Е де нема да се начука бебето од една чаша алкохол. Па поштетен е воздухот што го диши него алкохолот што ќе го прими преку млекото. Јас си сакам да си се напијам алкохол. Ее цело лето чипс и пиво или узенце со шопска, сега џин тоник или винце зависи од расположење Не советувам дека треба да се пие, ама може да си дозволиш една чаша во неделата. Сепак секој си знае најдобро за своето.
Епа тоа е тој муабет, сè може ама умерено, и ние сме души нели, вака кога се гледам од страна, која жртва сум за неа, едвај јадам, спијам, ја дојам сеуште, се заборавив себе, па за една чашка вреди да си се почастам нема што да читаме многу, правила се за кршење
Читам муабетов и само што сакав истово да го пишам. Во крв и во млеко исто има алкохол. Пиво или вино една чаша е ништо. И тоа што јас од 2 чаши црвено вино сум пијана, па со една чаша никаков ефект не сум видела на бебе. Е сега 2 виски да мавнам на пример сигурно ќе има ефект, тоа не би правела ни кога не дојам
Па да некој пример можи и пола флаша да испие ништо да не му е ама бебе баш и нема да помини без ништо јас пола чаша и одма се осеќам зашеметена
Мајки вас кои ви спијат бебиња по цела вечер, како одржувате лактација? Се нервирам моево не ја преспива ноќта, но и не цица навечер асално. Денес дури утрово многу слабо цица и градиве ми се меки, ме фати страв да не ми се намалува млеко.
Nikako, laktacijata e vospostavena. Moevo spie, jas spijam, koga ke stanam ako sum ubavo naspana imam super mleko, poveke nego da sum se budela da se izmolzuvam ili da forsiram bebe da cica.
Супер, колку е бебуш твој? Моево е три месеци, уште ја будам на три, четири часа. Не знам дали треба веќе искрено, сите различно ми зборат. Сега вакцина кога прими таа таму ми вика обавезно еден подој во период од 00 до 6 наутро.
Ако убаво си напредува со кг, немој да ја будиш, нека си спие. Си внесува доволно преку ден. Моите не стануваа ноќе да цицаат, и пелената им беше сува. Првиот пат не стана од 10 до 2. Втората вечер продолжи до 5, третата до 7. И се јавив на матичната и ми кажа дека нема потреба од загриженост, да си спие бебе, да спијам и јас. И ја послушав, бидејќи после иде период на излегување на заби, па скокови и секако нема да спиете.
Isto 3 meseci e. Ne ja budi, neka spie. Rastat so spienjeto isto kako i so cicanjeto. Koga ke e gladna ke stane. A ti spij, noke prolaktinot najmnogu se laci, vo kombinacija so son, ke imas dovolno mleko laktacijata nema da pati, dosega e vospostavena. Tvoeto telo znae sto pravi.
Јас само падобрански да се вмешам за доење и исхрана кај мајката. Аман заман на сите тоа е муабетот, што му е на бебето од мајката му е, демек ете мајката блендер - што во стомак, тоа кај бебе. Млекото се создава од крвта и не може ако тешко ја вари желудникот зелката кај мајката, исто и кај бебе да е. Малку притисоци имаат мајките па и леб и сирење нека јадат само. Исто имаше грчеви и кога јадев зелка, грашок и слично и кога јадев лесна, лесно сварлива храна. 90% од времето дали и ќе стигнеш да каснеш нешто летечки, па и на тоа да се пази. Ете и со каши кога почнавме, демек не давај брокула, многу гасови прави, тешко е на стомак, па бебе што претходно со денови не какаше, од брокула се регулира, а нема гасови. Бебињата имаат грчеви што е нормално, им созрева системот за варење, ама некако сите забораваат дека и мајките тек породени имаат потреба од еден куп нутриенти за да надокнадат што се губи за време на бременост и пораѓај и што им се потребни да уствари, создаваат млеко.
