Bas pravev muabet so pedijatarot deka mi spiese po 4-5 saati preku den,i go prasav dali da budam za cicanje mi rece ne. Stom dete spie 4-5 saati ubavo e nadoeno i nemaa pptreba da go budis. Stom e gladno ke si se razbudi. Eve sega pocna na 3h da se budi za podoi nekogas na 2h zavisi.
Доење и саат не одат рака под рака. Тоа за новороденче важи кога уште не знаат кај се и се чистат од жолтица, 5 месеци бебе не верувам дека нема да бара јадење. Да седи пола ден гладно, 5 месечно бебе со нормален развој па ич не верувам. Се дои на барање бидејќи никад не си сигурен колкав трансфер има на млеко со секој подој. Некад ќе цицне 2 минути и ќе е сито, друг пат ќе се лигави пола саат и пак ќе бара за саат време, сигурно нема да речеш извини јадеше пред малку. Јас нудев на три саати само првиот месец, после тоа бебе си диктираше темпо. Ако ги слушав советите од Систина никад не ќе успеев да дојам.
Колку кила има? Со првото не доеше? Не ти плаче дека е најадена. Цело време и даваш, нема кога да заплаче.
Доено и првото на ист принцип. Можно е да не е гладна па затоа ќе цицне малку и се трга. Навечер сама се буди и бара, не ја будам јас. Преку ден и нудам само. Пробав на некои три четири месеци како што вие викате да и одложувам и дупло помалце имаше качено на килажа на контрола, па се вратив на старо да и нудам на два, три саати и така остана до денес. Ќе пробам пак да и одложувам, па ќе видам што како. Секако почнуваме и со вкусови, па ќе видиме како ќе биде. Инаку на последна контрола пред една недела беше некаде 7.200/300. Педијатарот рече ок е.
А нели пиша пред некој ден за зелената кака, дека и твоево на два саати цица, дека не е гладна? Дека ми се изначудивте, се осетив како кој знае што погрешно да правам што и нудам да цица
Абе и тебе ти е второ, па некако се ти е ново, викаш. Не и е каката од гладна. Мојата цица на 2-4 часа. Кога ќе побара. Каката сама по себе не е знак на гладна. Не и нудам ја со сила да цица на два саати. Нормално дека ќе качи помалку, кога ти уствари ја тераш да јаде цело време, и коа ќе скратиш да се храни нормално ќе качи колку што треба. Исто и ние да намалиме нема да качиме исто како кога би јаделе на два саати. Мојата не кака цело време зелено, два пати и се деси и тоа втората кака, што испадна дека премногу брзо се сватли храната и затоа зелена. Накај зелено, не беше скроз зелена. Никој не те нападна, само ти викаат дека не е правилно така. А секако ти ќе одлучиш како ќе си постапиш понатаму.
Бев на гинеколог да не ме мислите Ме има скокнато скроз. Ќе добијам рече матичната мартов, ама не одма. Најверојатно касни затоа што премногу цицаше периодов (многу станува навечер), стрес, неспиење...
Буквално исто,само што моево е по кенкаво од кога прими Рота,стануваме во 7 цица 5 минути после во 11 и да му нудам несака кога го ставам на града пишти вришти се трга..И јас се мислам како гладен да е зашто е цело време плачлив и не врзува сон 15 минити и буден е..Се си мислам да купам еден Аптамил да пробам кога е жустро..А навечер се буди точно на 2 саата цица кога како ама макс.5 мин.
Не и јас со сила не и нудам, реков дека на два саати и нудам да цица, до скоро и беше таман и не се бунеше си цицаше, не се тргаше. Сега овие две недели почна да цицнува и се трга. Веројатно е некоја фаза, читам сега и твоево има и на други членки имаат некоја промена во цицањето. Менуваат веројатно како растат, што знам.
Остај… сега следна недела сме на ревакцина. Од вчера малку се опраи со цицањево, сега коа ќе ми текне пак дека ќе прими ми се темни… значи после два месеци малку се опраи..
Мајки ние сме 7недели и сме на доење. Бебенцето ми е веќе неколку дена наполнето со шлајм во грло. Носено на лекар на плуќа е чист, и дадено ни е само капки за нос. Моментално имаме проблем со доењето не може да цица, се дави цело време, избезумена сум, ја бројам секоја капка што ќе ја голтне. Имам дома и вага го мерам нема покачено ни грам овие денови дека не цица доволно. Искуства?
Какви капки ставате? Нас Синомарин највеќе ни помогна, ставав и од ампулите и спрејот (исто имаат 2,3% NaCl). И после 5мин влечев со аспиратор..
Кажи ги нус појавите од ротата на докторката. И кај мене после втората доза едвај се оправи, месец и пол беше со грчеви, течни столици, крв и др одлучи да не прими трета доза.
Немаше ништо такво, само заборави да цица.. буквално не знае да цица… ццка на секое, пушти влечи.. повеќе надвор од внатре.. катастрофа.