Колкаво е бебето? Мислам скроз мало е така? Имате поминато контрола прва на педијатар? Ако има поминато контрола и напредува убаво најчесто препорачуваат да не се буди. Мојава како на саат се будеше на точно 2 часа. Еве ја 2 ипол недели е, последниве неколку дена на 4 часа прокенкува за цицање навечер, а преку ден си е се уште на макс 2, 2 ипол часа. Ама имаше качено 350 гр за 8 дена и педијатарот ми рече да ја оставам навечер и по 5 часа ако спие.