Можеби ќе му биде на некој од корист, па да споделам. Вчера бев и на доктор за температурава, и имам црвенило и стврднато на тоа место. Значи изгорев од температура неколку дена - 39, 39.5, 39.7... Ми рекоа да ја испразнувам/испумпувам скроз градата, на 3 ч редовно. Да ставам ациди борици, пред доење/пумпање топли облоги околу града. Јас имам едни како компресивни гел подлоги што се топлат во микробранова. Масажа под топол туш, со кружни движења кон ареола. Масажа со млеко за тело пред и по измолзување. Исто, лист од зелка ми рече докторот. Ставањето бебе на града, и deep latch техника. Ми рекоа дека со тоа бебето само ја масира градата, и превенира запушување на каналите. Е сега, кај мене температурата не се спушта за жива глава, денеска ми даде и антибиотик. Меѓутоа не смета во доењето.
Не фатив мастит, ама во болница премногу ми надојде млеко и ми се правеа камен, буквално пред мастит, ги осеќав градите како почнуваат да горат, и некако и мене почнуваше топло да ми станува. И почнав да ги масирам со кружни движења, пошо друго е сама коа ќе фатиш, боли ама си имаш осет себеси како се масираш, за разлика од сестрите што цицка ќе ми откорнеа, за да видат дали имам млеко, не сакам ни да знам како би било да ме масираат. Сакам да кажам дека премногу ми помогна масирањето, течеше млеко по мене, коа масирав, болно беше ама баш градите ги омекнував и тоа убаво и наеднаш прекинуваа да жежат. Сакам да кажам мене масирањето многу ми помогна, кружни движења накај ареола, па да споделам. Се надевам ќе ти помогне и тебе.
Јас до пред некој ден вриев ама не мерев температура сигурно сум имала дека имав треска и се препотував преку ноќта ставав зелка мислам дека од тоа минсе смири само што сега детето не сака да цица од таа града а веќе и другата ми спласна како да снема млеко и тие два дена сега писка на градите и бега, се тегне. Страв ми е да не снемам воопшто.
Поздрав мамички! Во болница сум, 2 дена откако се породив на царски. Се уште немам млеко, по неколку точки почна вчера колострум и со стискање малку на левата само. Градите ми се тврди и поради тоа ми моментално имам термофор на мене кој ми го дадоа сестрите. Исто ми рекоа да се истуширам сега со топла вода и масажа. Пробав уште од првиот ден колку да фаќа, да стимулира, но ми рекоа дека брадавиците не ми се доволно испакнати, бебе си бара, цуцка а нема од што да трга, па ајде си купив од авент силиконски. Ја ставам на градите наизменично со силиконските, си цуцка, трга, посебно ко ќе е побудна инаку џабе ко ќе е поспана, и цел сат да ја држам. Прво на градите па после ѝ даваат дохрана по 20 мл.Бебимил. Сега сестрата ми рече дека ќе треба да купам пумпа(електрична најдобро). Знам дека треба трпение. Страв ми е дали ќе имам доволно млеко..или воопшто. Ова со пумпата значи дека нон-стоп ќе треба да пумпам или?
Честитки за бебуш, лесен опоравак, и ти посакуваме успешна доенечка приказна. Немора да значи дека ќе се пумпаш цело време, доволно е на почетокот за да ти ги извлекува брадавиците пумпата и да си олеснуваш кога ќе ти се преполни.
Не се секирај, со царски покасно надоаѓа млеко некогаш. Ќе дојде, имаш млеко чим капе од града. Ќе стимулира бебе и ти со пумпа и ќе надојде убаво. Не се секирај.
Здраво мајки, Се породив пред две недели царски, ми надојде млеко уште вториот ден но после две недели изгледа не доволно. Во болница уште вториот ден имав трески и ми надојде. Бебе беше ок во болница. Ми дадоа препорака мајчино млеко и дохрана по потреба. Се е тоа супер само што мојов е мрзлив за цицање и сака повеќе да спие на града наместо да цица од мене. Па приметувам веќе последниве неколку дена дека немам доволно млеко во градите (не ги осеќам градите како што ми беа на почеток во болница). Се молзам со пумпа ама вадам само 20мл вкупно од двете. Не знам колку е нормално да вадам првиве недели? Пијам и од чаевите за доилки, капсулите за доилки ама џабе… Бебе добро напредува. Бевме после 4 дена од болница на педијатар ми кажа да ја зголемиме дозата на АД прво на 60мл. Па сега на две недели преглед имаше качено 350гр. Даден совет од педијатар сабајле и преку ден да му давам да цица, а навечер дохрана 90мл. Меѓутоа како што спомнав погоре бебе сака да спие на града наместо да цица и е гладен нон стоп. Вришти ако го префрлам во креветче. И цело време малку повлекува од града и пак спие. И така во круг со саати му работи стомачето цел ден, никогаш не е донајаден. Имаше и многу грчеви па добивме капки од педијатар, му се намалија. Но, Еве денес ни АД неќе да пие а не ни цицаше премногу. Приметив и дека шишето Филипс натурал респонс не ми го сака баш, зависи од расположение. Сменивме и големина на цуцла од 2ка на 3ка. Го чува млекото во уста и го плука, а со НУК за новороденче бидејќи му тече побрзо знае да го испие цело млеко. Веќе и две вечери со ред не спие навечер а ни преку ден. Не е ни тој наспан а ни ние. Не успевам ни да јадам во денот од што ми е во раце цел ден само за да не плаче. Не знам што да заправам, не можам да му фатам некаков ред со храната и мислам тоа го мачи и затоа не ми спие. Пробав да ја добијам и Јасна ама некако не ми е достапна и не можам да ја добијам. Не знам кај да побарам помош. Како воспоставивте вие некаква рутина за мрзливковци како мојов што не знае да цица? И да што да правам да ми надојде некако млеко?
