Не знам ама 200 грама за две недели? Не е нормално… три и пол сме. Почнав да се загрижувам… ние како тргнавме одвај ќе стигнеме да дуплираме родилна на 6. Не знам дали да вметнам и адаптирано…
И мојава качи 260 за две недели. Моча се утепува од мочање, ставам пелена за 10 мин е мочана и само се дува. Кака од еднаш до двапати дневно. Сува пелена сме немале до сега. Цица на отприлика 2 саати, некогаш на 3, на 4. Зависи. Навечер спие од 10 до 6, 7 без станување. Ваљда е океј. Колку тежи твојава сега?
Само цица? Ставај нека цица почесто. И тој скокот е тука околу 3 лош. И да дадеш ад, може нема да пие. Другово девојче по макс 600г ставаше прв и втор месец, 9500г беше на 12 (а родена 3800). Додека другава женска еве ја на 7м е 9кг Манекенка си беше и си остана поголемката, а јаде све. Уште подобро, зошто со големиот се расправам да не јаде толку... има вишак он А ова третово е батко 2ка Јас би ви рекла ако бебе изгледа нормално, не слабо.. да не се загрижувате. Неможе исто секое бебе да става, разни гени се сите. Башка некогаш ќе стави повеќе, некогаш помалку, некогаш и во висина ќе отидат плус.. Мојава ако е тешка, една фалта нема. Ама е многууу висока. Гледајте и тоа, дали според висината има океј тежина.. тоа е побитно. 71цм на 6м беше, додека сестра и на 12м била 75цм. За висината, килажите им биле сосема во ред.. без разлика на месеците.
6260 ја измери патронажната. Само 200 грама качила. За две недели. Што ми е веќе ненормално. Цица 6 пати макс.. не бара многу. Вчера одвај стигнавме до 6 подои. Одвај. Некогаш мислам ако не и дадам јас она нема да побара. Се поремети од коа прими рота… и цицањето и е поразлично, ццка на секое, лапа, пушта. Поише млеко надвор отколку во уста, 5 мин одвај цица. Еве прееска на тоа цицање, 100 гр после цицање ја измери, а цицањево што да ти кажам три минути повеќе надвор отколку во уста.
Да, само цица. Ама не сака… се напиња, не сака. Од коа прими рота се поремети… не знам што и е… стварно се загрижувам. Не е скок, по термин не е, по раѓање е во 4 ти. Ама нели не се рачуна така.
Од 10 до 6 не се буди за цицање? На колку месеци се дешава ова Јас се грижам дали доволно ја држи моето млеко дека на 2ипол часа се буди навечер ретко 3, вчера сврза 4ипол во шок бев. Ама после до сабајле на 1саат стануваше.
Од 2 месеца така спие. Сега сме 2 месеци и 2 недели значи веќе 2 недели хаха. Пред некоја вечер заспа во 9 и 45 и стана сабајле во 7ипол прво станување. Да не се урочам само хахаха
Кај да најдам прекривка за доење? Има на тему и али ама сакам од кај нас да не ја чекам 2 недели и кусур.
Да да за надвор, мислев и за тетра ама овие имаат како врвка за преку врат попрактични ми стојат дека нема да се измрдуваат.
Исто е и кај нас после вакцини се поремети и спиење и цицање . А и плус ние вејќе сме во тој 4ти скок , и незнам штп да мислам појќе дали е до скок , дали има мака , дали така и се сака . А со килажава зедов и вага за да ја мерам ама не на секое , секоја недела и почна помалце да качува . До пред некое време 200 гр неделно , последниве две недели едвај 150 гр .
По колку време обично ги држите за доење? Моето цица после ќе ми заспие и кога ќе го тргнам он продолжува и така цел ден додека не го тргнам скроз и после си заспива.Од кога им се појавува осетот дека се најадени?
Колкаво е бебето? Мојата на почетокот просек и беше по 12мин ама она цицаше асално, не ждригнуваше, ќе ја исправев, ќе бљуцнеше. На два саати цицаше, едвај и толку издржуваше. Не го оставај цело време на града, ако е многу мало, те бара во близина, може да не е толку за млеко. Ставај си бар некој лимит, ете 15мин, ако убаво цица, ќе си се најаде за тоа време, не можеш цел ден на града да го чуваш. Следи и кога му се спие, нека се нацица и остави го да спие.
Не знам што да правам, не оти го сакам чајов, имам ешерихија, на брис ми покажа..брусница планирам да пијам ама си мислев и овој чај, освен атб и вагиналети
Си се подреков ноќеска ми стана во 3 па во 6 па во 7 туку друго да прашам. И нудам да цица на два саати, цица 4,5 минути макс и се трга, како да не е гладна. За разлика од ете насабајле цицањето ако не била јадена цела ноќ активно си цица 10 минути синсе најадува. Да пробам да зголемам време меѓу подои, да пробам на 2ипол саати да и давам?
Брусница само ако e уринарна инфекција. Ако ја имаш на ваг брис, имаше еден чај од кај Стојанови, Антибактериски за бремени и доилки. Можеш тоа да додадеш. И пробиотик со лактобацили како капсули за вагинална флора да се регенерира. Разгледај онлајн што е најдобро за вагиналната флора, во аптека ке ти бутнат нешто што мора да потрошат.