Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    @Yowannty Јасно е дека бебе на града е клучот и не треба толку лесно да се откажеме од доење. Еве лично јас, од 3 месеци доењето е борба повеќето денови, па правам стратегии, менувам позиции, нудам почесто, го фаќам кога му се приспива, па така ќе го прелажам да цица и во ниеден момент не понудив формула иако имам дома што ми ја препишаа на излез од болница, а имав доволно млеко.
    Ама фактот е дека доењето троши калории и енергија на мајката и ако мајката не јаде доволно, организмот зема од нејзините залихи за да го прилагоди млекото за потребите на бебето. А со овие коментари, што и да му е на бебе, до исхраната на мајката и те како се создава притисок, да не случајно му наштети на бебето или бебето да се мачи.
    Моето бебе до 3 месеци какаше по 4-5 дневно, наеднаш почна на 4-5 денови, коментар на педијатар, мајка до тебе е, до исхраната, не јади банани, ориз, компир и сл.

    @Lady Miami нормално дека храната се разложува и влегува во крвта, па потоа во млекото. Ама оризот и компирот не влегуваат во крвта не преработени па автоматски, гасовите на бебето се од исхраната на мајката. И јас приметувам дека кога јадам овес или ќе се напијам чаша пиво имам повеќе млеко, ама повеќето денови едвај стигнувам да доручкувам во 12 па сепак имам млеко и бебе до напредува одлично. Не е се така црно бело. Здравата исхрана е клучна за опоравување и на мајката и за добро на бебето, ама сите знаеме колку е хаотичен периодот со новородено, па и те како создава притисок уште што да се јаде.
     
    На WhiteCat33, Трагедијаупмм, FarfallaBlu и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.040
    Пол:
    Женски
    @Lady Miami
    Доењето е универзалeн рецепт за имање млеко. Ама има разлика во стимулирањето. Не секое бебе има фат на почеток, или правилен фат, или влече исто. Некои бебиња имаат повеќе некои помалку сила. Некои бебиња ги зезнуваат уште првиот ден кога ќе им подвалат шише. Ама сето тоа се вежба и во првите недели со желба и упорност се средува.

    Млекото се менува и адаптира на потребата на бебето. Не е истото навечер, што е на утро. На пример навечер има повеќе калории и повеќе мелатолин без разлика што ќе јадеш. Сепак, нормално, некои бебиња знаат да дадат реакција, ама не толку често, каде што секое бебе што е нервозно после одреден оброк на мајката одма се препишува како реакција на истиот. Млекото е со ист квалитет без разлика дал ќе јадеш црвено месо, брокула или риба или ќе скокнеш оброк.
    Ако бебе не е доволно на града за да стимулира, можеш да јадеш црвено месо по цел ден и пак џабе ќе е. Одредени намирници потпомагаат се сложувам, меѓутоа апсолутно не прават некоја огромна разлика. Ги знам муабетите - се направив и пак немав млеко. Џабе е да јадеш и пиеш секакви чаеви по цел ден, ако самата града нема правилен и доволен стимул.

    Бебињата се повеќе будни и заинтересирани за светот на утро, а бараат повеќе гушкање попладне. Само затоа што бебето попладне е повеќе нервозно или плачливо не значи дека немаш доволно млеко. Градите е нормално да се поспласнати попладне, тоа не значи дека нема доволно млеко. Спласнати гради не е исто што и празни гради. Градите никогаш не се целосно празни, оти млеко се продуцира цело време. Ама, ако го тргнеш бебето и му дадеш формула, оти мислиш дека немаш доволно млеко и те како ќе ја намалиш таа продукција и тогаш може да продуцираат помалку. Некои бебиња сакаат многу повеќе близина, некои се понервозни, по несигурни, поплачливи, тоа не значи под дифолт дека се гладни. Градата не им е само храна. Градата им е цел свет. Им е мајка им, мирисот што ги смирува што го чувствувале за цело време додека биле во стомак, комфорт им се, чувство на сигурност. Нормално е да плачат ако се тргнат од града без при тоа да значи дека се гладни.

    Не секое бебе мора да качи килажа како по книга. Некои качуваат повеќе, некои помалку, некогаш може да се случи и да стагнира. Тоа е само еден периметар во врска со нивниот развој и не значи под дифолт дека нема млеко или дека е гладно или дека не се развива правилно. Секое бебе е различно. :)
    Ама ако тебе ти дава поголем мир тоа што јадеш црвено месо, слободно. Твоите чувства се исто многу битни.


