1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Женски
    Не бе тој го вади меѓу вилица и го гризи, забите се кај нас сепак, а шо виде таа незнам.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    Па не. Жолта е каката цели време. Може чат пат позелени некои точки, ама не нешто ептен различно.
     
    На LEA24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    На почетокот сите ја имаат онаа физиолошка жолтица (и да не е нешто видливо жолто бебе), па затоа се успани. Буди ја навечер на 3,4ч, не ја оставај повеќе да спие. Мојава мн спиеше, ама накај 3,4 ја доев заспана и после накај 6,7.. Ако цицала 21ч, накај 12ч сум и давала ама фаќаше и заспана да цица. Патем жива, здрава и голема да расте :inlove:
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    Железо, јод 200микрограм задолжителна препорака од патронажната и повремено вит Д. Некој месец пиев некои мултивитамини за трудници, сега само желзо и јод.
     
    На LEA24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.386
    Допаѓања:
    1.134
    Пол:
    Женски
    За што е јод? Железото треба да де проверува, ако р над граница не треба да се пие цело време
     
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.345
    Допаѓања:
    3.594
    Пол:
    Женски
    Потребите за јод се поголеми во бременост и за време на доење за да се овозможи правилен раст и невролошки развој и на фетусот и на бебето.

    СЗО проценила дека околу 20 милиони луѓе имаат пореметување на менталните функции као концентрација, памтење, учење поради недостаток на јод при бременост.
    Нашево поднебје е познато по недостатокот на јод во нашиот организам.

    Железо примам затоа што сум анемична.
     
    На снежана2023 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    873
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Мајки, првиот ден кога не пуштија од болница спиеше денски многу убаво. Вечерта стануваше на саат време за цицање, се засекирав дали е прегладнета. Вчера дента имавме дома помош малце се олабавивме. Е сега некогаш цица на саат време, некогаш на два, зависи од цицањето. Ноќеска спиеше од 9 до 12 и нешто, па од 15 до 1 до 3 и 15.. после стануваше на саат време и после спиеше убаво од 7 до 9 сабајле. Многу кака на секое менуваме пелена и мочкани се на секое. Утре сме на контрола, ама кажете ми од искуство дали е ова океј, многу се плашам дали е најадена. Еве сега сабајлево цицаше од 9 и 15 до 9 ипол, ја легнавме малце беше будна си гледаше, си заспа сама и еве уште спие
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Одлично е, бебе цица кога сака и колку сака. Чим полни пелени, супер е. На два саати цица макс, тоа е одлично, јас морав да ја будам бидејќи беше поспана од жолтицата.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.055
    Породени со царски после колку време ви надојде млеко убаво?
    Денес 10ти ден, едвај по 20мл до 30мл да извлечам со пумпа (уште е жолтеникаво и погусто), бебе 90% е со шише воопшто не сака да фати и влече, се лути, гребе, плаче, ако и стиснам и капне малку во секунда ќе фати и штом сфати дека не тече како што сака одма се лути, а од шише влече без проблем дури на моменти и баш лакомо. Течности пијам еден тон мислам и вода и сок од јаболко и овесно млеко. Земав и чај лакта микс и апчиња лактил. Не знам веќе што да направам:(
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.202
    Допаѓања:
    7.234
    Пол:
    Женски
    Не фаќа заради шишето, мене така ми правеше, па со вештачки фати одвај, па фати со мои, и коа и да и дадев шише после тоа не ја фаќаше мојата, пошо ја потсеќа на шишето вештачката и коа и да и дадев шише после со вештачки ја доев. И на крај скроз отргнав вештачки, и сега само на моја фаќа.
     
