Мојов кака еднаш дневно во 7 сабајле.А мочка често.И ја така си мислам одма снемав млеко хаха ,ама еве го сеа спие и цица .
Исто и кај мене, 3 месеци и 1 недела сме се молиме да цицаме цицањето е максимум 5 минути плаче вришти ја дојам само кога е поспана иначе така нема шанси
смее ли да се пие колаген? Читав добар е за кожата, стрии, па да почнам барем со нешто после породување.
Читам на нет да се запази да нема адитиви, вештачки бои и засладувачи. А колаген како колаген чист, смее. И јас сакам да почнам да пијам... косава ми е чудна леплива, кожа сува. Крвна слика ми е супер..
Кога ги одвикнавте од доење бебушките и како? 7+ сме уште цицаме плус доручек и ручек имаме. Почнувам на работа од 25 март ад до сега немам дадено освен во болница и еднаш кога дојдовме дома зашто незнаев дали имам млеко. Ќе почнуваме на адаптација средина на март па од 25ти мм ќе чува бебо на одмор ќе е .. дали да почнам да давам ад па да оставам само сабајле и навечер да цицаме? Педијатар ми вика да си дојам бебо уште да не давам ад ама кога ќе почнам на работа јас нема да можам да се молзам колку што треба за да му даваат дома на бебо после доручек пред ручек .. зашто сабајле цицаме за 1ипол час ни е доручек па 2ч цицање, па 2ч ручек и до сабајле на цицање .. кажете совет прво бебо па незнам што како
Мене само Најлепше жеље со лешник ме мотивира Шега на страна благо мнг слабо деновиве и без вечера сум покрај малиот. Почна да се наѕира моето тело дека тука било цело време само маскирано со салце .
Здраво на сите.Бебето ми е старо 9 дена цица околу 20 минути па се успива 3 саата денски и така на секое доење додека навечер се буди точно на 2 саата.Се плашам да не е доволно најаден столица и урина си има редовно.А не го будам за јадење бидејќи така ми е кажано од педијатар.Да напоменам дека и знае мн да подзаспие додека цица најверојатно се заморува па продолжува пак.
Си купив урми тоа ми е благо. Доволно е. Од 38 до 44ка стигнав. Тетка не ми е равна. И тоа у бременост не ни бев здебелена. Наздравје нека ти е, сигурно е убаво да се осетиш у своја кожа...
Па искрено, мора да сменам.. а баш истражувам што уствари значи тоа благо коа ни се јаде, дека му фалат минерали на телото... Шоубаво ми беше коа не конзумирав ич шеќер... Ма и тоа ми е хаос...