Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Кронди

    Кронди Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Дечки го дојам бебуш месец дена е..Во последно време еднаш до два пати дневно се гледа дека е гладен ги става рацете во уста плаче но кога ќе го доближам на града почнува да цица и како да се нервира ја трга па пак ќе проба па уште појше плаче..како да нема млеко..градите ми се меки и прееска морав да излезам и пробав да се измолзам оддвај 30мл..Инаку напредуваше на првата контрола кило и седудесет грама имаше качено..Можно е да снемувам млеко ?Незнам што да правам и во тскви ситуации го понудувам со чај,пие ко да не видел..Се мислам да дадам дохрана ...
     
  2. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Градите цело време ќе ти бидат меки. Зошто еднаш-два пати? Можеби поради тоа, а можеби и период не бебе му е (така знаат да прават во регресии и скокови) Ставај почесто, кога се меки градите дури повеќе време му треба на телото да почне да произведува. Ќе осетиш и ти и бебе како голта. (Тоа што ти се меки градите така треба да се, само на почеток е како да се полни) Произведуваш млеко колку пие бебе. Многу мајки грешат кога градите омекнат, одма мислат дека немаат млеко. На секои 2-3 саати ручкање. Тие 30 мл од пумпица не значат ништо. Како што бебе цица ниедна пумпица не може да извлече. Ако сакаш да доиш не давај дохрана а и за чајче ти е мало.
     
    На Autumn Love, tambelina, Lady Miami и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    1.093
    Пол:
    Женски
    Може доцна го нудиш да цица па веќе е многу гладно и вознемирено. Пробај порано да даваш, кога ќе почне да шлапка со устата или кога врти со главата.
    Може и да се трга бидејќи сака да ждригне. Со плачење голтаат воздух и со неправилно доење и затоа се трга. Пробај ждригни го, смири го прво да не плаче, па после нека цица. И секогаш кога ќе стане од спиење прво надој го, после соблекувај го. И навечер ако нема каки не соблекувај пелена да не се расони, нека се. Надој го во темница и пак ќе спие.
     
    На flower55555, Laura7, Lady Miami и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    И јас преќинав навечер да ја пресоблекувам, по ваши препораки. Тек сабајле накај 7 менувам пелена. 10 часа скоро е со една пелена но гледам не е многу мочкана, веројатно кога спијат помалце мократ. Исто навечер не палам светло, легната ја дојам и продолжува. Леле на почетокот на три часа, менувај пелени, па светло пуштав да се расони за да цица убаво, па ја доев во седната позиција, па дур ја држам после да ждригне уште 15 минути. Па за кратко дошло време за друг подој, абе здробена бев, гроги. Но овие фази веројатно треба да ги поминеме и со тек на време, совети и искуство наоѓаме начин како полесно да функционираме и ние и бебече.
     
    На flower55555, Lady Miami и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Мајки, како комбинирате доење со одење на работа? Како ви е организиран денот? Јас во две смени ке сум сега ама не знам уште како би се организирала а не сакам да то одбивам.
     
  6. farahfarah

    farahfarah Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Zdravo porodena sum carski primav nekoj antibiotik 3 dena vo bolnica mi rekoa da ne go doam do denes od denes mozam da pocnam antibiotikot zavrsi na 31 utroto ama prvo da se izmolzam pa da pocnam e sega prasanjeto mi e jas se izmolzuvam kolku mozam racno nekolku pati vo den ama ne se obilni kolicini kako da znqm dali sum izmolzila dovolno za da se iscisti antibiotikot i da pocnam da go doam bebceto koga ja dopram do mene gradite sami pocnuvaat a jas od strav ne pocnuvam da i davam vcera i denes se izmolzuvav na nekolku pati vo den koga sum pod tus duri prskaat vi blagodaram za odgovorite
     
  7. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Мене на почетокот ми викаа да молзам 10 до 15 мин од града. По толку време и цицаше на почетокот. Веројатно е тоа оптимално време за да се испразни града. Исто ако се тврди кога ќе почнат да омекнуваат веќе се празни градата.
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Мајки дојам ама настинав, што пиете за грло? Матичнава споила…
     
  9. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Paracetamol можеш да пиеш. За лижење во аптека нешто ми дадоа, не знам што беше, само да не е со жалфија. И спреј прополис за грло имам користено.
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    А како го доеше? Ставаше маска, дека е невозможно да ја заштитам кога цело време сум со нејзе, јас ја чувам, ја дојам… не можам цело време со маска…
     
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    10.528
    Пол:
    Женски
    Ставај маска кога можеш, не мора цело време, сум била настината не сум ја доела со маска, пре често цицала, не се издржува толку со маска. Со доењево имам приметено имам врв имунитет а и ќерка, ниеднаш до сега се нема разболено, ниту еднаш. Заштитени се, немаат гајле, не може бар така лесно сè да фатат од нас.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monas95

    Monas95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене со 38 температура пијам парацетамол ми се спушта ми е страв да не и пренесам на малава на доење сме
     
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Јас кога имав температура пиев парацетамол и ја доев ништо не и бидна. Ама само температура имав тогаш, сега носов и грлово, и затоа ми е некако страв.
     
    На Monas95 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Пробав еднаш така и не се дишеше. Не ставав маска и ништо не му беше на малото. Целе време во раце беше.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Monas95

    Monas95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Јас само температура имам ништо не ми е со носов и грлово незнам дали смеам Пантенол превентивно да лижам ?
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Не знам јас тоа сакам да земам нешто да лижам. Немам температура, само грлово и носот. Тогаш само парацетамол пиев, ме испоти многу и утрето одма бев подобра. 38.5 имав температура.
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Не ставам, секако е цел ден со мене, не можеме да избегнеме да не и префрлам нешто. Зависна е од мене, уште маска, плус мислам коа ставам маска бетер ми е.
     
  18. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа дека можам ангал таблети да лижам тие ми помогнаа многу и капки за нос носал на база на морска сол
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Мајки од денеска попладне оак затнат канал. Неколку пати цица од таа града, сравав облоги топли пред цицање, се туширав, масирав. Еве сега се разбуди, убаво цицаше и масирав дури веќе посилно, пак ништо. Некој совет да дадете?
    Претходно со облога и масажа при цицање брзо се решаваше, ова од денеска упорно.
     
  20. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Листови од зелка? Силиконска пумпа со топла вода и морска сол?