    Кафе и алкохол не одат во млекото во количина да им влијае. Сепак тоа не значи, да земеш и да се опиеш. Ама чаша вино, нема да му наштети. Кафето исто не е штетно, особено што предвремено родени се третираат со кофеин во клиники во развиениот свет. За повеќето лекови не е воопшто докажано ниту отфрлено дека влегуваат во млекото оти не е хумано да се тестираат бебињата, па нема доволно студии за истите, затоа најголем дел од нив не се препорачуваат. :)
     
    На WhiteCat33, Autumn Love, Lavender13 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Мајки како беше правилото, другарка е царски породена, и има дојдено млеко но вика дена беба се тегне и плаче па му дава и дохрана. Совет како да пристапи?
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.040
    Пол:
    Женски
    Доењето и те како троши и истоштува. Со првото дете, толку имав потреба за благо, што додека доев секогаш си чував чоколатца до мене дури и ноќе. :sweat: Тогаш и пројадов всушност благо. Претходно многу ретко.
    И поради тоа што доењето многу троши, редовната исхрана е многу поважна за самата мајка. Мене ми е жал кога читам колку намирници си кратат оти мислат дека му сметаат на бебето, а реално, треба иста храна да ја повториш повеќе пати да има иста реакција за да го потврдиш тој факт.
    Јас лично не можам без грав, грашак, боранија. Имам ужасна констипација, со хемороиди кои крварат и болки и мене ми е потребна многу таква храна, што обично ќе ти речат да ја избегнуваш иако немаш причина за истото. Секако, ако бебето има повторувачка реакција ќе ја отфрлам, ама за тоа морам прво да внесам влакна.

    Со првото дете пиев безалкохолен радлер и си направив хиперлактација, ќе ми испукаа градите. Немав потреба од такви додатоци оти бебето стимулираше доволно, ама се некој читав што зема, па ај и јас и си направив проблем. Со второто не земав ништо дополнително, знаев дека ќе седи на града колку и да треба. Со првото воспоставував лактација 4 месеци, со второто 7. За сите тие месеци, температури, трески, маститиси. Особено со второто кое беше многу лакомо и беше на града многу долго без да прифаќа храна.

    Информациите се многу битни, ама и поддршката. Некогаш за жал и најблиските што ни мислат добро, не ни даваат најдобри совети, а тазе мајка под хормони, многу нови работи кои ја плашат, нови грижи, многу лесно е да лизне во несигурност.
     
    На WhiteCat33, Lavender13, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    Буквално се' што кажа е она што сакав да го доловам.
    Кај мене за среќа од почеток одеше полесно, иако бебе ми беше на кислородна подршка и му даваа молзено првите денови, дома убаво фати ама како што бараше така давав, некогаш на 10 минути цицаше. Фала богу досега сум немала проблеми со мастит и слично.
    Инаку со благото исто, после пораѓај навечер ко дежурна сум, мора нешто да се касне :D
    Така да, треба да се олабават мајките, ако се примети ептен некоја реакција, па да се избегнува, инаку јадете си и доете си.
     
    На jasna0305, Трагедијаупмм и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Majki 7 meseci sme bebe uporno bara da cica po 11 pati na den. Probuvam da i dadam hrana ama nejke ne otvara usta samo koga sakaa taa jade. Po kolku pati vi cicaat na olku meseci?
     
  7. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    Скоро 7 месеци е бебе, не бројам колку пати цица. Цица колку сака, кога сака. Не гледам по саати, некогаш и скоро да е јаден, ако е кенкав, пак му нудам. Цицањето не е само храна, туку и близина, топлина, смиреност, си ја бара мама. Имам воведено еден оброк, му нудам и после оброк во случај да е жеден, зошто не сака да пие вода.
    Многу математички гледате на доењето.
    Што и да му е, јас му нудам цице :D

    Инаку за нудење храна (оброк) гледај да е одморено, обично пола саат после дремка му давам јас и гледам да не е прегладнет, околу 1-2 саати после последното цицање, отприлика, не се држам строго по распоред. Ако е бебе неспиено и гладно повеќе ќе одбива храна.
     
