Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
  2. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Ама мнг ти е мала да заведуваш редови. Не знам што се окупира толку на колку часа ке јаде. Не чекај повеќе од 3 часа за доење. Тоа само имам да ти кажам.
    Инаку колку поубаво цица поубаво ке се најадува и поретко ке цица. Ама тоа со возраста оди.
    И не се оптеретувај толку со термини. Со тек на време ке се најадува повеќе и ке воспоставите режим. Кога има скок во развој бебето цица почесто, што пак допринесува да имаш повеќе млеко по неколку дена.
     
    На Autumn Love, FarfallaBlu, merriel0 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Траума имам од доењето и многу болка и толку се окупирав што сум на раб да се откажам. Десната брадавица ме боли кога цица ненормално денес се утепав од плачење. Сакам да знам дали е можно да не е гладна 2 саати за да излезам на воздух да продишам зашто го губам разумот, затоа прашувам. Еве она цица и наредни саат ипол не плаче за цицка, како да знам дали да ја понудам или да знам дека е сита? Педијатар ми вика не значи секое плачење дека е гладна, сака во раце сака да разгледува. Е затоа прашувам
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Јас не нудам. Сама ќе побара. Ако не си и дадела ќе побарала за пола саат сигурно. Им прија шетање. Сега конечно ти се нацицува како што треба, затоа не е гладна.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Ај ја да си прашам… некад градиве ми се пача… буквално виснати мислиш испиени. Си викам снема ли млеко… некад се будам лом, ама лом мислиш кофа фрлиле врз мене со вода. Не сфаќам што се дешава. Се спроведува лактацијава или нешто до исхрана е? Вчера бебево вриштеше како да нема млеко доволно во градава, ја тргнав и додека да ја смирам гледам лом сум се направила што истекло од нејзе додека ја занимавам… и тоа не и го разбирам, нешто и смета ли? Попладне го прави тоа ама не секогаш.
     
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Мачкај ланолин по секој подој. Јас иста бев, сега веќе немам никаква болка. Друго, врти и ја брадавицата внатре накај носето, не директно накај грло. Така поубаво ќе фати и не би требало да те боли.
    Моево си бара на два до два ипол часа, а некогаш, ретко, се случува да спие до 3ипол часа. Кога бевме на првата контрола баш го прашав педијатарот, ми рече кога си бара тогаш ќе го доиш. Ако сте на ад тогаш на 3 часа. И повеќе од 3 часа да не го оставам да спие, да го будам за цицање.
    И кога му се цица, плаче како да кажува нееее. И по тоа го познавам дека му се цица.

    Последниве денови забележувам дека побрзо цица и некогаш само од едната града. Нудам и од другата, некогаш воопшто не отвара уста. Првите две три недели цицаше околу 40 минути, па и до еден час. Сега 15-20 минути најмногу.
     
    На Dodo1 и FarfallaBlu им се допаѓа ова.
  7. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    389
    Кога беше толку мало, моето бебе што инаку цицаше на пола саат-саат, кога ќе излеземе не ми бараше околу 2 часа. Обично му одговараше да си разгледува или си поспиваше во количка, ама гледав да не се задржувам повеќе од 2 саати. Ако закенкаше во тој период, ќе му дадев цуцла и ќе си одев дома за да го надојам. Ова беше апла првите два месеци кога ми беше срам да го надојам надвор, а сум на 10 минути од дома со кола.
    Толку мало бебе не трпи глад и ќе плачи ако е гладно, ќе знаеш, ама мислам дека околу 2 саати имаш простор за шетање.
    Еве ти е еден трик да препознаваш дали е гладно, плачи вака неее неее неее. :D Не се заебавам, го видов ова случајно на Инстаграм и се покажа како точно, секогаш така плачеше кога беше гладно.
     
