Мене ми рече да и давам коа ќе посака. Може дека поголеми сме. Ние следна недела сме, па ќе видиме колку напреднала. Се надевам ќе биде супер.
Јас ја имам на Филипс електричната, презадоволна сум. Мислам на Ананас беше на попуст, ако си заинтересирана, погледни си таму. Во Зегин е поскапа.
Дали тие што сте со алергија, пиете антихистамини во доење? Смее...? Ми почнува алергијата (на борови, зимзелени што се опрашуваат периодов).. Минатата год бев и на лекар (дека бремена) и таа ко да не знаеше дали смеам или не да пијам, само спреј Флексоназе ми препиша и рече да прашам гинеколог за апчиња. Сега веќе не ми се ни оди на контрола па. Оваа алергија ја имам со години. Спреј ќе земам сама.. ама апчиња незнам кои и дали смеам. Алергијата ми трае 20тина дена додека пуштаат боровите (во двор ги имам куп ко за беља), а после на пролетната алергија не реагирам... добра сум тогаш.
Јас сум со алергиска астма и уште во Февруари почнав да чувствувам симптоми, ама полесни. Јас сум со хронична терапија, спреј Спиромакс и спреј за нос Риноко. Таблети не користам, ама ми има кажано пулмологот дека смеам. Значи мене и бремена и сега дојам, ми дозволи кортико па и тие се дозволени. Кои си ги пиела порано?
Апчиња (антихистамини) во бременост не ми дозволија... а прскав Риноко. Инаку имам пиено аеирус, летизен. Се јавив кај матичната и и кажав дека сакам приватно да земам спреј, да не лутам по специјалисти сеа. Апчиња ми рече да не зимам, ми рече да земам Dymista спреј. Тој бил и кортико и антихистамин, малку поскап ама ефикасен доста. Па го земав сега тој. Прснав пред малку, леле кога фати цел нос да ме скокотка како да ми лази нешто Дека цела слузница ми е потечена (скроз сум затната), дали се собира моментално
Тоа сакав да се надоврзам на постот погоре, може сега не ти дозволиле таблети, за да не оди во млекото. Ти кажа зошто не ти дозволува таблетки? Јас само Летизен имам пиено и едни др, не ми текнува на името, ужасни ми беа, ама тоа пред повеќе години. Јес да веќе ниту Летизен не користам. Изгледа до тоа е да не го знам спрејов, ама ако помага, ставај.
Не ми кажа зошто... ама рече овој многу ефикасен бил. Стварно скроз се одзатнав, ко нов ми е носов. Ама 1000че спрејов...
Ако ти е за кратко немаш гајле, мене спрејот за дишење ми е 500ден и тоа со рецепт..секој месец по толку..битно нека помагаат, еве јас без него не можам, одма свирам кај градите и кашлам
Па се надевам со третово родено нема и на пролет алергична да станам Дека оваа алергија на борови по раѓање на второто ми се активираше... А истата алергија ја има и татко ми, од млад... Среќа има решение бар, да дишиме асално. Првата година кога ме фати, такво воспаление напраив, секрет, па грло, па спуштив на плуќа... и на крај кога станав бумбар во очите и лицето, на матичната и светна дека ми е алергија. А испив 2 дози антибиотик, џабе Ме стави одма на апчиња, спреј и за 5 дена како нова бев. Од тогаш навака 7год, јас си знам февруари почнува алергијата...
До кога трае овој штрајк со доење,не сака да цица ми се трга цело време,само ноќе убаво цица,др вика досадно и било цицањето во скок е вајда,ама јас ја мислам да не е гладна,4 и пол месеци сме
https://www.google.com/imgres?imgurl=https://thenestandco.com/cdn/shop/files/9f417aa667fa305a6df43b75e0198852cbd64ae005d601e552e6ed3261850c8d_720x.webp?v=1707429387&tbnid=PJMBNjrOLcgroM&vet=1&imgrefurl=https://thenestandco.com/products/my-brest-friend-super-deluxe-nursing-pillow&docid=SndpJOLcXKmcJM&w=720&h=720&itg=1&source=sh/x/im/m1/0&kgs=75dbd6c9209fdfda Дали некаде кај нас може да се најде ваква или слична тврда перница за доење. Имам големи гради и никако не можам да се наместам убаво за доење, се храниме само во football hold но не знам како да се наместам да се потпрам и цело време сум згрбавена нанапред, после само еден месец ме боли грбот, а што ќе биде понатаму си викам можеби со ваква перница би можела поубави пози да најдам...
Јас од почеток еве до сега само вака ја дојам малава. Ваква перница не сум видела. Јас сум ставала перници позади мене, кај грбот, неа повеќе ја држев на рака колку можам поткрената. Инаку едно време се снаоѓав, перницата за трудници, ќе ја ставев околу мене и едниот дел под бебето, и супер беше така поткрената. Пробај вака.
Јас сега ставам перница за доење околу мене, ама ја поткревам неа на перничиња за да ми биде бебе повисоко а пак некако имам потреба да се навалам напред, и плус редам позади мене, иако за џабе, и многу процедура ми е затоа мислев дека можда ваква перница би ми олеснила
Каков термос користиш за ова? И доколку се случи да не ти притребало, колку време може да се користи тоа млеко откако ќе се одмрзне а не е во фрижидер?
Најобичен од пола литро. Го купив од базаро мислам тогаш. Битно грлото да е широко да може кесата млеко да ја пикнеп внатре, или друг сад да имаш да претуриш. Ако не ми требало во моментот, секако го давав на бебе на следно јадење дома истиот ден, па се молзев за нова кеса да замрзнам. Еднаш одмрзнато може да стои во фрижидер обичен до 24ч, ама ако сум го шетала надвор одма го користев. Така никогаш не сум фрлила млеко, плус да се обновува резервата, сум искористила постаро млеко, а сум замрзнала ново тазе.