    На WhiteCat33 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Kako se spravuvate koga bebe cica I griza?
    Go dojam samo od ednata, od drugata izgubiv mleko. Dosega mi bese prelesno, sega placam I dojam.
    Mi napravi ranicka mackam lanolin no 2dena ne proagja... soveti?
     
  9. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Дека на работа ќе треба да тргнам за 2 месеци дали ќе намали со цицање.... пошто по 9 саати нема да сум дома, иначе нека цица колку сака не е проблем
     
    На Hinebrra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    Ти воведувај му оброци согласно возраста, до тогаш барем доручек и ручек и додека си на работа нема да цица, ќе цица од сабајле или оставај му молзено за еден подој, ќе се прилагоди самото бебе. И јас сум ќе сум така, ама се во свое време. До тогаш ќе јаде и поголема количина, ќе вметниш и млечни, месо, ќе го држи подолго и нема да бара исто како сега.
     
    На Mother of 2boys, Трагедијаупмм и снежана2023 им се допаѓа ова.
  11. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Нешто погрешно ме имаш разбрано. Пишав дека треба бебе на града. Ама дека нема да јадеш и млеко ке има...тоа малку потешко.
    Ова се што го пиша може важи за жени што се двоумат дали имаат доволно млеко ако бебето плаче. Од 2 ипол месеци почнав упорно да работам на тоа да поминеме од комбинирана исхрана на ексклузивно доење. Мнг добро знам што значи да нема млеко и гладно бебе. И дека немало врска што јадам млеко ке има ако е бебе на града. Пробано, не функционира така. Од макарони и урда јас немав доволно. Па цел ден да си се држиме на града. Зборам бебе кое веќе влече баш убаво.
    Дека алкохол и кофеин не поминуваат во млеко, не знам од кај ти е ова. Дека во "развиениот свет" нешто третираат со кофеин.. третираат сигурно, и дали тоа значи дека кофеинот е одличен, зрмајте повеќе кафе додека доите? Или избегнувајте го 100%? Секако дека едно до две кафиња нема да наштетат освен ако не приметиш дека му пречи на бебето. Значи не е универзално правило. Повеќето лекови не се тестирани дека поминуваат во млекото, но за дел од нив се знае дека поминуваат во млекото и ова ми беше само паралела дека состојките од храната што ја јадеме поминуваат во млекото. Инаку од што се создава? Немаме резерви од протеини освен да почнеме да се разградуваме самите себе. Мешунките, зелката, содржат соединенија кои создаваат гасови. На некои бебиња им пречи ова, на некои не. Значи нема универзално правило.

    Исхраната на мајката не треба да е притисок ниту строг режим. Но недоволен внес на храна богата со нутриенти ке го намали млекото.

    Да нема недоразбирања, секој си има право на свое мислење и како и колку ке прифати од она што го чита по разни сајтови и тука.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.040
    Пол:
    Женски
    @Lady Miami

    Ни со првото бебе јадев нешто особено ни со второто, оти сами ги гледавме со маж ми. И во тој хаос на прилагодување и адаптирање не ни мислев да готвам специјални оброци. Вториот пат па на такво тешко опоравување по царски да главам во кујна немав намера. Маж ми оставаше сендвичиња и супи да ги имам спремни. А ми се дешаваше и оброк да прескокнам, црвено месо, а ни месо генерално не обожавам да јадам ни ден денеска.
    Млеко имав и за извоз. Оти бебињата ми беа на града цело време. Првото беше просечно бебе, а второто големо. И двете ставаа на килажа соодветно.


    Знам многу добро како размислуваат оние што се двоумат, исто како и оние кои се убедени дека немаат доволно млеко, а имаат.
    Доењето ми е една од најзанимливите теми за истражување, веќе 6та година ми е простудирано уздуш и попреку. :)
    Се што пишав се потврдени факти од лактациски експерти и клиники за лактација, не од сајтчиња по интернет. Ама во право си. Секој може да си има свое мислење. :)
     
    На Autumn Love, Mother of 2boys, Hinebrra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    @Hinebrra не те разбирам каков притисок. Од каде ороз и компир гасови прават? На твоето бебе ако му прават внимавај на тоа. Секако е ова за првите 2-3 месеци додека да се навикне мешето.
    Моето од грав имаше страшни грчеви. Инаку без грчеви го минавме тој периодж сега јадам се и нема гајле бебо.
    Не слушај стрини и тетки, ти види за твоето бебе што одг. И јади си. Не да соголиш маса и да јадеш се што ке дофатиш, ама ке си јадеш. Не си прави притисок. Јаболко, морков, банана, јас секогаш имам на рака.
     
