1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    1.037
    Пол:
    Женски
    Можно ли е левава града да има многу помалку млеко од десната? Исто ја ставам и на двете, но еве сега и беше ред на левата, осетив надојде млеко како ја фати и за кратко време пифтија ми стана и гледам влече но не толку интензивно и не голта толку. Ја стснав вака шприцна млеко, значи има. Се тргна, ја ставив на десната страна и слушам убаво си голта и си цица. Што да првам не знам, како да ги усогласам градиве?
     
  2. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    208
    Kako ja kontaktirase? Jas ja barav na Instagram ama bez uspeh.
     
  3. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    208
    Знам за жени што едноставно не добиле млеко, но можно ли е да имаш млеко, а да се намалува се повеќе и повеќе после 2.5 месеци? Се правам, али веќе не е исто, не можам да го вратам доењето во нормала :(
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.235
    Пол:
    Женски
    На инста и пишав, ми врати. Пиши и пак.
     
  5. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    Измолзување после секој подој? Или да не имаш сменето исхрана? Да не внимаваш на линија? Јас морам мнг да јадам месо, јајца, калорична храна за полни гради. А кога исфрлив леб и благо, иста приказна беше. Очигледно морам се да јадам.
    Инаку после 2.5 месеци стимулирав лактација за да поминеме на ексклузивно доење.
     
    На kozuf и merriel0 им се допаѓа ова.
  6. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    208
    Искрено, немам што да измолзам, бебето цица се, до фаза да има капки млеко или многу спор млаз и пишти од нервоза ..не сум на диета никаква...ти како успеа да стимулираш ? Сегде читам, мора да има, колку повеќе цица повеќе ќе има, ама моето искуство не е такво...
     
    Последна измена: 10 декември 2024
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    1.282
    Пол:
    Женски
    Издржи, јас бев исто до втор месец, во 6 сабајле заспиваше, животот ми се сведе на доење... Сега не ни осеќам дека дојам, не размислувам на тоа воопшто, а дојам по 12-15 пати на ден... Веќе од трети месец заспива во 21ч, се буди за цицање 2-3 пати, цица 5 минути, презаспива одма, грчеви нема, така да ќе се вратиш во нормала за кратко време, само треба да помине периодов.
     
    На Mother of 2boys, Lady Miami и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  8. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    И кај мене беше така, како да намали а ад зголемивме на 3 флашички со шанса да зголемуваме повеќе.
    Инаку молзев почесто, си направив некоја шема, зошто од што немаше млеко тој на саат време пиштеше, дури го средам, заиграм, пак во раце. Навечер обавезно молзев, тогаш и имав најмногу млеко и читав пролактинот е највисок ноќе. И power pumping ама тоа нередовно баш. И мислам дека отворањето на каналите да надојде млеко го истренирав со пумпање. Мојот синко почна убаво да влече дуриннекаде после 3 месеци. Исто пиев Lactil, сеуште пијам Hipp за доилки и од тој од кај Стојанови чајот. Црвено месо обавезно јадам во денот, дури ке си издинстам посебно за навечер или ужина, зошто приметив дека без тоа мнг слабо млеко имам. Доручек варени јајца, хумус, повеќе протеини... храна и пумпање, тоа се два клучни фактори ако бебето не влече убаво.
    Сега сме на доење, со понекогаш измолзено од предходна вечер и чат пат сум дала ад.
    Од овој линк читав доста:
    https://huckleberrycare.com/blog/milk-supply-3-months
    Едит: со power pumping молзеш и на празно. И јас мислев нема што да се молзе ама од две три капки, сега пред спиење вадам 40 мл. Не знам колку цица тој, но напредува.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.679
    Допаѓања:
    174.606
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl ела девојче да те гушнам и да ти дадам еден совет. :hug: Сите сме биле таму кај што си сега ти. Со прво бебе, се ти е фрустрација, преувеличено, потешко од што изгледа. Хормоните не ти се средени и дополнително ти отежнуваат. Ама сега ти си во позиција да ги свртиш работите. Постојано читам колку притисок им се прави за најразлични работи на новите мајки и верувај нема коментарите да застанат со доењето. Ти сега можеш да си го смениш мајндсетот оти си многу на почеток и да го прифатиш она што ти се случува како нормална фаза, што и е. Да почнеш да филтрираш мислења дури и кога се со добра намера не значи дека се најдобрите за тебе. Па вклучително еве и моево. :)

    Утре ќе те тресе треска со две мали деца, ќе се откажеш од едното за да си олесниш? Нема. :) Знаеш колку трески допрва ќе има ама нема да се откажуваме. Имаш млеко за извоз. Намали со измолзување. Само бебето да цица. Многу овде ќе прочиташ дека доењето го обвинуваат за сите фрустрации што им се дешаваат, ама факт е дека само треба да се организираш како и за се друго понатака. Викни помош ако ти треба. Ако не мажот. Ти ќе спиеш, тој ќе ти носи бебе да надоиш, па ќе продолжиш да одмараш. Ништо друго не е битно моментално освен ти и бебето. Не мора да си гладна. Маж ти ќе ти направи сендвич и ќе ти исцеди сок, можеш да доиш и да јадеш во исто време. Или ќе ти направи сендвич, врап и што и да е и ќе ти остави во остави во кујна да си земеш кога ќе треба. Или ќе ти свари супа. Ќе ја сркаш над тенџере, па што. :) Трески и мастити фаќав со двете деца, со второто имав грутка цела недела никако да ја решам ме исцрпи. Ама бебе со маж, јас под туш неколку пати на ден, и менував листови зелка по цел ден и цела ноќ. Евентуално се среди. Јас не знам некоја што не поминала низ тоа помалку или повеќе, не си сама. :hug:

