Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Не знам, мислам како притисок осеќам цело време само да ја дојам… патронажната.. педијатарот, докторката матична. Јас буквално веќе скренав, ми се одмили, кај лом се правиме, па мора на секое да се пресоблекуваме а таман заспала, и ајде ќе се расони, и ајде пак дреми уште два саати не сака да спие… пробав и со измолзено навечер, оке е ама џабе деновиве не знам што и е, само петокот и саботата спиеше убаво и само еднаш се разбуди ама одма заспа, претходните денови… не полуде, по 7,8 саати неспиење навечер. Не знам стварно, претешко ми станува, ако продолжи вака ќе се префрлам на ад. Нит јадам, нит пијам, нит спијам ко што треба… и еве на крај, температура…
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    7.435
    Грчеви да нема? И даваш капки?
    Ние прво биогаја и дававме, ама некако не и се смируваа грчевите. Две-три вечери по ред не заспиваше од 4-5 наутро, будна по 6 часа.
    Последнава недела дена не даваме веќе биогаја, туку бејбитол неонате, два пати на ден во млекото. И секој ден по 20 мл чајче на хип, приквечер тоа. И термофорче навечер. Драстично и се намалија грчевите пу пу, и баш убаво си спие.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Нема грчеви, имаше на почеток малку, ама и прекинаа, фала му на бога нема. Ние даваме Диастоп бејби, тоа ни пишуваше во картончето на испис. И нормално к1и д3 и омега3 на бејбитол. Педијатарот не ни додаде ништо. Во среда сме пак на преглед, ќе видам што ќе каже.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    187
    А да земиш од оние мушамите како наметки што се со ракави, обично за поголеми бебиња се кога почнуваат да јадат, ама ќе и ги протниш рачињата и од мушамата нема да и пропушта. Ова чисто како идеја, сега се сетив.. а за грозниците најв хормонски се, и јас ги имав првите две недели, додека се регулира млекото, сега само се препотувам навечер жива вода и крпа ставам на градите за спиење оти буквално како кофа некој да има истурено врз мене станувам..би требало да поминат сами од себе, не се секирај ќе се реши се.. јас некогаш за да не ја предлекувам со фен дувам, што да правам, полесно ми е. За спиењето најверојатно ги има помешано денот и ноќта, гледај да не се преморува, нека спие на тебе ако треба, мојата така заспива веднаш од близината и топлината, имаш многу профили на инстаграм на консултантки за спиење, јас читав кај mamina_spavalica, многу ми помогна, отвори може ќе ти помогне за регулирање на спиењето. Со лесно мајка :l:
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам премногу:l:
     
    На lala15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секираш дека е на АД. И јас така фатив двапати мастит, плачевме и двајцата на доење. Он не можеше да фати, јас од притисокот и од коментарите на сите плачев зошто не можам да го надојам. Се молзев ама џабе. Па уште имав и коментар дека бебето ќе ми биде мирно само ако е на града. Едноставно психички не можев да се поднесам и тоа е многу полошо за бебчето да има вознемирена мајка. На крај испадна дека му требало млекце антирефлуксно и без крајви протеин. Кога сменивме на АД бебето ми се смени на многу подобро и си спиеше и беше веселко.

    @Feniksgirl мислам дека @mariz имаше премногу млеко и може да ти даде некој совет како се справи со тоа.
     
    На Lady Miami, mariz и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    7.435
    Што се' не направив. Масажи на милион начини, одев во Систина плус да ме масираат педијатриски сестри. Разни облоги, антибиотици, инфузии... А јас со температурата 40 цело време и треска, по цел ден се' ми се вртеше околу доењето. Пукнав.

    Пред да почнам со апчињата, си поплакав на последното доење. Ама тоа е... На сила не бива. Не можев да ризикувам да дојдам до степен да мора и операција на града, а само на полошо одеше.
    Сеа е на АД, ама барем сум многу подобра и можам да се грижам за бебето и низ дома.
    За мирна има и други начини. Цуцла не сакав да давам, ама сега помага многу.
    Така маж ми ем од дома работење - нема слободни денови повеќе, ем за бебето и мене се грижеше, не знаеше на каде да фати.
     
