Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Да јасно тоа, но дека рече по малце измолуваш за да ослободиш града, па не ми е јасно тоа малце како се замрзнува, дали цела ќеса трошиш за малку или како? Него жено кажувај што правиш за толку млеко да имаш, кажи некоја цака, што јадеш, што пиеш?
     
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.699
    Допаѓања:
    7.988
    Пол:
    Женски
    Го собирам цел ден и го спојувам па замрзнувам. Ништо не правам. Морав да прекинам да пијам и чај, зашто многу млеко и Јасна ми рече прекини. Од 16 та недела ми течеше колострум, ама баш течеше не беше суво, си правев локвички на маици. И кога се породив ептен ми надојде истиот ден, морав да се измолзувам и со пумпа и рачно во болница зашто ќе фатев мастит од камен што ми беа. Само лактамикс пиев чај дома коа дојдов од страв да не снемам млеко.
     
    На Laura7 и merriel0 им се допаѓа ова.
  3. jasna0305

    jasna0305 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2024
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Да, ехо преглед не штети ништо за доењето.
     
    На Laura7 и Bella.alleB им се допаѓа ова.
  4. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Надој го, нека ждригне, па пак нека цица. Најчесто е поради тоа и затоа ти повраќа.
     
    На kozuf и Lady Miami им се допаѓа ова.
  5. MomOf2Boys

    MomOf2Boys Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, бремена сум сеуште со второ дете имам уште еден месец, сакам да започнам со подготовки за доење, дали има нешто што уште сега може да се направи за после да е полесно за лактација и за надоаѓање на млеко? Таблети или чај да почнам да пијам или со рачна пумпа да почнам по малку да стимулирам?

    Со првото дете се породив во време на корона и воопшто немав помош од никој, ниту од персоналот во болница за да почнам со доење. Имав млеко ама незнаев како да започнам и то малечко не тргаше како треба и на сета нервоза му давав повеќе АД, и пак не качуваше доволно на килажа и докторката ми рече тргниго скроз од доење зошто неможе да крене на килажа и така ми се скрати и то малку што го имав. Сега сум малку позрела што се вели и во тој дел сакам да сум успешна зошто знам дека и тогаш имав млеко но за жал сплет на околности, младост и никаква помош така испадна.

    Немам ништо против АД, детето ми е здраво и со добар имунитет. Но јас како сеуште да се обвинувам себеси за тоа, и пак несакам истото да го поминувам.

    Извинете малку подолго напишав.
    Ако има некој слично искуство и секаква помош, мн би ми значело. Поздрав.
     
  6. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.441
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно бебче од 5 месеци. Веќе 1 ипол месец сме исклучиво на доење.
    Имав млеко во старт ама се си мислев не е доволно и така сама си направив да ми намали млекото. Од 2ипол месеци пумпав интензивно за да зголемам количина. Мнг ми беше напорно ама решена бев дека ке го дојам.
    Од оваа перспектива она што би ти било најважно да се спремиш е помош. За да можеш да се посветиш првиот месец. Да си направиш може некое јадење за во замрзнувач, да се организираш за чување на поголемото дете... да можеш со помалото да ти е на града.
    Јас не бев спремна што ме чека. Малиот заспиваче на града, не влечеше убаво и се си мислев дека немам млеко а 1.300 качи прв месец. Ама незнаење и неискуство.
    Сега веќе знаеш што те чека и гледај спреми ја и фамилијата дека ке ти треба помош. И најважно од се што порано на града после породувањето. Ке биде се во ред и ке се научите и двајцата. Со лесно!
     
    На Autumn Love, Bejb15 и MomOf2Boys им се допаѓа ова.
  7. MomOf2Boys

    MomOf2Boys Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорот, сега ќе имам повеќе помош зошто нема корона па не се плашиме многу.

    Исто се одлучив за приватна болница овој пат се надевам ќе добијам повеќе внимание во тој дел.

    Сепак и ако некој друг знае некој начин на подготовка пред пораѓај слободно нека искаже мислење. Поздрав
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Дали смеам да се напијам неколку голтки црвено вино? Идат празници па да знам. Вие пивнувате по малку? Јас до сега само безалкохолно пиво пијам.
     
  9. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    10.542
    Пол:
    Женски
    Јас ќе пивнам, таман благо млеко за ќерка :D до сега си пијам бејлис, ликерчиња од кокос, по тоа сум јас, ама имам и по чашка пиено винце :d:
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.699
    Допаѓања:
    7.988
    Пол:
    Женски
    Јасна ми рече дека слободно можам, не сме роботи. Дека една чаша ништо нема да му наштети на бебето. Така дааа во петок идам на коктел.:d::d:
     
    На Cherry blossom89, Liza38 и Laura7 им се допаѓа ова.
  11. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Живели, нека ти е наздравје :) А кажи ми, имаш приметено дали некако реагира кога ќе пивнеш?
     
  12. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Леле што убавоо, леп провод 8) Како ќе се организираш со бебуш со доењево? Ми се мрда и мене, ама цица на два саати и почесто некогаш. Не знам како да се организирам, а шише и измолзување не доаѓаат во обзир.
     
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.699
    Допаѓања:
    7.988
    Пол:
    Женски
    Давам измолзено, маж ми ќе ја чува. Си пие од шише, нема мака. Фалаа ти.:inlove:
     
    На Laura7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    10.542
    Пол:
    Женски
    Фала, и на тебе на здравје кога ќе си пивнеш, и ние имаме право да се опуштиме како што кажа Феникс, за чашка не е страшно..никако посебно не реагира, сè си е исто како и претходно, си цица нормално.
     
    На Feniksgirl и Laura7 им се допаѓа ова.
  15. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    4.704
    Пол:
    Женски
    Јас си пиев пола чаша бело вино со ручекот, прочитав дека се одело во млекото прашав овде ми пишаа никако и не се напив веќе.
    А шубо си спиеше тој период, вино напиен :rofl:
     
    На WhiteCat33, Cherry blossom89 и sani99 им се допаѓа ова.
  16. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Навистина ли ти спиеше повеќе? :rofl:
     
  17. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    4.704
    Пол:
    Женски
    Да бе, минимум саат ипол му беше дремката, сега едвај пола саат :doh:
    Ќе тестирам баш денес пак:D
     
    На sani99 и merriel0 им се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Женски
    Јас пиев едно смут одкоа почнавме да шетаме тазе породена. Као млеко поише ќе сум имала, беба тогаш ич не ми спиеше ххаха од тогаш навака немам пиено ништо алкохол... Ај баш сподели...
     
  19. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    10.542
    Пол:
    Женски
    Големо чудо ако оди, не сме пијаници де :D за една чаша, јас не се ограничувам, си се частам :D реткост е тоа, ама сега за празнициве ќе си се напијам, мора да се наздрави :D плус што викаш може и повеќе ќе спие, и така ќеркава моја не е баш по спиењето :D сè што е умерено, се прифаќа, да не претеруваме е работава.
     
    На Lady Miami, flower55555 и sani99 им се допаѓа ова.
  20. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    4.704
    Пол:
    Женски
    Ќе се частиме и ние со беба обавезно овие дена :D
    На муабетов ова ми излезе
    IMG_20241226_123501.jpg IMG_20241226_123533.jpg IMG_20241226_123715.jpg
    Hе дека изтражував за да се пијанчам:rofl:
     
    На WhiteCat33, Liza38, Feniksgirl и 2 други им се допаѓа ова.