Да пробаш со вештачки брадавици? Мојата така фати, да и заспива на цицка пак. Иначе нормално е со царски така да тие со млекото, измолзувај се, и нека цица ќе стимулура. Мојата од што имаше жолтица така и беше цело време поспана, да не има жолтица уште?
Најди си удобна фотелја или клацкалка стави перница и мека цица бебе. Или да пробаш во легната положба да го доиш. Јас би ти препорачала да не пумпаш, да не зголемиш лактација, па да си направиш друг проблем. Мое мислење штом не сака Ад да пие, значи не е гладно. Од поголемите цуцли им тече побрзо па и не може да го плукне и да сака. Напорно е првиот месец, а можеби и два. Ама после ќе биде многу полесно. Ами грамажа што ја качил е доволна. Некои бебиња се такви, сакаат да си нанат на цице.
А што сте запнале со пумпиве ако бебе цица и влече? Никогаш во ниеден момент не измолзив повеќе од 20 мл (тоа дури и беше многу), а млеко имав за извоз. Беба беше крофна, само на цицање до скоро 6 месеци, а беше бебе што буквално макс 5-7 минути цицаше и толку. Следете мочкани пелени, ако има повеќе од 6 во денот бебето супер си прима храна. И педијатриве не ми се јасни. Од една страна нека цица, од друга страна дај му дохрана. Заследете ја и доење со љубов на инста, жената е членка и на форумов и баш има објаснето убаво за тој момент прво цицање па дохрана. Значи и да е убаво нацицано детето, пак може да си пие ад ако му понудите. И баталете тие бози, пива, сокови вештачки што ни 1% немаат јаболко. Доењето е на принцип побарувачка- потрошувачка. Да првиот месец е тежок додека да се воспостави лактација, ама после градите ви се меки затоа што лактацијата е воспоставена и има толку колку што бебе бара. А тоа значи дека некогаш ни 5 мл нема да можете да одмолзите. Само добра хидрација и бебе на града. Толку. И моја препорака има еден чај во билна, мислам дека лактамиксот е таков состав, само ова се посебно ќеси. Јас си мешав и си собирав во тегли и имав за скоро цел месец. Помага многу и за грчеви.
Само шо заврши 4тиот скок таман си го врати редот за спиењето сега нејки да цица од ко ке стани од спиење ако не му дадам одма во првата минута после нема шанси, ќе пишти ќе гладува ама нема шанси да цица, и ко ќе му се спие исто прво да заспие па полу заспан ќе цица Фаза ли е шо ли е? Нејќам да се одбие млеко имам многу
Кај мене кога дојде патронажната пред да ми ја стави на цицка ја расоблече цела, по боди само беше. Ми вика како нема да ти спие на града си ја наоблекла, топло и е и се успива. Пробај и ти така, чепкај на ноџиња, голицкај да се размрда. Мене исто Јасна многу ми помогна за да фати да цица асално, буди упорна да ја добиеш, пиши и на Инстаграм плус. Инаку мора да најдеш време и да јадеш и да поспиеш. Мене кога ме виде Јасна немав спиено три дена воопшто, бледа, гладна кома. Ми рече како млеко да ти надојде ваква. Под итно помош да си најдеш ми рече, ќе оставиш бебе на маж, на баби ти да одмориш и да јадеш.
Кажете ми вие кои вежбате, дали после вежбање се измолзувате и тоа млеко го фрлате? Имам прирачник тука од Систина што ми го дадоа и таму така советуваат, па ме интересира ваше мислење.
Ја вежбам и прв пат слушам за ова Скоро 6 месеци е бебе, вежбам од 40 дена. Супер цица и напредува. Не знам за ова доењево што да мислам веќе. Нема гаранција дека детето ќе има подобар имунитет а сите задоволства во животот да си ги забраниш. За алкохол ќе разберам ама сега и вежбањето некој да ми го комплицира, не давам
Е ајде де и јас тоа викам, од ова скрати од она скрати на раат и за вежбање не можам да бидам Инаку за вежбањето ова не од сега и порано ми имаат кажано доктори дека се излачува млечна киселина во млекото кога се вежба. Дали може да го смени вкусот на млекото или нешто друго прави стварно ме знам, затоа тука прашувам.
Млеко-млечна киселина, не гледам проблем Нема заурдено да излезе сигурно. Бебето нека си реши дали му се свиѓа вкусот или не
Девојки дали додека доите јадете цитруси и киви? Некаде прочитав да се одбегнувале, јас каснувам по една мандарина или кива на ден не сум забележала некоја промена...
Да не знаете силиконски брадавици со помали дупчиња за помал проток на млеко? Не можи да цица од што му надоаѓа наеднаш многу, фатот му е катастрофа и се дави кашла се полни воздух и цел ден така се вртиме во круг... Него му е болно и по цел ден плачи,веќе сум очајна да му поможам. Или да знаете консултант од Битола бидеќи не е за онлајн работата,мора да види во живо. На килажа е добар, за нецели 2 месеци над 2 кила има качено.