Женски, да препорачате некој баш убав градник за доење? Комфорен, мек, да не се изместуваат цело време тие внатре подлошките (а најубаво ако нема), воедно па нејќам некој ептен тврд пополнет.
Овој од Лиска ако ти влегува во буџет особено за поголеми гради, спијам со него без проблем, држи а не е непријатен никаде. И Луси верзијата ја имам таа е полнета, малку "за искачање" ми е тој https://www.lisca.mk/gradnik-za-doenje-bez-zica-mommy-love-02022522.html
Баш го меркав, а не отидов да го видам и го изумив, тенкс. Гледав на Women Secret и на Ојшо ама ко прекршени, испаѓаат од сите страни градите, апла неудобни се чинат. @merriel0 не сум знаела и маички дека има, ќе збркаат работа за летово, фала.
Еве у Ѓорче по 420 се, а во Стружанка 550... Јас окапав у маичкиве.. убаво стега под гради како прслуче држи. Е сега чипката се кине од лош потег. На една дури и чипката ја имам исечено па и така функционира.
И јас ги имам истиве, бела боја, 2 маички си земав уште кога почнав со доење. Убаво стегаат, ама градиве огромни ми станаа и што знам, еве и ден денес ме потат одоздола под градите
Леле ќути, Ни еден прслук не ме собира само овие. Ми извираат градите од прслуче. Е се поти, ама јас па у све се потам. А дома само по маичкава сум не носам ништо врз Има нешто со кое нема да се потам под гради? Што користиш ти?
Истоо, истоо, срам ми е веќе прслук да носам, носев со минимални потпунки, демек нагоре да стојат а имав гради и пред бременост и сега нема шанси да ги носам тие, ми излегуваат надвор јас строго памучни маички, дали во боја, дали со цветови, битно да е памук. А од прслучиња имам исто памучни без жици без потпунки, од NBB, да ги најдам ќе ти пратам сличе.
Баш сакав да ги спомнам тие од нбб, нема шанса да ги носам. А и 110 у 4ти месец трудноча купив, сега не ме крпи ни 130 да е. Јас без жица прслук тешка работа. Корпа несакам, може најтенка, обичен памук, ама без жица не ми држи ништо... Затоа мислам не се ни замарам да најдам. Дури се мислам да си модифицирам некој таков прслук со жица па да можам да дојам... Само бројче да најдам. Ми фали да се спастрам малку... И маичките се памучни, само што е подебело трикото... Ти смета материјалот?
Еве вакви си носам. Може градиве не ми се поткренати како со корпи што се тие прслучиња, ама па нежни ми се, удобни, тоа ми е побитно. Ќе кренам погоре прерамката и си носам. И во бременост ги носев до крај. Да да, како натунтрано ми е таму под гради и ме поти, а вака како маица дека памучна, не ми смета, пријатна е. Маче ти што прслук носиш? Јас да сум 85ка еве може 90ка зависи од модел.
Е наздравје нека ти се, мене не ми стојат овие воопшто. Љубоморам. Отворив калкулатор да мерам баш кој број да барам. Ми вика 85/G. А на страната на лиска ми вика таа големина не постои ќе си упукам у колено. Ништо, идам кај тетките да барам прслук.
Мајки да ве прашам по колку време ви цицаат на една дојка мојов во понеделник 3 месеци макс.5 минути.. Денес па ќе цицне ќе се тргне ке цицне ќе се тргне плаче вришти ги бута прстите во уста абе цела рака ја цица од кога ќе се тргне..а ждригнат е,пресоблечен носот чист...незнам што му е.. Само на доење е,и одвреме на време чајче по потреба. Баш чекам да видам колку напреднал месецов по 1250 качуваше..ама нешто со цицањево почна да ми завушава..Еве сеа несакаше да цица заспа со чајче вриштеше морав да му дадам ..
Ма цел ден вкупно 3 саати дали е спиен само во раце се смирува среќа бев кај мојте па само си го подававме
Цела тупаница во уста… почнав веќе да мислам дека немам млеко… одвај ја заспав… значи вриштење беше како да ја колам… липтање.. цицање макс 5 мин… не ми ни изгледа дека јадела. Единствено што ме теши е дека полни пелени и си кака нормална кака.