    На kozuf и FarfallaBlu им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Малку вадиш, а бебе не ти стимулира ако не цица. Џабе тон течности ако нема стимулација. Прочепкај за power pumping сесии. Иако нема да вадиш, на слабо ќе стимулираш по 1 час (ако имаш електрична пумпа). Еднаш во денот, во точен саат прави сесии.. а во меѓувреме обидувај се да цица бебе и молзи нормално како што молзиш. Се учат на шишето, полесно им е и затоа се одбиваат после од цице...
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.055
    Знам дека бебе најдобро би стимулирало ама едноставно никако не сака, се тегне, бутка со раце, се гребе, ме штипка, се вцрвенува.. Искрено мене ми е поголем стрес од што не можам така на сила. И стискам од града да потече, ќе и капне нешто и ќе поќути и си дреме така со брадавицата внатре ама воопшто не почнува да влече, ставаме со шприц додека е со брадавицата во уста за да се подлаже и почне она да влече, ама она не пак дреме, чека мислиш на готово. Некогаш кога ќе фати ја масирам и стискам градата за да се размрдаат жлездите и тогаш нешто малку ќе почне да влече ама ништо значајно, после некое време ќе се освести дека не и тече како он што сака и одма плачки. Штом го дадеш шишето скроз друга песна влече без проблем, заспива нормално и со шишето во уста зошто уште е со жолтица ама пак ќе си го испие.
    Имам електрична пумпа ќе пробам баш и со такви сесии па ќе видиме.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    10.363
    Пол:
    Женски
    На почетокот со ќерка ми беше исто, 100 предизвици, немаше жолтица, ама спиеше на града доста често. Ама јас решив ќе дојам, упорна бев и полека влеговме во шема со доењето. Од шише прв пат се напи вода на 6 месеци, ексклузивно ја доев до тогаш. Еве и ден денес ја дојам, година и скоро месец има, и не планирам бар уште неколку месеци да ја одбијам. Полесно им е од шише, побрзо тече, ама мора упорност за да се навикне ако ти е целта да си доиш.
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    1.037
    Пол:
    Женски
    Дојдено ми е време за ехо на гради. Дали смее да се прави додека се дои?
     
  15. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Слично беше и моето бебе.
    Царски бев, ми надојде убаво петтиот ден, баш кога ме пуштија дома, градите тврди, болат.
    Ајде, пробувавме, ама џабе.
    Тоа малечко, нема сила да влече, ќе почнеше, па ќе заспие, па ќе се протегнува, прозева, па ќе паузира, пак ќе заспие и се така во круг.
    Во болница научени на шише, многу полесно му е, а не ги носеа гладни за да пробаме доење уште на почеток.

    По пола саат сум го држела на града, ќе го тргнам, одма плачки. Дадам ад, се смирува и заспива.
    Џабе и храна и овес, чаеви, се пробав, ако тоа не цица, не доаѓа млеко. И се молзев, едвај 40мл вадев.

    Се разочарав искрено и ми се одмили и доење и се.
    После продолживме и ад и доење, ама многу повеќе ад.
    Кога му почнаа грчевите јаки, ич нејќеше на града, а пред да добијам, ептен се оттргна и толку беше. Месец и пол.

    Не се нервирај, ако не бива, не бива. Почни со формула и тоа е. Сигурно нема да го оставиш гладно и да плака.
    Нека се живи и здрави, тоа е најважно.
     
  16. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Да, јас бев во 6ти месец.
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.095
    Допаѓања:
    2.302
    Пол:
    Женски
    Дали кога добивте, бебето намали со цицање?
    Денеска добив за прв пат нормално крвав исцедок. Синко е наредна недела 5 месеци и последни два дена мнг слабо цица преку ден. Сега е поголем и знае да прекине за да види кој што прави, ама почна да цицне и да пушти. Не е нервозен и не се жали. Нормално си заспива преку ден, а навечер по неколку пати се буди првите саат ипол после ке заспие убаво.
    Дали мислите дека е заради тоа што добив, дали заради скокот во развој или пак заради храната што ја јадам? Дали има некој слично искуство?
     
  18. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    550
    Добив после 10 месеци и да повеќе одбива да цица тогаш, или па помалку млеко има не знам. Ама исто и скокови, заби, настинки, на се реагира моето. Пиј повеќе вода, здрава храна, нуди го, ќе се стабилизира за ден два. Некогаш три :D

    Прво да знаеш ако нема со пумпа не мора да значи дека нема млеко. Јас никогаш не извадив повеќе од 30мл од пумпа и најскапата да е, а бебе на ексклузивнп доење напредуваше кило и кусур месечно.
    Инаку исто беше кај мене на почеток. Млеко убаво дојде после 10тина дена. До тогаш не сакаше цицка пошо полесно тече од шишето. Ја земав подзаспана пред сама да побара, шишето во уста да почне да шмука и на брзина мм го вади шишето јас ставам града, и си продолжуваше да шмука мижејќи. Неколку пати така и се научи. Ама ја викнав и Јасна мереше пред и после цицање колку тежи да сме сигурни дека има млеко доволно. И ми даде многу совети и охрабрување искрено не се ни сеќавам ама ми помогна многу во тие тешки денови. Стварно е тешко држи се мајка, доењето е прекрасно ама не осеќај притисок од околината ако ти е претешко, битно да си добра ти, бебето нема да е гладно.