Цица, во четврток сме на педијатар. Ќе видиме. Пред месец 5500 беше. Се осеќа дека е потешка, и по облеката плус. Ама цело време се ко празни. Само на сабајле се балони. Од коа ќе ги исцица сабајле, цело време се ко празни кога се. Навечер некако многу помалку е млекото. Не знам зашто.
И јас мислев како тебе, а сега дојам едно 2,3м со меки премеки гради бебе од скоро 9кг (чим е сита, значи океј е) Меки гради не значи немаш млеко, тврди значи имаш вишак
@Feniksgirl да се надоврзам, меки ми беа кога беше 3ипол месеци и се префрливме на ексклузивно доење. Ама пошто се измолзував веќе месец дена, ВИДОВ дека има млеко. па не се секирав какви се. Сега немам појма какви се... виснати ваљда
Мајки јас пак со прашањава, ме немаше одамна Почна на повеќе да ми цица, отприлика на 2 саати, 2 ипол. Е сега прашањето ми е, што да правам кога заспива и се фаќа на повеќе да цица, да ја оставам? Еве сабајле цицаше во 8ипол, па во 10 ипол, па беше малце будна, заспа, и следното цицање и дојде во 1 ипол значи на 3 саати, бидејќи спиеше. Сега еве го 3 ипол е, она спие уште. Да си ја оставам да стане да побара сама? Отприлика денски имаме околу 6, 7 подои, дали е океј? Не сме мерени од кога почна вака да јаде затоа прашувам хаха. Кога ќе ми текне дека прашував што ми виси на цицка цел денн. Фала ви на сите, стварно период било тоа за 5 дена 2 месеци правиме
Првиот месец го будев ако спиеше 3 саати, ама ретко беше тоа. Обично се будеше на два часа. Сега знае да спие и 3ипол часа и не го будам. Сам се буди за цицање. Исто два месеци е.
Pa i cica i zaspiva. Sega ne sme kakani veke dva dena,ama mokrime ubavo. Mi rekoa toa bil nekoj period kade mozel i do 7-8dena da ne kaka.
Заборавив да напоменам за преку ден ова. Навечер не ја будам, една недела веќе спие од 10 до 4, па следно накај 6ипол станува. Вчера не сакаше да ми заспие на време па заспа во 11 ама затоа стана во 6 сабајле прво будење. Убаво поспавме хаха.
Сега го минавме вториот скок, преку ден спиеше и по пола час. Сега веќе се враќа во нормала. И преку ден и навечер е исто кај нас, 3 до 3ипол часа. А колку сакам да си поспива ноќеска малку повеќе ама доброто е што цица и одма презаспива.
Бебе што цица може недела дена да не кака. Следи мокри пелени. Нашиов педијатар рече и после кога ке стане жолта кака, пак може чат пат зеленкаста да биде.
Дајте ми надеж дека бебе ќе фати да цица како ујачува. Се бори со градата поцрвенува од нервоза што не тече одма, јас не можам да ја гледам да се мачи. Купив силиконски капнувам во нив ќе го извлече тоа и после ја мава главата лево десно нервозна. Како да нема сила да влече, или формата на градата е проблем не знам веќе. Ми дојде млеко денес веќе квалитетно, измолзувам по 30мл од града на 3 часа без проблем, значи 60 од двете, доволно за оброк, ама она не фаќа града за жива глава. Од шише молзено пиеше. Во болница фаќаше додека беше само колострум. Како да знаев дека доењето ќе ни е проблем, сега уште потешко ми паѓа.
Ако си од Скопје, викни ја Јасна. Кај мене беше исто на почеток. Фати после месец. Во меѓувреме се измолзував цело време.
Бев кај неа на часови за трудници, сите техники за latching ги знам, ама не сум од Скопје за да дојде. Ќе терам вака уште малце дека малецка се роди 3 кила и си мислам нема сила да извади од града и страв ми е да не не напредува.
Пробај пред цицање мааалку одмолзи за да се активира let down рефлексот побрзо. Многу е малечко и нема сила. Пробај не давај шише, многу брзо ќе се навикне, полесно им е така. Таа Јасна ете ја фалат, ама исконсултирај ја и доење со љубов на инста, од тука е членка, супер е жената. Не се разочарувај, не се нервирај.
Ke fati malecko e uste ja se macev 15 dena so selikonska od ednata grada ne mozese ni da povlece samo nemoj da se nerviras ke se sredi