На вагинален брис ми се појави не сум знаела, фала на помошта, имаат аптека кај Беко? Така беше нешто мислам..или и на др место? Земав прееска тие Лактогин, читав и тука доста ги фалат, па ај реков да пробам. А од Понеделник ќе барам рецепт за антибиотик. За флорава на папот ми покажа дека не била ок па ми стана јасно кога стигна и брисов.
Кај билната на Алкалоид малку накај раскрсницата во зелената зграда, на паркингот им гледа дуќанот. Со цвеќиња им беше полн порано. Ги имам слушнато Лактогин, само знаеш, 2 часа после антибиотикот да ги пиеш, немој истовремено. И јогурт пробиотски пиј си редовно. Јас имав мака порано, имав чисти брисеви, ама непријатно чувство ко од Кандида. Користам пробиотски јогурт секој ден превентивно. Можеш и тоа да си вклучиш, штета немаш.
Дали е можно доење на една града ? Бебе 4 месеци е од десна града цица од лева вејќе неколку дена несака да цица. Имам пробано се кога е поспано ,различни пози . Не е настината нема носе затнато или нешто друго. Едноставно нејќи на таа страна .
Лелее не знам што се збунив, знам која е, во Кисела вода, сум земала од таму чаеви. Ги земав вагиналетките, не оралните. Секогаш повеќе вагиналети ми помагале. Каков пробиотски јогурт? Оној Баланс + таков јогурт користиш? Јас обожавам, ќе си земам и тоа.
Па сега и Бучен имаат пробиотски, тој го пијам. Ама да не ги рекламирам, и тој и тој пијам. Па најверојатно уште подобро вагиналетки.
Да не кажеше вака, немаше да ми текне да проверам сега кој ги произведува Бучен производите имаа нештоо, од твое градче се шалам, дома ни се омилени, киселото млеко посебно. Сега ќе го пробам и тој јогурт
Хахаха, и Стојанови се кумановци. Ептен испаднав локал-патриот. Шега на страна, чаевите ептен си ги сакам. Маточината им е најубава.
ее за нив не знаев да да, гледам битно нека помагаат ако ти ги препорача по патриотска страна Да не сме оф топик, тенк ју нај за препораките
Ние бевме до 2ипол месеца со силиконска на чико .. хаос беше ајде дење се издржуваше ама ноќе крш стануваш идеш попаруваш силиконска па идеш да спиеш и од ново пак .. јас почнав на 2месеца во сред цицаее да вадам силиконска ќе профолжеше да цица па ќе почнеше дс се нервира да плаче пак враќав силиконска па пак тргав бев упорна и на 2ипол успеавме да ги оставиме па конечно живнав од миење на силиконски од поплавување на чаршав додека цицавме (лежејќи бидејќи се одлепуваше силиконската со само поместување а и неможев да седам од после пораѓај од хемороиди). Биди упорна и ќе се откажете мене патронажната кога беше ми кажа поголеми брадавици од усте негде накак 3мес ќе може да ги оставите со упорност. Иначе се засркнувавме и ние во силиконската има мн млеко и им доаѓа нагло затоа така е ..
Јас живеев близу аптеката Стојанови, но јас од Зегин си купував таков чај, со ешерихија мака мачев дур не го најдов чајот и почнав со домашни ферменти. Лакто ферментација, т.е. тие бактерии што ги бараш ги имаш во кефир, кисело тесто, комбуха, расол т.е. sauerkraut... Се спремам да отворам ваква тема на форумов. Јас одкоа конзумирам ферменти топ сум со габи и бактерии...
Бебе 7м, на доење само. Од синоќа осеќам некоја болка како пецкање во левата града. Трае 2 секунди, прекинува, ама послето пак се појавува..на 2 мин постојано осеќам..Земав да молзам викам да не е нешто запушено, за 3 мин извадив 40мл само, а цицано беше бебето пред 2ч..знам дека измолзена количина не е репер за млекото, бидејќи бебево одлично напредува и моча екстремно многу..но се загрижив.. Од што може да е болката? Ако треба да одам негде како ќе остаам млеко ако не вадам со пумпа? Или да земам нова..
Мораш да молзиш често за да можеш да молзиш коа треба... А инаку и јас ја имам болката ама ја имав и пред неколку месеци... Тогаш ми беше кажано дека од што се праи млекце...
Не знам ств дека и 2 оброци воведов и бебе спие по 10-12ч навечер без цицање да не ми се затнал некој канал се плашам.. исто ми рекоа кандида да не е, така имало пецкање. Ама бебе нема никакви бели наслаги во уста, ниту јас на града..исто и зарем е можно само една града да има? Има некој искуство со кандида? Јасна ми рече да се премивам 2-3x дневно со сода вода превентивно
И јас имам такви пецкања и најчесто после некое време бара да цица бебе. Мислам дека е нормално тоа пецкање јас константно го имам по 2 до 3 пати на ден . Бидена сум и да ме видат пошто на почеток ми беше страв нешто да не имам ама ми кажаа млеко се прави и од тоа е . (По старински да речам,баба како што ми велеше кога ќе те пецка значи уште му се цица на бебе )
Дали циклусот ви беше нормален на тие што добивте одма (а доите)? Добив 3 пати, на 30-32 дена циклус, а сега терам 47ми ден (односно 14тина дена доцни)... Меѓу циклусов имав 2 крварења со по малку кафено (1,2 дена)...
Jas eve ke ti kazam za moevo. Se rodi 2670 utre ke pravime eden mesec edvaj sme do 2900. Em cica em na adaptirano. Adaptirano davam na 3h a cicka koga saka i kolku saka. Ovaa nedela pocna da mi kacuva samo na kilaza,pred toa nisto. Plus padna na 2540 koga izlegovme od bolnica. I jas bev zagrizena mnogu ama ete ima periodi koga kacuva koga stagnira. Mene barem taka mi kaza pedijatarot