    На Lady Miami, mariz, Liza38 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Не сум читала што мака точно имаш... Тоа ти е превише млеко за бебе од 1м да вадиш, особено па ако доиш. Контактирајте ја Јасна, мора да го поднамалиш млекото. Бебе ти цица од предно млеко цело време најверојатно зошто имаш многу млеко... мора да стигне до калорично за да се засити. Јас кога го регулирав, да речам дури и намалив.. бебе почна златно жолта кака конечно да има. Она супер напредуваше и со предно млеко само, ама беше на секое на цице.. како недојадена. Јасна кога ме виде колку млеко имам... (јас мислев така е нормално) рече одма да прекинам чаеви, апчиња Лактил, да не молзам, само да цица. Мене бебе партал ме направи од што беше на секое на цице и од што се давеше во млеко не фаќаше како што треба. Кога веќе исфрлив чај, апчиња и молзење на почетокот бев многу загрижена дека градите не ДУПЛО, тродупло омекнаа смалија и веќе преку ден не можев ни 40,50мл да измолзам. Но тоа не значело дека немам, тоа е веќе нормална количина во гради од кои бебе цица. Само сабајле имав повеќе да молзам (дека бебе ја спие цела ноќ од 1м и бев препуна сабајле). Сега градиве ми се преполовени од тоа што беа на 1м, меки, а бебе цица, кака златно жолто, спие, напредува супер. Консултирај се со Јасна обавезно и моја препорака батали пумпата веќе, нека цица бебе само. И немој да си ставаш во глава дека ако ја префрлиш на ад ќе биде полесно... Полесно од ова нема, само да се фати ред. Еве патувавме шетавме споен викенд, ништо не носев со мене. А беше гладна, храната е со неа на изволте :D
     
    Последна измена: 9 декември 2024
    На WhiteCat33 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  9. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Дали е океј после 4 месец нагло да се скратат подоите? Бебе цица 5-7 мин од една града исто толку и од другата :| Мочка многу, бљуцка 2-3 пати дневно по малце, ама пак ме загрижува :x
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Ти загрижена што по толку цица од двете во еден подој :D Мојава цица една града толку во еден подој :lol: Таман си се 10-15мин цицање. Мене и првото и еве третово за 5-7мин нацицани се, од една града само... едино кога и се спие, дреме на цицка после 5-7мин активно цицање. Ама буквално како лажливка си цуца (дека толку веќе од лажливка, не фаќа никаква).
     
    На angel4444 и Lady Miami им се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Не сака да цица кога спие, никако уста не отвара да фати цице. Каките и се таква боја цело време, си како неколку пати дневно и си почни пелени. Супер напредува, ама кога спие ја будиме на 3 саати, така ни кажа педојатарот, за да јаде, шанси нема да и дадеш да цица и морам измолзено. Исто практикувам навечер измолзено, да може маж ми сам да ја почува и среди. И да може да не зависи скроз на мене, да може некогаш да завршам некоја работа да ја оставам и да ја хранат. Вадам многу млеко, сега овие два дена се поднамали, ама кога цица има, со молзење на 180-200 стигнав. Прееска 120, со тоа што еднава града имам болка а немам грутки, и не извадив многу млеко од нејзе. Претходно бевме само на измолзено и се молзев често, сега два три пати колку да имам резерва, иначе почнав да ја дојам, одвај фати, мрзлива беше. Кога се доиме лом се правиме, зашто повеќе млеко и тече и сме жива вода и на секое мора пресоблакање а таман задремала. Не знам што се дешава со млеково, и градиве помеки ми стануваат, знам дека меки гради не е идикација дека немаш млеко, ама малку ми е страв да не снемува. Пошо се намали измолзеното. Па кренав и температура и грозница, а еве градата нема грутки, само ме боли еднава и помалку млеко измолзев, ја масирав и така ајде да не е нешто, џабе нема што да разбијам, мека е. Здравје немам веќе со млеково, стварно се пореметив, на раб сум да се префрлам на адаптирано со тешко срце. Колку зима таа Јасна? Контакт нешто да и пишам.
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    По ова што кажуваш, превише млеко имаш. Чим така и тече и лом се прави, плус што те тресе грозница и болат градите... Бебе цица, а ти мнооогу млеко вадиш, многу е тоа. Или или е работата, не можеш и да молзиш и да цица, ќе збрлавиш, крајот нема да знаеш каде ти е... а веќе и си збрлавена. Јас сум со 3 деца и милион обврски, се стига ако си го организираш времето. Молзам сабајлечки ако треба некаде да одам или вадам од замрзнатото кое го молзев претходно. Маж ми е од сабајле до вечер на работа, плус ги носи децава по активности (секој ден некаде се). Мачно е молзењето, па особено и ако цица. Нема да знаеш дали да молзиш, дали да цица. Градите знаеш какви ми се сега? Меки, премеки, нит течам нит протекувам како претходно, да земам да молзам преку ден од двете макс 60мл вадам... а бебе од 8+ кг ми е само на доење, на такви гради. Меки гради и неможноста веќе да се вади со пумпа толку млеко не е индикација дека немаш млеко доволно за твоето бебе. Јасна доаѓа дома, зима 1200ден. Мене премногу ми помогна. Мене струи на секое ми доаѓаа низ гради, течеа, бебе исто шмљаташе и течеше од уста, брадавиците ми ги направи лом дека површно ме цицаше (дека градата пуна бомба и она немаше потреба да лапне убаво, тоа течеше ко лудо само што ќе ставеше она усте..).

