Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.540
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    На мајчино млеко ограничување нема. Така ми кажа Јасна кога беше кај мене.
    И 100 мл можеш да даваш, доколку имаш.
     
    На Зеленоокатаа, snowwhite.24 и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    900
    Пол:
    Женски
    Секое бебле засебно. Доколку е бебе задоволно, смирено и спие. Двојно му е.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    216
    Po kolku casa gi ostavate bebinjata da spijat noke bez cicanje? Dali toa vi vlijae vrz kolicinata na mleko?
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Добро ја не знам како да не се правиме лом додека цицаме.. имам млеко повеќе од што може да испие и обавезно пушта низ пиење од уста, а не се трга да може ќе се удави на града…лакома е. Секое доење ние мора да се пресоблекуваме, бидејќи сме утоп. Ставам лигавчиња се, ништо не помага. Дајте некое решение, стварно ми е мака, таман заспала ја мора да ја дрнкам да ја пресоблекувам зашто сме лом.
     
  5. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ставај мали тетри или какви и да имаш под градата и накај бебето како лигавче, и малце молзи се пред да цица. Истото ми се дешаваше , и неколку месеци беше така, касно ми се регулираше лактацијата мене…
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Ставам.. пропушта низ се. Кога ти се регулираше? Ние месец ќе правиме сега.
     
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    13.415
    Пол:
    Женски
    Тетра пелена на другата града и под таа што цица, бамбус крпче под вратот на бебето. Мислам дека првиот месец само крпи со млеко перев. Ќе се стабилизира со време.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Какво е тоа бамбус крпче?
     
  9. Anchita

    Anchita Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ох сиг накај 5,6 месеци кога беше. Ама кај сите е различно не се секирај ќе се среди
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    13.415
    Пол:
    Женски
    Крпче мало, 20х20см, од бамбус. Како мини тетра пелена, малце подебело е и многу меко.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Ноќта ни е ден денот ни е ноќ. 4 недели сме, од синоќа почна да не тресе грозница, се напив парацетамол, ми помогна, сабајле пак исто. Мерев температура 37.3 имам, можам ли да ја дојам? Само на мое млеко сме, знам парацетамол смее, ама сега заради температурава, ми е страв да не и пренесам нешто. Мислам дека од неспиење и нејадење ми падна имунитетот, ама заради висок хемоглобин ми ги скратија сите суплементи на некое време, следна недела сум на преглед, ќе правам и крвна слика за да видиме како ќе биде и хемоглобинот, зашто се распаѓам од премор.
     
    Последна измена: 9 декември 2024
  12. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја доиш и мене ми се случи неколку пати, напиј се парацетамол ќе ти помине. Барај помош дати помогне некој тешко е на почеток
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Ми помагаат, ама ја дојам, се измолзувам.. плус не спие навечер.. мака мачиме, по 6 саати око не сака да склопи.. не е секој ден ама некад ја фаќа вака, и дека ништо не примам си падна имунитетот.
     
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    7.429
    Смееш да ја доиш, без гајле.
    Пробај истуширајте ја, нахрани ја и не ја будејте за да јаде. Ти направи си аларм на 3 ч за да се измолзиш само, и пак легни си. Па кога сама ќе стане, сопругот нека го затопли млекото и да и даде со шише. Ти да се одмориш и поспиеш. На телото му треба одмор и сон.

    П.с. можеш парацетамол, бруфен. Јас заради висока температура, ми рекоа два парацетамола да земам наеднаш, и пиев на 4 ч парацетамол. И пак можев да ја дојам.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Многу е лакома, и кога цица и коа пие од шише лом се прави.. и кога ќе ја избањаме цела вечер не спие.. кога и да ја бањам, вечерта око не склопува… не знам стварно како да не се прави лом, пробав и со советите да ставам тетри, прлени и сл, она наоѓа начин се тоа да го истурка и пак лом. Молзев по 250, сега 180.. почнувам да се загрижувам за млекото.. од еднава града помалку имам, а имав исто од двете. Мислам нервно оболев веќе, ми е криво на толку млеко да се префрлиме и со адаптирано, не дека тоа не чини, ама апла имам. Ќе пробам се, се надевам ќе успеам да и сменам и биоритам и со млеково да се средиме.
     
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    И мене не ми спиеше тој период дури и по 8 саати, на крај сфативме дека само на меше сака да спие ама дека многу мала не ја остававме во креветче, спиеше на мене или на мм и јас заедно со неа спиев по неколку саати. Пробај да спие до тебе, на тебе и ти да поспиеш и таа
    Зошто се измолзуваш? Може си пишала претходно немам прочитано
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Зашто не сакаше да фати града воопшто, па ајде фати со вештачка па ја отфати… па ајде моја фати.. па ја отфати па сега пак со вештачка сака.. и само се молзев за да јаде. Не ми помага ни парацетамол.. ме искина глава и грозницава не поминуваа… не знам ни од што е, немам излезено од дома…
     
  18. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Да не имаш грутка во градата? Од тоа фаќа грозница...провери ги убаво да не е тврдо некаде. Ако ти цица на вештачка кога ќе почне после некое време тргни ја и нека продолжи без неа. Сега има повеќе сила за да влече може ќе си фати да цица. Кога ќе се роди потешко им е пошто и млекото е погусто. Пробај Јасна викни ја дома да ти помогне...
     
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    7.613
    Пол:
    Женски
    Немам грутка.. тоа е проблемот, се проверив… мислам дека ми се насобра се, и ова е резултатот. Еве мерев сега 37.5, иако сум пиела парцетамол…
     
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    7.429
    Мојава кога ќе ја искапеме и јаде, се комира. Гледам последно хранење да е околу 12-1 навечер, и спие по 5-6 ч сврзано. Не ја будиме, бидејќи супер напредува до килажа.

    Инаку мојата е веќе една недела на ад. Пробавме се', и докторот на крај рече дека мора да почнам да пијам апчиња за да престане млекото, оти ако отиде на полошо ќе треба операција на градата да правам.
    Ми беше тешко, ама тоа е. Млеко во изобилие, ама и температура над 40 константно, на инфузии одев... Градата не можев веќе ни да ја гледам од што беше тврда, црвена, жешка.

    Не се стресирај, ама биди внимателна со температурата. Масирај ја под топол туш градата од која ти е поднамалено млекото. Ако малце осетиш топло, ставај листови зелка.

    Јас трауми имам од доењето и млекото искрено. Мислам дека за следно дете уште во болница ќе побарам апчиња за прекин на млекото. Низ што поминав периодов од тоа млеко пусто... Многу ми е жал што морав на ад да ја ставам, ама од кога ми прекина млекото, се вратив во живот мислам.
     
    На WhiteCat33, marrisa, BellaBibi и 2 други им се допаѓа ова.