Моево бебе сака да си подригнува на сред доење. Таман ке фати да цица и се тегне, се трга, се витка, не можам на града да го вратам. Дури не подригне, цело време е во раце и нема легнување. После подригнат па и недоцицан ок му е. Па пак од почеток.
Ништо имав бактерија и една недела немав доволно и по саат се пумпав за 130 едвај и од пред некој ден оздравев и почнав да јадам повеќе и еве денес ко камења се прв пар волку
Имам млеко, и во болница цицаше и после и даваа дохрана. Еве сега цицаше од двете гради и заспа, аптамил не сака за жива глава, не можам да ја разбудам
Нека е жив и здрав бебушот има за јадење Јас не знам колку имам пред цицање. Се расипа пумпата, ја заменив. Ама не пумпам зошто тој си цица цело време, спие мирно. Се буди ноќе, некогаш почесто, некогаш поретко, зависи колку брзо ке заспие дури цица. Ваљда сме ок. Јадам овес и спанаќ секое утро, приметив дека има влијание да не снемувам во вториот дел од денот. Ова ке биде прв цел месец без ниту една флаша дохрана. Минатиот кога преминувавме на доење напредуваше 700 гр. Едвај чекам сега да видам. Буцко е вакани весел е. Се обидувам да не мислам само да дојам.
Знам овесот дека зголемувал али ич неможам да го поднесам. Јас на месо сум повеќе мислам дека од тоа ми е млекото. Само да почне да јаде сакам више да ја фрлам таа пумпа. Среќни сте вие што не ви цица навечер детето. Мојов изгледа има аларм у стомакот и дење и ноќе макс 3 часа и јаде.
И јас не сакам ад да му давам. Ама плачеше. Еве вчера беше се супер. Си цица 20мин бебе. Денес повторно ми се случува истото и баш видов дека за неполни 10мин ми ги испразни градите. И влече се нервира плаче. Па, во консултација со Јасна дадов чај бекутан. Иначе си направивме ред бебе си цицаше на 3 до 4часа. Сега не ми се полнат убаво градите за тие саати....не знам што се случи....многу сум тажна. П.с постојано сум со вода и чај хип 3 пати на ден. Денес купив и таблети за лактација.
Цело време... се изнамачивме до 5м и од тогаш на ад само прејдовме. А еве имам трето и не прави така, само на доење е веќе 4ипол месеци. @Lilly. Покрај течности, храна која може да помогне (црвено месо, овес), јас пробав еднаш демек да не вечерам за да намалам кг и одма приметив дека сабајлето сум слаба со млеко и преку ден ќе висеше бебе на цице... обавезно доручек, ручек и вечера, доста калории одат и за бебе..
Ќе се наметнам во друга конотација, дали од спанаќот имаш приметено промена во бојата на столицата на бебето?
Мајки, дали пиете витаминска суплементација додека доите и што ? Бебе е 3 месеци, до сеа пиев премама исто како и во бременост па се мислам дали да продолжам или да земам нешто поединечно.
Мене ми препишаа исто да пијам, Сидерал фолик, и хемоглобинот плафон ми се крена.. никад во живот не ми се десило тоа, и под итно ми ги прекинаа.. и сега правев крвна слика, 160 ми е, не знам дали да земам пак. Некако сакам да си земам суплементи некои, а ми е страв пак да не ми рипне многу.
Чим спие најадена е не и треба дохрана, гладно бебе не ти спие. Нека си цица редовно, следи дали си полни пелени не ти треба дохрана, немој да ја прејадуваш тешко ќе и е.
После секое доење спие минимум саат ипол. Еве сега од 8ипил до 9 цицаше и заспа, еве уште спие.. а за цицање да ја будам ли навечер или сама ќе стане?
Јас сама си продолжив со премамата никој ништо не ми кажа, а крвта ми беше ептен ниска после породување и железото 4, па пиев дополнителна терапија за анемичнпст ама само 1 месец и сеа ми е ок, железо 11 и хемоглобинот во граница.
Абе сега ко бевме за вакцина докторката ми вели чекај да проверам ресичката под јазикот каква му е дали му се среди, се зачудив и велам а шо му е јас ништо незнам никој ништо не ми кажа и ми вели а не добра е, и пак и велам не ми имате кажано ништо до сега и та си поќута, си реков шо се збуни женава, ама сега па ко шо кажваш ме замисли јас борби водам со него за цицање, шетам по соба за да цица, плачи ако го дојам седната вака не, вака да не ви беше? И дали можам да заприметам сама дали е во ред?
Па супер е значи таман и е, јас првото го будев на два саати едвај се будеше сирото, сега ми рекоа да не го будам тој па ко навиен на два сати сам се будеше Почекај 3саати максимум нека поспие ако не бара ти разбуди ја.
Пиши на гугл tongue tie. Може да е скроз до врв фатено, а може и да е помалку... ова на сликава е највеќе (од гугл ми е), но има и каде е помалку од ова и сепак да смета. Не можат да го вадат јазикот колку што треба ако е врзано јазичето. Кај второто мое детенце беше доле малку, а горе имаше и lip tie, ама тогаш никој не ми рече дека може е тоа проблемот...
На син ми беше вакво, скроз фатено, душиче. Го сецнавме на три недели, ама требаше уште порано, за да фати да цица