    Инаку бебе мое од 1м ја спие цела ноќ. Не ја будев навечер. Надокнадуваше преку ден... ти навечер будиш?
     
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Не ја будам навечер, кај нас денот и ноќ, ноќта и е ден. И не ја будам. Преку ден ја будам и не сака да фати цице од што е кома. Ја будам на 3 саати да јаде. И морам измолзено да дадам, зашто не фаќа града кога е поспана. Цица со вештачки, не ја фаќа мојата, ја фати еден период после ја отсака и на вештачки сме пак. Еве измолзев 180 сабајлево одвај, еднава града што ме боли цицаше она сабајле, прв пат не се направи лом, ама пак не молзам многу од нејзе, премеки ми се градите. Не знам дали може да е мастит а да нема грутка… не знам дали го снемува млекото… на толку нервози. Не знам ни дали полека почнува да се спроведува лактација. До сега супер напредуваше, ќе видиме утре на педијатар што ќе биде, зашто неделава бевме со плус доење. Ќе ја контактирам Јасна, сакам да знам дека се сум пробала, па ќе видиме како ќе биде.
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Ама не ми е јасно, вадиш 180мл и мислиш дека е тоа малку? те боли градата зошто бебе цица колку што треба, а ти и стимулираш повеќе... и сега она нема исцицано од таа града ти колку што вадиш и затоа те боли.. (мое мислење). И пробувај на сред цицање да и тргнеш вештачката, јас така успеав за еден ден да ја научам на мојата града да цица...

    Навечер да не и даваш молзено млеко од сабајле? Тоа сега со третово го дознав... дека млекото сабајле и навечер е различно. За да спие убаво и треба покалорично млеко, а навечер е такво. Плус и мелатонинот е зголемен во ноќното млекце...
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      115,4 KB
      Прегледи:
      26
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Не, ме боли од вчера, и температура кренав и грозница имав, а нема грутка. Не знам што е со градата одвај и измолзев од нејзе. Не е малку ама молзев по 250, и сега наеднаш 180 одвај, затоа и ме паничи. Не цица цел ден, 5-6 пати дневно цица, преку ден спие многу, не можеме да се разбудиме и тогаш давам измолзено, значи преку ден давам неколку пати и измолзено. Иначе да или сабајлечко е или од пладне, зависи кога сум се измолзела, чувам во фрижидер, веќе и не знам кое од кога е. Од вчера кога ми се деси ова со температурава и грозницава од болкиве во градава не молзам многу млеко, и кога цицаше од таа прв пат не се направи лом, за разлика од сите пати претходно. Затоа веќе не знам дали се спроведува лактација, дали ми снемува млеко… дали мастит имам… не знам ни како да цица преку ден коа е успана така.. за да тргнеме измолзено.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Дали е океј кпга цица од едната града другата да не тече? Не ни осеќам ништо ми се вратија у нормала градите(мали) и меки се мноогу а кпга ќе се стиснам тече и он слушам дека влече и голта 10м е
     
  17. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Normalno e jas na pocetok samo so vloski za gradi bev sega ne koristam. Imas mleko taman si e
     
    На KikiKviki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.240
    Допаѓања:
    76.254
    Пол:
    Женски
    Нормално е. Мојава е 4м и од скоро не ми тече така. Едино сабајле кога имам премногу млеко знае да протече... или ако помине повеќе време за цицање. Сабајлево цицаше од лева, десна протече малку. А сега моментално цица од десна, не тече левава.. ниту струи немам веќе како што имав и не го осеќам секогаш оној јак млаз кога надоаѓа млеко при цицање.

    @Feniksgirl мислам дека ти се воспоставува лактацијата. Видете како напредува, викни си ја и Јасна..
     
    На KikiKviki и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Ја контактирав, ќе дојде. Тие струите и кај мене почнаа, немав на почетокот.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.445
    Допаѓања:
    1.181
    Пол:
    Женски
    Pisi sto ke kaze Jasna
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.