Битно е и дали мочка? А зелена не секогаш укажува да е гладно. Во нашиот случај беше зеленка од мн цицање, брз трансфер и затоа.
Да те прашам, дали од кесичките што замрзна и даваше на малата, и дали пратиш од кој период ти е млекото, дали сабајлечко или навечер? Дали нешто менува ако и дадам навечер млеко од сабајле? Пошо знам сабајлечки ги расонува нели лачи различно млекото. Или нема врска.
Па и давав(м), ама не запазив тоа. Месец дена многу ми станува навечер, па не би сменило ништо (односно не ќе сум приметела)...
Of pijam tecnosti kolku mozam i nemozam ama pak so mleko nekako slabo mie mnogu na brzo bara da cica sabajle imam ama od koga ke iscica posle cela den sme taka na brzo cicanje
Здраво, дали пред доење треба да се измиваат градите од кремот на фризидерм? Користевланолин на медела ама немало па мажми земал од овој на фризидерм.
Колкаво е бебето? Претпоставувам е баш малечко. Може не е само до глад, сака да се мази, си бара топлина, да е до мама. Не секое цицање е показател за глад особено на почетокот, башка што мајчиното побрзо се вари и брзо огладнуваат, а стомачето им е малечко, затоа и препорачуваат доење кога сака и колку сака. И да знаеш дека нема слабо, јако млеко, може да нема доволно, но за тоа треба да следиш дали и колку напредува, мочкани пелени, дали е мирно после подој. Претешко е на почеток, и мојава висеше цело време на цице, ама верувај краток е тој период. Те гушкам и ти посакувам успешна доенечка приказна.
Женски ај малку помош. Првата бременост не успеав да дојам, сега гледам има млекце ама редов никако да го фатам, ептен ми е страв дека не се најадува. Препораката од болница ни е доење + дохрана на 3 часа, ама ко за беља шише не фаќа ич и буквално од дохраната не пие. Цице сака, ама почесто се буди и ми заспива, го скокоткам и закачкам ама цица најмногу 20 минути, релативно е смирен после тоа… Да давам цицка нон стоп или како, се испогубив цела. Пелени мокри има и какан е секогаш ама помалку, не е фул пелената со каки, туку малку.
И нас не пуштија од болница со препорака за дохрана, после цицање (какво такво на 5 дена старост држ не дај) немаше шанси да и пикнам шише или да се напие. Два пати пробав и се откажав. Исто цицаше со потсетување заспиваше ја закачав. За една недела имаше многу напреднато, околу 60 грама дневно само од моето млеко. Ја мислам нуди кога бара па ќе видиш на контрола ама чим е смирено бебето мислам дека е сито..
Чим е смирен после цицање и заспива, а пеленчето полно значи е најаден. Мојата цицаше 10-15 мин мах, а на килажа супер напредуваше. Не гледај според времето, ако е задоволен после цицање значи се е добро. Некогаш ќе бара и побрзо, мене на почеток на 1-2 часа ми бараше, некогаш на 3, тоа зависи од многу фактори. Сега има 3,5 мес и цица на 2,5-3 часа, навечер на 4-5. Штом имаш млеко ќе се воспостави лактацијата и ќе немаш потреба од дохрана. Пробај молзи се 1-2 пати на ден додека спие да стимулираш повеќе млеко за да немаш потреба од дохрана.
Ме загрижуваат какиве, знам дека сега повеќе цица од тоа што е foremilk, ама не очекував толку малку какано, секоја пелена му е многу малку искакана и повеќе е течно…
Гледај да има минимум 6 мочкани пелени, за каки не е битно верувај, нормално е и до 9 дена да не кака доено бебе. Многу е малечко, нормално е да се уморува и да заспива, особено па и со жолтица ако е. Ќе го штипкаш, буцкаш за да продолжи. Како поминуваат деновите ќе добива сила повеќе. Сега на почеток нека цица колку сака, кога сака, ама тоа да не биде на повеќе од 2 саати. Мачно е скроз, ама за некоја недела ќе биде подобро. Штом фаќа цице убаво не му давај дохрана, затоа што верувај и доволно да е нацицано пак може да ја испие дохраната. Не ми се јасни болнициве со тие совети цицање и дохрана. Никогаш нема добра лактација да се воспостави така. И сега знаеш дека и близина си бара плус, до вчера во стомак било. Мој совет, пиј течности многу стандард и чај за доење. Немој бози, сокови вештачки од јаболко и пиво.
Мокрење е поважно од какање. И давај цице кога сака. Со доење не исто ко со дохрана, која се дава на 2ипол -3 часа. Со цицање моме на пола саат да даваш цице. Не држи исто а и бебе сака и гушкање нели. Прв месец ипол нема да имате ред, ама после ке направи некој ритам. Моето заспиваше на града, го чепкав под вилицата, така ми кажаа. Кисневме така по цели денови Го будев и цело време мислев ненајадено е
@Калатеа желудничето му е колку оревче. Ќе цицне 2 минути и ќе му се наполни. Следи мочкани пеленки. Ќе какне малце па ќе бара цице за кратко. На почеток е напорно, цицката на мегдан цело време. Ама со секој ден ќе се зголемуваат подоите и ќе фатите ред.