше за млеко значи не е дека менува млекото нешто туку навика му е на 3 саата да јаде. А и со цуцла спие не е до цуцлата. Едноставно некој бебиња се такви и ќе си станува да јаде навечер освен ако немаш живци да го тренираш да трпиш плачки по пола саат дур се успие.
Имам разни шишиња и цуцли: авент, чико, бејбинова, Нук и Бејбилов.. фаќаше све првиот месец.. па после престана од мене да пие (јас ако и давав, шанса немаше, од друг пиеше), а сега веќе ни од друг не пие, од ниедно шише. Може да се занесува и лигави и да испие 20тина мл. Неколку пати по 100+ мл истураме и срце ме боли, затоа не и молзам веќе... Изгледа дома ќе можам да ја оставам со друг, тек каши кога ќе јаде Исто и лажливки имам куп разни. Последно Бибс и земав и за тоа срце ме боли, како катапулт ја плука лета
Јас зедов на мам шише тоа ми одговараше на пумпата па среќа го прифати, а цуцлите исто 5-6 вида дупли ги имам џабе, тој палецот си го цица Пробај и адаптирано шо велиш можи ќе сака.
Probaj so cuclata na Medela Calma, imitira grada, bebeto bas treba da napravi vakum i da cica, za da ne se odvikne od grada. Tvojata cim tolku saka da cica mozebi ke se pronajde kako mozes da dois na 2h i da se molzis plus sekoja ti cest
И авентов е таква, сама не тече... и доста мек силикон е.. ама цице сака. Молзам само по потреба (како саботата за на пазар) и тоа молзам сабајлечки, навечер немам толку за молзење Имам и замрзнато, па ако знам дека треба некаде да одам ден уназад и вадам од тоа. Ама еве неколку пати фрлам.. Не купувам веќе шишиња, нек цица само...
За таа па Медела калма срце ме боли што плеснев 1600 денари за џабе на почетокот. Толку реклами, препораки само таа за да не се одвикне од цицање. Колку голема и долга цуцла има, неприродна само што ја лизна и дојде нагон на повраќање, да не ја види. Џабе фрлени пари
So it's a thing Значи пресмешно е... Како ти станува среде ноќ, онака се напрега асално со стенкање и прдкање?
Мајки, дали Хип чајот треба да се пие уште пред пораѓај? Кај и да е, треба да се породам, а така прочитав на упатството.
Мајки конечно почна да цица бебе и плус на дохрана сме додека да надојде млеко. Е сега на едната града денес си цица без проблем а на другата плаче не сака. Имам млеко сигурно и на таа затоа што додека го доев на другата оваа си прокапуваше. Мислења?