Ај помош од вас како поискусни сакам од мерак да и купам патики конверс на малава колку за дотерување да и ги облечам, е сега пошто сме 5 месеци кое бројче да и земам сега барем да ги носи и кога ќе почнам да ја ставам на ножиња да прави чекори да не испадне само за слика сум ги купила
Трета недела сме и супер си цица беба али веќе неколку дена имам висока температура и грутки на едната града. Ставав жешки облоги да пушти млеко и тоа беше тогаш за тогаш. Се туширам со жешка вода, масирам, ставам зелка ама се е за кратко и пак ми се активираат грутките. Некој совет?
Па не мораш цела града, можеш само колку да ја олесниш. По 30-40 мл и да си ги собираш цел ден, па ете ќе си замрзнеш, и ќе си имаш да си оставиш кесички и да оставиш бебе друг да го чува.
Здраво,бебето ми е 2 месеци и е само на доење. Пред 3 дена првпат добив менструација после пораѓај, и забележувам дека ми е намалено млекото. На пример кога се измолзувам сабајле,претходно полнев шише 120-130 мл, сега едвај 50. Дали ќе ми надојде пак или нема врска циклусот со млекото
Ќе се стабилизира за некој ден, и мене ми е така секогаш кога ќе добијам, Пиј повеќе течности и здрава храна овие денови е особено важно.
Девојки малата 24ч нема цицано. Мене левата града ми е камен и ми капе млеко. Што да правам да се намали?
Според Јасна 20% само. Пробај рачно прво мене така ми е побрзо стискам од горе накај брадавицата. А зошто бебе не цица?