Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.685
    Допаѓања:
    7.947
    Пол:
    Женски
    Ајдее.. само 20 минути вежбам… па не можам да се гледам… сеа и тоа ли да не правам…
     
  2. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    10.528
    Пол:
    Женски
    И јас од почетокот ја дојам така, еден подој една града, следен, другата. Не може така да снемаш млеко, не ни мисли на тоа, бебе ако си цица редовно, а викаш и ти протекува од гради, не може да снемаш така одеднаш. Ниту еднаш тоа не ми текнало дека снемувам, не си ставајте такви мисли. Паника се крева ако бебето заостанува со тежина, па се превзема нешто, во спротивно, да си доиш и уживај.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. black_lover

    black_lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Како може да снема млеко кај мајката?
    Мислам после колку временски период цицање (месеци, година)
    И од што на кој начин?
     
  4. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Кај нас на почетокот секој подој беше од двете гради, последнава недела само од една или и многу малку од другата. Месец ипол е бебе. Јас, пак, се загрижив зошто така почна да прави, а супер напредува. Сега ве читам еден подој една града. Значи да не се грижам што вака ми прави?
     
  5. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Не е тоа ништо 20 минути. И јас толку вежбав. Камо среќа да го размрдам газов повеќе.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Мајки како одвикнувате бебе од цицање? Моето ина 8 месеци и упорно бара по 5,6 пати денски само. За месец и пол тргнувам на работа како ќе се одучи до тогаш без цицање 8 саати? Пробувам да му дадам храна наместо цицање ама плаче нејќе
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.440
    Допаѓања:
    34.446
    Пол:
    Женски
    Со самото одбивање од доење, нема репродукција на млеко. Завршуваш и толку е. Доењето е поврзано со центарот во мозокот, како процес на понуда и побарувачка. Нема побарувачка-завршува и понудата.
    Престанокот на производство на млеко завршува, не проверуваш дали имаш млеко во градите и толку.
    Омекнуваат а по неколку месеци, кај некои жени треба и годино, се враќаат во првобитна состојба, колку-толку :)
     
  8. black_lover

    black_lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски

    Аха, а градите нема да стврднат што ќе остане млекото напрво?
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.879
    Допаѓања:
    176.983
    Пол:
    Женски
    Ако одбивањето ти оди постепено нема да стврднат. Ако го прекинеш наеднаш, поголема мака е првите неколку дена. Првиот пат, кратев подои постепено. На крај бев само на два подоја на ден и ги скратив нив и веќе не ми се стврднаа. Поминав многу лесно. Вториот пат, бебето беше страствен цицач. Не ми успеа со кратење подои, морав наеднаш да пресечам. И неколку дена ми беа тврди, морав по малку да се измолзувам за да си олеснам, чај од жалфија се препорачува ама мене не ми беше вкусен и не можев да го пијам, редовно менував листови зелка ладни од фрижидер, по неколку дена омекнаа и толку беше.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Некоја мајка што одмолзува млеко да ми каже колку може да стои на собна темп и колку дена во фрижидер?фала :)
     
  11. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    4 часа на собна температура, 4 дена позади во фрижидер...
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Изгледа сите што доиме го губиме разумот... Мене сега после 6 месеци доење ме фати грип, температура 39.5-40 три дена, додека имав температура градите полни немав гајле, како ми пројде температурата скроз ми се намали млекото, бебево престана да цица, ја терам со сила. Сите суплементи за млеко ги пијам, калциум магнезиум исто... и еве никако да ми дојде млекото. Вака ми е кога имам добиено ама знам за два дена ќе се среди, а сега не знам што се случува. И мене ми е смачено веќе :@
     
    На Feniksgirl и merriel0 им се допаѓа ова.
  13. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Пример тоа млеко од фрижидер кога ќе го извадам и стоплам после колку смее да стои? Исто 4 часа или мора одма да го испие?
     
  14. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Јас сум чувала најмногу 2 дена во фриж и еднаш стоплено ако не го испие за половина час до час фрлам. Зошто стоено па топлено...
     
    На merriel0 и Bettina23 им се допаѓа ова.
  15. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.195
    Пол:
    Женски
    На собна 4часа ако температура е до 25° ако е повеќе само 2часа, во фрижидер сум чувала 24часа само (кажано од педијатар), во замрзнувач до 6месеца во стаклени теглички или кесички за млеко од аптека. Чим се извади млеко од фрижидер и се стопли треба одма да се пие ако не го испие цело највеќе може да стои 30мин и да го понудиш пак ако несака се фрла..
     
    На merriel0 и Bettina23 им се допаѓа ова.
  16. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    14.550
    Пол:
    Женски
    Девојки
    Притисок 140 со 65 главата мислам ќе ми експлодира. Кафе пијав ништо, сега пијав кафетин. Што можи да земам бебето ми е 2ипол месеци на доење сме
     
  17. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ете @Bettina23 убаво ти објасниле. Ја молзев ама беба не ми го сакаше одмрзнатото млеко и прекинав. (Ми имаше вкус на АД, сапун, незнам, мн чудно).
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Турско со лимонче...
     
    На KittyCat:) му/ѝ се допаѓа ова.
  19. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    5.940
    Пол:
    Женски
    За ова имаше финта @mariz ако може да ја сподели. Нешто му правеше на измолзеното млеко пред да го замрзне ама што беше заборавив. И моето е премн густо млеко и бебе не го сака кога ќе го одмрзнам и така си фрлив преку 30 ќеси замрзнато млеко:(
     
  20. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Да, тазе молзено го топли до одредена температура да се направат меурчиња и после оладено го смрзнува во кесички.
    Јас пробав, ама беба несака ни шише... Така да, цицка it is :D

    Јака ти душа како успеа да фрлиш.. јас десетина кесички иам, треба да ги решам. Проба барем во кашички?