Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Женски
    Ти го разбирам потполно притисокот, истото и мене ми го правеа. Ама со последниот мастит и кога ми рекоа да прекинам внес на млечни производи и јатки едноставно не можев повеќе. И апсолутно не е точно тоа со разболувањето.
    Само мене не ме замараа со разболувањето дека во фамилија се докажа дека не е така.

    Еве имам од сестра внука нема пробано мајчино, 10 години еднаш антибиотик има примано и тоа за заб. Во градинка редовна, не се разболуваше. Помалата внука беше само на мајчино 2 години, цело време е болна.
     
    На Lady Miami и merriel0 им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    И јас ова ќе го потврдам. Мајка ми ме доела 2 месеци само, после бремена останала и и прекинало млекото. Од трет месец сум строго на кравјо млеко свежо, баба ми чуваа крава. Прв пат во животот пиев антибиотик сега кога фатив мастит, на 29 години. Ниту сум боцкана, нити сум била болна како мала. И брат ми иста приказна е како мене, малку е доен бидејќи тргна на факултет мајка ми.
    И сипаници кога имаа сите во школо, нашите намерно не оставаа за да ги прележеме како мали. Ама ни сипаници не поминавме ни јас ни брат ми. Температура како мали сме кревале само забите кога ни излегувале.
    Така да не е воопшто мерило тоа.
     
    На Lady Miami, Bettina23, marrisa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Сонце мислам дека не ти е доцна да ја викнеш Јасна, сигурно ќе најдете некое чаре ако ти си спремна да продолжиш.
    А ако сакаш да престанеш ни маж ни бутур нема право врз твојот избор за твојата среќа и твоето тело, твој глас е тоа. Тек па свекор и свекрва.
    Бебиња и на оризова вода пораснале. Не е репер дека нема да се разболува ако е доенче до 6 7 месеци.
     
    На Lady Miami и kozuf им се допаѓа ова.
  4. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.211
    Допаѓања:
    7.423
    Јас бев вака, и го прекинав млекото со апчиња. Не се гледаше спас на друг начин. Исто инфузии во Систина, антибиотици. Јас температура 40 константно, не делуваа ни апчиња да се спушти. Раната од царски незаздравена. Периодот ми беше мизерија ужасна. Немав сила за ништо. Ни бебе можев да држам, ни пресоблечам.
    Ми беше жал за бебето што морав да почнам со ад, ама се преродив искрено. Така да, што и да си одлучиш, не се замарај ич што другите ќе кажат или мислат. И на бебето му е потребна здрава и свежа мајка.
     
    На Lady Miami, Feniksgirl, marrisa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Дали кога се молзиш пред секое доење го собираш во едно шише од целиот ден? Или треба во посебни ќеси?
     
  6. FarfallaBlu

    FarfallaBlu Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира истото, и јас макс вадам 20-30мл. Имам пробано само после подој зошто бебево цел ден е на града. Јасна ми рече дека е одлична количина за после подој но, некогаш немам ни 5 мин и после подој да се измолзам зошто бара само во раце да го држам, неќе ни во креветче, ни во мм. А ми треба за ноќе кога млазот ми се намалува и тој вришти секоја вечер.
     
  7. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.386
    Пол:
    Женски

    Ќе потврдам и јас,јас сум порасната на адд,прв пат во животот инфузија на пораѓај примив,и кога ќе се разболам стално на нога поминувам,значи болна баш оноа болна не се сеќавам да сум била.Првото мое дете исто порасна со адд,еве да не подречам е супер,има јак имунитет,знае да настине нормално ама како мене е веројатно и многу брзо и мине.Мажот ми цицал па имунитет катастрофа,цело време по болници бил,инфузии и ден денес е таков.Млеко снемав од притисок од свекрва ми и золва ми.Плачев од нив.Наместо да уживав во тоа они толку притисок ми вршеа,а јас млада 22г бев.Сега чекам да се породам во секој момент со второ,уште во 5ти месец почна да ми зборува дека детето треба да цица,тоа било најубаво,најпаметно нешто,викам добро,ама сега сум повозрасна се надевам нема толку да ми влијае.Не сум против доење,не сум против адд.Ако доењето оди како што треба да,и мајката треба да е добро.Јас за првото мислев цица така ми кажуваше свекрва ми,супер е цица,а тоа на града цел ден ама не цицало,се сеќавам завршивме во болница скоро па дехидрирано и прегладнето бебе.
    Немој да имате грижа на совест ако не цица бебе,затоа постои адд и не е ништо лошо,а бабите нека си зборуваат и онака само за тоа ги бива..
     