    На Spidy и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Баш ми е драго што за тебе тоа е така. И што фактите од експертите си ги усвоила добро и што не читаш сајтчиња. Изворот на информации е особено важен. Доењето треба да е уживање и шега на страна, драго ми е ако покрај истражувањето и уживаш во тоа.
    Мене пак мнг ми е интересно што тие што имаат млеко за извоз мислат дека знаат што значи да немаш.
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.888
    Допаѓања:
    177.040
    Пол:
    Женски
    Доењето апсолутно не мора да е уживање и тоа е непотребен притисок. Дали ти имаш или немаш млеко може само екперт дома да дојде да те види и да ти каже. Мое е да кажам само дека она што го претставуваш дека е немање млеко, може, ама и не мора да значи. :)
     
    На Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    Мајки се притресуваат на што смеат/не смеат да јадат заради тоа што сите од страна вклучително и педијатрите зборат дека грчевите на бебето се од исхраната на мајката, други трубат дека од витамин Д3 и омега (Babytol) се прават, па мајките манично бараат замени за да не го мачат бебето, слабо/јако и било млекото, па пијат чаеви за лактација и мал милион работи. Додека фактот е дека бебињата имаат грчеви и нормално дека ако приметиш реакција нема да внесуваш одредена намирница, ама да ускратиш на се' на мајката ради тоа што можеби ќе направи грчеви е апсурдно. И е апсолутно притисок на нова мајка која не знае кој крај да го фати и кој попрво да слуша, па пред да отвори уста гугла што прави грчеви на бебе.
    Јас напоменав дека и кога јадев и кога не јадев и зелка и мешунки не приметив разлика во грчевите на бебето, секако ги имаше.

    За компир и ориз спомнав дека наводно моето бебе имаше запек ради мојата исхрана иако претходно немаше никаков проблем, смени преку ноќ, а јас не сменав ништо. Не оди тоа така, од стомак кај мене, запек кај бебе. Зошто ете кога јадам суви сливи и ја пијам водата кај што се вареле, кај мене функционира, бебе уште не кака? Не штима нешто во равенката.

    И ова им се кажува на мајки од страна на педијатри и патронажни сестри, а не пак тетки и стрини.
     
    На Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  17. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Не сите педијатри вршат притисок. Мене педијатар и патронажна ми немаат кажано вакво нешто. Затоа ми звучеше како од тетки и стрини. Педијатарот ми е баш објективен и ниту притисок да поминеме на доење, ниту за било што ми има направено. Ми беше баш поддршка.
    Може треба да смениш педијатар.
     
  18. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Мајка мнг е убаво да имаш мнг млеко, ама не знаеш за сите мајки и сите доилки колку и да имаш читано. Дали мислиш дека ова што го пишуваш не е притисок? Жените кои комбинирано ги храната децата се под притисок од една страна да не го мачат бебето да поминат на ад, од др стр дека имаат млеко ама "не знаат" . Треба експерт да им каже.
    Мојот експерт е на града моментално. На ексклузивно доење веќе месец дена. Сето тоа што го пишав е од лично искуство. Зошто кога ке се изначиташ експерти и ништо не финкционира, си се слушаш себе си.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    Супер за тебе. :)
    Целата дискусија ти ја носиш според твоето искуство, не валидираш ниедно друго, јас зборувам општо зошто гледам со што се соочуваат мајки и каков стрес си прават зошто каснале нешто ради вакви коментари. Ако ти се немаш соочено не значи дека не постојат, целиот муабет беше мајките да се опуштат, да не си стварат дополнителен стрес.
     
    На Трагедијаупмм и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.184
    Допаѓања:
    2.438
    Пол:
    Женски
    Не, не валидирам твоја перцепција за сите други мајки. Ти треба за твоето искуство да зборуваш. Зошто не ги знаеш искуствата на сите. Не можеш да зборуваш за сите според тоа како ти се чувствуваш дека средината ти создавала притисок.