    Како бебињата што имаат мајлстоуни, така и ние. Со секоја потешка фаза која ќе ја поминеш успешно, ќе си додаваш по една цигла самодоверба во мајчинството. Ќе има секакви фази и луѓето се склони да се качуваат над глава и да ти прават потешко. Филтрирај се што ќе сметаш дека не е добро за вас и ти влијае негативно, фрустрирачки и демотивирачки особено за работи во кои ќе сакаш да успееш.

    Имаш млеко, бебето очигледно цица фино и стимулира топ. Само бебе на града е доволно. Ништо друго не ти треба. Две доев и наскоро трето. Никогаш не уживав ништо посебно во тоа, не си прави притисок дека мора да е нешто особено филмски. Исто како што не уживав да не спијам по цела ноќ или да мијам каки нон стоп. :) Едноставно е најдоброто што можеш да го понудиш и е рутинска работа како и менувањето пеленка.

    Не се плаши. Млеко имаш. Не секнува млеко преку ноќ. Тие муабети не само што не се точни туку и се тотално демотивирачки. Се додека постои соодветна правилна побарувачка, ќе се создава млеко соодветно потребата и побарувачката.
    И во краен случај, ако не добиваш доволно поддршка, тука е ад. :) Во меѓу време, нареди перници околу тебе, бебе на гушкање во раце и омилената серија на тв. Жива и здрава да е девојката. :)
     
    На WhiteCat33, MikaV, Mother of 2boys и 25 други им се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.235
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советите и убавите зборови.:l:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl драга моја целосно те разбирам. Доењето е толку исцрпувачки за телото па кога и ќе се помеша и со неспиење и најадење доволно квалитетна храна значи пропаст за нас. Имунитетот ми е нула да ти кажам неможам веќе полудувам. Пред месец ме тресеа грозници со 30 проливи на ден се исцедив две недели не ме пушти па млекото ми се намалува цела дехидрирана сум а морам на него да мислам се измолзував 1 саат да му направам доволно да има од што ми беше намалено ... Бев у систина ма инфузии и антибиотици. Никад до толку болна ме сум била. Еве живнав малце и вчера пак ме поврати пак проливи пак тресење.. малиот ми е 5 месеци ама ова со млекото е неиздржливо секоја чест на тие мајки што уживаат во доењето.. јас се мислам да прекинам од 6-7 месеци не се издржува више морам да си го вратам здравјето.
     
    На PoisonIvyFatale, marrisa, Lady Miami и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    640
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Јака ти душа што и волку си истрпила на овој начин. Гледај си го здравјето и најбитното: среќна мама = среќно бебе... Јас на твое место не ни би чекала, ако бебе ти прифаќа шише и АД. Со лесно :hug:
     
    На Giiirl23 и Lady Miami им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.235
    Пол:
    Женски
    Ти испраќам гушки, и те советувам да се гледаш и себе, како што пишала членката, среќна мама-среќно бебе. Ако ти е веќе волку мачно префрли се на АД, знам дека не ти е сеедно, ама битна си и ти. :l::hug:
     
    На Lady Miami и dead.flower23 им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.218
    Пол:
    Женски
    Си пробала ли до сега ад да дадеш? Ако се навикне само на твоето, нема да сака друго млеко... од искуство една од другарка.. Барај си решение, мора да си олесниш. Со каква пумпа молзиш?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Не сака АД пие ама малку се лигави повеќе..а и имам притисок за на мое да биде од маж ми , мајками , свекорот...само ми викаат издржи уште мал е греота бил ќе се рсзболувал..
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.235
    Пол:
    Женски
    Јас се консултирав со Јасна, сега беше. Мислам што ја слушав само камен од срце ми падна и ми олесни, уште одма мислам доењево ми е полесно. Пробај консултирај се, да не мора да се молзиш вака, да ти помогне полесно да ти е доењето. Те молам не слушај никој од нив, ти си знаеш најубаво.
     
    На Mother of 2boys, FarfallaBlu, marrisa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. dead.flower23

    dead.flower23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Касно е мајка 5 месеци да фати града сега вришти кога и да пробам требаше одма да ја викнам Јасна али сега касно.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.235
    Пол:
    Женски
    Ништо не е касно. Викни ја.
     
  19. Monas95

    Monas95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Се измолзувам со електрична пумпа и мах вадам 20-30мл како да вадам повеќе ми треба за итни случаеви да ја оставам дома, иначе сме само на доење и бебе супер напредува?
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.206
    Допаѓања:
    7.235
    Пол:
    Женски
    Јасна ми рече да се молзам пред секој подој, по 30-40мл, и тоа да го соберам денес и да си го замрзнам, па вака, коа ќе имаш момент да излезеш, ќе го извадиш и оставиш да го хранат кога нема да си дома.
     
    На PoisonIvyFatale, Monas95 и sani99 им се допаѓа ова.