    На Mother of 2boys и LadyR им се допаѓа ова.
  8. Daniiii...

    Daniiii... Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2020
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Majkii denes malata cicase vo 10h sabajle, dali utre posle 16h moze da i dam pak da cica ili da ja odbijam? Vecerva spie so dedo i baba a jas sum sabajle na rabota.
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    7.558
    Пол:
    Женски
    Да во едно шише ми рече Јасна, и после ќе си го замрзнеш.
     
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.959
    Допаѓања:
    5.287
    Дека помага во имунитетот доењето, помага и тоа е научно докажано - антителата од мајката и други имунолошки фактори одат во млекото и бебето прима ко антисерум.
    Два пати прележавме тежок ковид со мм, еднаш ко имаше син ми 4 месеци и уште еднаш на година ипол.
    Синко помина со еден ден Т до 38, ние изгоревме со температура до 41, со болки во мускули, грло, најлоша настинка во живот.
    Ко го фаќало стомачен само цицал, исто лесно поминувал.

    А дека има врска отпосле во животот не знам, јас сум доена 2 години па нон стоп бев по инекции ко дете.
    Ама дека штити во тек на доење штити - тоа е неоспорен факт.
     
    На KikiKviki, mariz, Liza38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека е касно, на моја братучедка бебето фати града на 5ипол месеци, до тогаш беше на молзено не прифаќаше АД. Знам дека секој ден го ставала и од еднаш почнал. Друга работа, не можам да ја разберам потребата од притисок за доење посебно кога е од блиски што секој ден се со тебе. И кај мене пробаа од прв ден ама си кажав да не ме замараат уште одма. Моја беше желбата, се мачев 2 недели ја викнав Јасна и ми помогна многу. Да не беше така одма ќе дадев АД. Побарај си консултација од стручно лице, тоа како било пред 30 години кога они чувале деца завршило. Нормално дека ти правиш се што е најдобро за твоето дете, ќе правиш како ти мислиш, ти си мајка. Сепак треба да мислиш и за твоето здравје, и да си олесниш. И да одлучиш да даваш АД нема да бидеш помалку мајка, еве моето е само на доење и се разболува, секој вирус од братучед му од градинка и он го фати.
     
    На mariz и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Тазе молзено само треба во посебно шише, не се меша млеко тазе молзено со тоа во фрижидер. Мораш посебно да дојдат на иста температура и потоа да ги споиш...


    Јасна да не беше, јас незнам што ќе направев. Месец ипол доев и плачев. Преголема желба имав само да дојам, дека со второто си се зезнав... и 2000 напори направив да успеам. Кој доживеал крвови и дупки на брадавици... знае што зборувам... Јасна ме спаси. Успешно еве 4 месеци бебка е само на доење. Немаме никаква мака веќе добри 2 месеци. Многу беше тешко првите 2м. Све живо сум баталила тогаш, одмарав често (тоа е многу битно), пиев 2 тона течности, видеа се изнагледав... Не е лесно доењето на почеток. Чим ги поминете тие 2м, после веќе ќе биде лесно. Веќе ни саат не гледам, нит сум се загрижила што левата ми била помала, што струја не ми дошла одамна, што не сум протекла, што ми се меки премеки градите...

    А инаку да, правило нема за кое дете поздраво ќе биде. Машкото ми беше само на доење... многу поболежлив од сестра му (она беше на комбинирано до 5м, после 5м на ад само). Он до ден денес има и проблем со стомак, сеуште недијагностициран точно со направена и колоноскопија и гастроскопија...
     