    На Dodo1 и FarfallaBlu им се допаѓа ова.
  8. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    10.528
    Пол:
    Женски
    Според ова што го пишуваш, ти се средила лактацијата. Се трга и плаче зошто млазот и е голем, одмолзи се некоја минута па ќе и тече убаво и ќе си цица без плачење.
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Ама нее, ќе цица ќе цица, и после 10 мин да кажам вришти, па ја тегне цицката, и пак вришти па ќе ја лапне и ќе се смири па пак ќе почне да вришти и така у круг… ја тргам стискам тече млеко.. не знам што и е. Не прави стално така, понекогаш. А тоа што некогаш лом се будам?
     
  10. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Мојата вака правеше мешето кога ја болеше или кога и се спиеше. Спас: десна, лева, десна, лева... Дур заспие...
     
    На FarfallaBlu и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  11. FarfallaBlu

    FarfallaBlu Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Да не има гасови? Мојот така прави кога го боли мешето, и со Јасна кога се консултирав ми рече дека е зошто го мачи нешто. Мислам те прочитав дека поретко кака, и кај нас истото се дешава преку еден ден се кака од пред една недела. Може да е до тоа.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.983
    Пол:
    Женски
    Те имам прочитано дека е лакома. Можда голта воздух понекогаш повеќе и има заглавени гасови после тоа. Кога ќе заплаче така, пробај масирај ја со ножињата да се испрдка и ќе и олесни.
     
    На merriel0 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    10.528
    Пол:
    Женски
    Во тој случај пробај со другата ако не е доцицана или пак може и е доста па сака да се тргне. Мојава цицаше 12 мин во просек ама асално цицање. Или види да не ти покажува со плачењето дека и е време за спиење. Лом се будиш зошто си имаш млекце, пак ќе кажам, воспоставена ти е лактацијата. Ако ти се тешки и болни додека дојде време да цица бебе, земи одмолзи се да си олесниш.
     
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    После доење обавезно промиј ги брадавиците со вода па после ланолин. Штом не плаче, нема што да нудиш. Јас моево го нудам некогаш кога осеќам дека имам мнг млеко и веќе ми е непријатно.
    Ако бебето спие и не бара да јаде 2 часа и си спиело уживало во шетање значи се си направила ко што треба. И после 2ипол часа си дала да цица, дека мнг време ти дошло. Супер. Ти веќе знаеш кога ти бара од глад а кога за да го гушнеш. Верувај си на себе мајче. И браво за прошетката, гледаш дека и сама знаеш што треба за да се осеќаш подобро. Супер си. Знам дека ти е тешко. Ама стварно си супер. Јас моево во јануари го немам шетано, а поголемо е.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Дали подригнува? Моево на сред доење мораше да подригне па да продолжи. И после пак на крај.
     
  16. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.195
    Пол:
    Женски
    Мамички 6 ипол месеци со два оброка и доење .. по колку ви стануваат бебки навечер за цицање?? ние бевме по 1 до 2 од 19ч до сабајле до 07ч овие 1ипол недела ми станува по 3-4 пати .. ова веќе не се издржува ..
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Си кака редовно, само кога се вакциниравме намали на еднаш дневно, иначе 1-3 пати кака.
    Ќе пробам, ама си ждрига 90% од времето, некогаш и на града ждрига сама и продолжува.

    Па не се веќе толку, не знам си викам да не снема млеко… вчера прв пат синоќа и дадов од двете гради. До сега една града еден подој беше.

    На крај ждрига, некогаш знае сама измеѓу да ждригне.
     
    Последна измена: 23 јануари 2025 во 09:16
    На PoisonIvyFatale, Lady Miami и FarfallaBlu им се допаѓа ова.
  18. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Колку е големо бебето? Можно е заби да се? Или скок во развој?
    И моите гради се млитавки ама кога повлекува млеко го осеќам let down-от и се полнат.
     
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.684
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    2 и пол месеци е, не се заби. Не знам, почнав да вежбам и здрава исхрана. Не знам дали нешто влијае на млекото. Од синоќа почна така, еве сабајле нормално цицаше. Не знам што да мислам, дали се намалува млеково… премлитави се, како да се празни такви се. А кога ќе стиснам искача млеко.
     
  20. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Кога почнав да вежбам ми кажаа млечната киселина што се ослободува после вежбање има повеќе во млекото и може да смени вкус. Јас не се отепував од активност, па немаше некоја разлика :)