Што витамини пиете додека доите? Значи крвна слика топ, урина исто. Мене цело време ми е лошо… не знам што е. Притисок оке е. Значи или ми сестресува снага или ми се врти… почнувам да мислам дека сум нешто болна.
Па не знам, оке ми беше на крвна слика. Не знам стварно веќе. Од умор ли, не е дека не спијам. Не знам.
Ксни благо во тој момент, може да е шеќерот. Јас не умор, премор, зомби станав Лошо не ми е... Со 3 деца сум, две школски.. станувам секој ден во 6 и легнувам во 12. А бебе цица 2,3,4 пати од 12 до 6 едно месец дена Сега се па болни големиот и бебево... Плус и тироидна да си провериш. Бременост може да е тригер да се поремети функцијата на жлездата...
@Feniksgirl ако е крвната слика океј може да е од преумора ..јас така кога ми се врти каснувам чоколадо и ми е подобро. Тоа што се меки градите е океј не значи дека нема млеко..мене ми се цело време меки,а млеко полни,единствено ако се успие 5-6 саати тогаш се преполни тврди
И мене ми е така, веќе 8 месеци после пораѓај. Крвна слика правев пред една недела, се супер. Ајде, во бременост железо, хемоглобин и еритроцити намалени, ама сега се ок. А осеќам на моменти како кратки вртоглавици или снемувам сила.
Леле не знаев дека тироидната може да се поромети од бременост. Уште тоа ми треба. До сега никад сум немала проблем нит па некој во фамилија има. И тоа ќе проверам, вака не знам ни што симптоми има. Пред бременост 1.75 ми беше тсх. Ќе пробам и така, избегнувам благо од кога се породив. Малку повеќе сум депре заради телово постпартум, па веќе кога не смеам да скратам на храна, барем на благо скратив. И на другарка и е исто. Може и е умор, не знам не се осеќам преуморно, може и не осеќам ама уморот си работи во позадина. Сепак ќе си пијам премама, и онака ништо не внесувам од витамини дополнително.
И јас се осеќам поуморно сега кога бебето врзува повеќе навечер, отколку на почеток кога не спиевме ич
Јас веќе втор пат пробувам да ги прекинам чаевите за лактација ама и овој и претходниот пат чим ги прекинам ми се ствараат грутки во градите. Бебе сеуште цица кога сака, колку сака (некогаш е и преку цела ноќ, денски на секој саат до саат и пол). Спиеме заедно на спална сеуште ради грчевите. Вришти ако го оставиме во креветче и со тоа си цица кога ќе посака (исто како додека беше новороденче). Читам на другите веќе на два саата ви цицаат. Мојов не ни спие да сврзе два три саата, освен кога шетаме надвор. Дали може да е нешто со грутките од тоа што ги прекинувам чаевите за лактација или од cluster feeding што сеуште ни трае? Чаре?
Па мислам нормална ствар е грутки да имаш, се полнат жлездите... И јас сум со меки гради и грутки кои се полнат и празнат, 7+ е беба. Нека ме поправи некоја мама ако не треба да е вака. Купи си обичен чај од анасон на Бекутан, продолжи со него лабавко... Не си прави шокови безвезе.
За измолзено млеко, носи вода во термос, не ти треба специјален греач. Јас вадев замрзната ќеса од фрижидер кога искачаме, додека дојде време за јадење ќе пушти малку. Врела вода во термос и само ја пуштам ќесата во водата. За 3мин таман е за пиење. Ако одев во кафич или негде на гости, ќе побарам топла вода да ми дадат, буквално само замрзнатото млеко и празно шише сум носела.
Околу 2 саата има сеуште замрзнато млеко и стои ладно, така ставено во ранец. Уште 1 саат до надворешна температура. Ако било лето во најжешкото и сме надвор, го ставав во изолирана торбичка, без фреон само колку побавно да се одмрзнува. Најчесто не ми се стопувало само, мора во топла вода да се стави. Не сум имала проблем да ми се стопли предвреме, ама јас и точно знаев кога бебе ќе јаде дека беше на распоред. Значи сум можела да планирам, пример млекото го вадам во 10 и искачаме, знам дека во 12 ќе му го дадам.
Дали оброк (цврста храна) треба да замени едно доење или не? Моево и јаде и пак после цица. И вода дали давате после јадење?