Се друго сум јадела без проблем, ама мандарините на двете деца им правеа црвенило на газето. Ако кај твоето нема промена, јади си слободно. За се мора да пробаш и да видиш дали ќе има некаков ефект.
Јадам се од овошје, само јаболкото го лупам, така ми рекоа. Не гледам проблем од било кое овошје, киви па колку сакам по неколку наеднаш можам. Од зеленчук само правам рестрикции, гледан од зелка салата ми плаче повеќе, а цвекло, грав , брокула избегнувам целосно.
Па веќе во првата недела имав млеко. Бебе почесто на града да цица... колку повеќе цица толку повеќе млеко надоаѓа... ова е клучно. Инаку кога се толку малечки бебињата и немаат баш сила да цицат, па заспиваат и по тоа имитираат цицање на града а уствари не цицат, спијат си. Затоа си сака упорност, повеќе течности венсување и најважно бебе почесто на града.
Го дојам на два саата, а на 6 саати ад млеко и доење… сеуште не знам колку млеко имам. Ќе го мери педијатарот задутре, па ќе каже дали ќе преминеме на доење со само две дохрани. Некогаш цица без проблем, некогаш заспива на града, па морам да го расонувам и нудам со молење… го будиме ноќе за цицање, исто и денски ако му е време за цицање. Не знам како е правилно, дали само да си стане и заплаче за млеко? Или да го будам ако му е време за јадење? Мислам цел ден дека само тоа правам. Дали ако е стварно гладно само ќе си побара? Страв ми е ако не го будам дека гладно ќе остане.
@snowwhite.24 На муабетот дали да го будиш за цицање ќе добиеш различни мислења и од мајки кои ќе зборуват од сопствено искуство и од педијатри. Едни велат бебе гладно само се буди, други велат додека се мали знаат да се заспијат па да прескокнат подој. На крај сама ќе си одлучиш, а најдобро е да се водиш по тоа колку ставило бебето на килажа . Јас будев бебе кое патем ако го оставев преспиваше цела ноќ. Затоа аларм на три саати, а како растеше се поквалитетни беа подоите ( во смисол активно цицаше а не да ми заспива ) тогаш започнав да будам поретко. Секако тоа е период кога се ептен мали бебиња и се заспиваат навечер подолго, или заспиваат во сред подој... Понатаму следи период кога и сами се будат, грчеви, заби... па града ќе нудиш и како причина за смирување и утеха на бебче.
Ќе го будиш на 3 саати макс првите месец дена или дури не ти каже педијатар, на почеток може да не се буди и ако е во хипогликемија. Мало желудниче имаат и побаруваат често хранење, и максимум да го надоиш пред спиење не може тоа да му е доволно за преку цела ноќ. Плус, на тој начин го проверуваш во тек на ноќта.
Jas isto, koga da se izmolzam bidejki smetam deka gradite se uste polni imam 10 ml, a bebe napreduva vo tezina...a koga vikas cicalo samo po 5 min, toa bilo aktivno cicanje so goltanje ili se ligavelo na grada? Moevo cica 5 min i neke da zine posle navistina ne mi e jasno kako napreduva.
Bebeto mi e dve nedeli ,go dojam.. Ama po celi denovi e na grada samo otvara usta da cica ke cica ke zaspie ke go stavam vo krevetce i odma otvara usta...Znae da podzaspie na nekolku pati po dva saata obicno koga e izbanjat i nacican..Inaku e celo vreme na grada a gradive mi se celo vreme meki..Na pedijatar go nosev napreduva sega vo sreda sme pak...ama ova po cel den sto e na grada me istostuva..nisto nemozam drugo da napravam...
Како растеше мислам 5 минути беа со некој фрлен поглед на страна да види што има околу неа. И напредуваше супер. Првите недели траеа подолго подоите затоа што ми заспиваше од жолтицата. Пумпа никогаш не е мерило за тоа колку млеко има. И баш затоа се чудам што сите трчаат купуваат уште пред пораѓај.
I moeto bese taka po 20 pati na den placese za da cica. Period e nekoi bebinja sakaat poveke pati da cicaat po pomalce. Mnogu malo e ke pomine nekoe vreme ke pocne na podolgo vreme da bara za cicanje
Период е поминува, и моето беше така на почеток. Супер е тоа што напредува, ние по цел ден на града ама повеќе од месец не напредуваше, со жолтица и многу тешко се будеше за јадење. Претешко ми беше ама не се откажав, ќе се среди како ќе расте сега сте ептен на почеток.
И моево е 4месеци, имавме многу тежок стресен период. Земи си ЛАКТИЛ таблети, јади високо калорична храна од типот на месо, риба и чорби, многу чорби. Давај се почесто на бебе да цица, млекото се произведува во градата кога хипофизата ќе добие стимул од бебето да цица. Убаво намести го да има deep latch, не му давај АД пред цицање, нити чај.
Не би требало, треба да е злато жолта што и да јадеш ти. Зелената столица е знак дека е гладно. Ако е многу мало, до 1 месец нормално е да има таква столица, се чисти. Ако е поголемко значи и треба повеќе млеко.
Здраво вчера ги почнавме саб симплекс капките против грчеви и еве веќе 24 часа не е какана. Дали може да има запек од нив или не е поврзано?