    На kozuf, Lady Miami и FarfallaBlu им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    7.558
    Пол:
    Женски
    Ова Јасна ми го рече, без проблем дека можам да ги мешам. И јас се зачудив и она кажа кој ти кажал дека не може. И еве ги мешам ама ова ми рече дента што ќе молзиш, цел ден денес да го спојам. Немало никаков проблем. Тебе кој ти кажа дека не смее?
     
  14. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Смееш да ги споиш, но мора иста температура да се. На пример сабајле што си молзела ти е оладено во фрижидер. Молзиш на пладне, ставаш во фрижидер во посебни за да се олади иста температура ко сабајлечкото и потоа ги спојуваш.
     
    На jasna0305, Feniksgirl, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.389
    Допаѓања:
    13.385
    Пол:
    Женски
    На секој сајт на тема чување млеко така пишува. Смее да се мешаат, само да се на иста температура. Значи кога молзиш лево и десно, автоматски ги мешаш во пумпата, двете млека се топли. Ако имаш едно млеко во фрижидер (од истиот ден, или претходниот, небитно) оладено, и сакаш да го измешаш со ново топло тазе молзено млеко, прво новото го ставаш во фрижидер да се олади, после ќе ги измешаш, па ќе ги замрзнеш.
    Логиката е дека еднаш стоплено млеко не се лади пак за чување. Ако ладното млеко од фрижидер го измешаш со топло, го грееш делумно, па после пак ќе го оладиш кога ќе го вратиш во фрижидер. Ќе расипеш се што има здраво во него. Јас и за нашата храна се држам по тој принцип, еднаш згреана храна ако не се изеде не ја враќам пак во фрижидер.
     
    На Feniksgirl, merriel0 и mariz им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.234
    Допаѓања:
    76.246
    Пол:
    Женски
    Може да, но како што ти рекле другиве... Сигурно и Јасна на тоа мислела, може не си ја сфатила. Можеш различно измолзени да споиш, ама да се на иста температура изладени...
    Јас пример стаклено имав ставено во фрижидер. Ако молзев наредно или вадев со хака пумпа, ги оставав во тоа што сум молзела да оладат и после во стаклено ги префрлав. Само моето млеко многу калорично (high lipase milk) и по одмрзнување мирисаше на сапун, пластелин итн и имаше и таков чуден вкус (бебе не го сакаше) и веќе не замрзнував така. Туку молзев, греев на шпорет до одредена температура и го замрзнував (само тазе молзено може вака). И вака не мириса, нема чуден вкус.. по одмрзнување е исто како тазе да е молзено.
     
    Последна измена: 15 декември 2024
    На Bejb15, Feniksgirl и merriel0 им се допаѓа ова.
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.410
    Допаѓања:
    7.558
    Пол:
    Женски
    Може не ја сфатив, добро немам премногу. Едно шише само ми е, ќе го фрлам.
     
  18. Elly989

    Elly989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    216
    Ti blagodaram na odgovorot. Jas primetiv deka od mrsna hrana imam poveke mleko, ama pa patam od visok holesterol, i ne znam sto da pravam bas :( dali se molzese so elektricna pumpa? Jas imam racna pumpa na Chicco ama mislam deka se frleni pari, so svoja raka poveke mleko mozam da izvadam.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KikiKviki

    KikiKviki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2023
    Пораки:
    947
    Допаѓања:
    953
    Пол:
    Женски
    Jas sum meshala i od frizider i od pumpica,mazh mi go probuvashe sekogash pred da gi pie beba i nema gajle site kesicki se potrosija
     
    На Lady Miami и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  20. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Ако рачната не е соодветна тешко дека со електрична би било значително подобро. Најверојатно не ти одговара инката. Ако најдеш инка што ти одговара тогаш и со електрична и со рачна добро ќе вади. Јас вадам многу малку со стандардната инка од 24 мм, а повеќе со помала инка 21мм.