Мислам дека штом заспало се наручкало И они осеќаат коа сме под стрес од што не можеме да се наместиме..од искуство ти кажувам. Најди за почеток една позиција што ќе ти е најлесно, па после и стоечки ќе доиш мене прва најлесна ми беше таа фудбал холд мислам се викаше - бебе на перница протнато под рака, и секако лежејќи. Инаку и моето додека се научи да фаќа левата лом ми ја направи..една недела доев плачејќи мислам дека од болка, ама не ја штедев градата за да не ми смали млеко. Редовно мачкај ланолин и ќе помине ко ништо да не било од тогаш еве 7 месеци супер сме..
За местење супер се местиме ама чудно ми беше што од едната цицаше супер, а после два саати од другата не сакаше. А не даваше знаци дека е гладна, јас како на тајмер на два саати па и понудив. Еве ја стана од спиење мирна е си гуга си седи. Да беше гладна ваљда ќе плачеше до сега..
Можно е да не и се цицаше дека она не бараше, јас сама и понудив дека два саати поминаа. Ама па отвараше уста како да и се цица бе..
Оо они само отвараат хахах. Ама како расте не се толку захтевни. Мојата не е за цицање зборам. Ти викам некогаш и на три саати цица, некад и 4 ри ако мавне некоја голема дремка. Во глобала од 2-3 саати цица.
А како знаеш кога е гладна? Глупо прашањево ама не знам дали да чекам да плаче или по што да приметам дека е гладна
Пак јас избац моето кенка коа е гладно и лошо е ако премине у плачење пошо после нејќе да фати Исто ме зацицува по врат, лице, рамо инаку да, и моето денски цица на 2-3ч, ноќе знае да сврзе и 5-6ч а неколку пати и повеќе.. сега со храна - доручек, некад денски бара и на 3, 3ипол ч. Во скоковите, грчевите и мешето ако го мачи знае да цица и на саат, саатипол ама поретко се дешава ова..
Па најчесто кенка, и се трља од мене, и само пробува да се спушти накај градата. Ама најчесто кенка како неее, нее така кенка. Тогаш и се јаде.
Навечер мојава уште од сега врзува по 6 саати хаха. Ајде баш ќе видам еве пак заспа, изгледа асално и се спиеше
Јас го познавам и кога нервозно и гласно ја шмука цуцлата. Инаку, и моево некогаш вака прави, фати пушти, се трга назад. Го дигам да ждригне и си продолжува без проблем. Или пробај стави му термофорче кога ќе почне да цица, да не го мачат гасови, да се опушти.
Ја кренав да ждригне и пак плаче, еве сега и од другата града така прави.. пробав ја вратив силиконската пак истото и со неа е нервозна.. грчеви немаме не е до тоа.. @Feniksgirl @angel4444 help..
Од силиконската многу поспоро му тече затоа. Инаку ждригнување откако скроз ќе заврши со цицање, зошто ако го кренам моево измеѓу подој цела населба ќе ечи Јас заспан никад не сум го ждригнувала инаку..ако се расони ќе биде леле мајко. Остави го на града колку оно сака..може не цица активно од глад, него така сака да седи.. Моето кога беше многу мало така правеше.. Колку месеци сте?
Во скок сте колку што знам. Примивте вакцини? Ако заспие не ја терај со сила да ждрига. Јас никад не правам така, ќе и прекинеш сон и после лудница ќе биде. Па кај мене не беше така, јас имав проблем со вештачките, премногу и течеше. Лом се правевме. Со града поспоро и тече.
Не примивме вакцини уште. Од скоков немаме уште ништо осетено, не верувам да е до тоа дека баш така да се погоди кога ја тргнав силиконската.. еве ја сега цица со силиконската пак и убаво си цица. Не знам ајде ќе пробам утре пак. Иначе мислам дека многу ми тече мене од градата и голта воздух се дави. Знае некој како да го успорам малку течењето ? @Feniksgirl заборавив да ти одговорам затоа те таг хаха
Мене така ми тече. Јасна ми рече кога ќе приметиш дека нели брзо голта, извади ја градата и ја стискам брадавката, да го сопрам млазот, и после тоа е неколку секунди пак и ја враќам. И така неколку пати дур помине тој силен млаз. И не се дави, ама воздух знае да голтне зашто е лакома. Ама сега веќе сама ждрига ко маж а скокот е веќе, не значи дека којзнае што ќе се дешава.
Добро јас не знам како да ги сметам сега неделите. Сега гледам кај др гуднајт првата недела од кога ќе се роди бебето ја сметаат како нулта недела. Аман комплицирано. Според тоа и според термин ние сме од утре 8ма.
Епа скок има во 8ма. Не значи дека ќе се изрази којзнае како. Кај нас на спиењето се изрази. На друго ништо. Според термин.
Ме полуде овој скок, вториот. Легни го, 10минути и се буди. Думкај, лулај 45 минути, ќе заспие 15 и пак исто. По цела ноќ, уфф...
Овој и 5. За 5 веќе се навикнав со бебе и скокови, се беше познато, ама вториот оти уште се ми беше ново, грчеви, плачење, неспиење, таман да се пореметам.