Сакам да си во право, и јас читав слично истражување. Но неможам да се помирам со фактот кога еднаш пробав 2 лажички гравче, беба имаше месец дена, и и се осипа газето...
Може, ама како ќе знаеш од што се' може да јави тоа и дали е вистина од тоа или случајност, поготово што осип може од еден куп работи да се јави. Не те негирам, само мислам дека е преголем стрес да се мисли за секоја една работа што ќе ја касни мајката, како ќе влијае на бебе. Јас јадев и јадам буквално се', ете кај мене немаше реакција, како ќе предвидеше ти дека ќе ти јави осип? Треба да елиминираш се од исхрана?
И син ми така. Јадев грав и попладнето бевме излезени. Тој нервозен кенкаше цело време. Се помислив да не се грчеви од гравот. Ама тоа не можеш да го знаеш со сигурност ако не тестираш пак за да потврдиш. Следната недела пак праев грав. Немаше никаква реакција. Ако нешто се деси во моментот еднаш, апсолутно не мора да значи дека е баш поради тоа што си јадела. Син ми веројатно беше уморен и престимулиран претходниот пат. Бебе може да плаче и да се исфрла, а тоа да не е поврзано со храната на мајката па не си земајте толку се при срце. Кремче на газе и ќе помине. Уште нешто. Храната на мајката најмалку има врска со количина или квалитет на млеко. Правени се студии на неухранетите доилки во Африка, кои што ниту имаат чиста вода во секое време ниту квалитетна исхрана. Млекото им е со ист квалитет како и на секоја друга мајка. За успешно доење, клучот е само бебе на града. Количината и калоричноста на млекото е различна на утро и навечер. Различна е од ден на ден, од недела до недела, од месец до месец и истите исклучиво се адаптираат според растењето и потребата на самото бебе, а не исхраната на мајката. На доилките им се прават притисоци не само од луѓето, туку и од доктори и клиники и фармации. Вака да се јаде, онака да се јаде, за се нешто земи си формула. Им се создава уште поголема несигурност. Факт е дека само бебе на града и ништо друго не ти треба за да имаш млеко. Оставете ги муабетите - на бебето му треба здрава мајка, само оти што мајкава имала потешкотии на почеток да дои. Некогаш може да изгледа многу потешко од што е, особено ако поддршката цело време ви повторува “е ај сеа што ќе го мачиш и ја те пораснав на ад па супер си”, тоа не е поддршка, ниту го мачиш бебето кога му помагаш да го научи процесот за да го добива најдоброто, факт е дека е ново за тебе колку и за него и нормално е да се чувствуваш несигурно и некогаш да не оди лесно како што очекуваш, ама никој не умрел од доење, ниту се пореметил ментално. Ама и те како коментари, често само навидум “за ваше добро” можат да ве одвратат и да ви одмогнат. Гушкајте бебиња, често да се на града за да стимулираат соодведно и нема која не може да успее.
Мислам дека не постои универзален рецепт. Џабе бебо цицаше дури не почнав пообилно со црвено месо и секој втор ден јајца. Да не зборам салати и овошја, тоа секако јадам/пијам. Јас кога правам поголема пауза меѓу оброци и сум гладна (читај 3-4 саати), нема доволно за бебето, празни се градите. И повеќе млеко имам секогаш кога јадам спанаќ со месо. Може составот на млекото за протеини, јаглехидрати, антитела и вода е ист, ама количината дефинитивно не. Друго: ако кафе, алкохол и лекови преминуваат во млекото, зошто не би разложените состојки од храната? Па млекото од тоа што јадеме се прави и има мнг комплексен составоза да може да се спореди. Има случаи кога мајката јаде риба а бебето се исипува со осип карактериситичен за луѓе алергични на риба. Значи тоа млеко после риба не е исто со тоа после црвено месо. Да се сложувам дека бебето треба да е на града и да се гушка... ама нема универзален рецепт. Башка ако имаш повеќе инфо јас тоа не го сметам за притисок.