1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    Тогаш молзи и молзеното млеко давај му го да го пие, ќе се научи, мене првиот ден кога ме пуштија од болница цел ден немаше ич цицано не знаеше да фати, и вечерта почна да цица дури..
    Каква пумпа за мозлење имаш? Има разлика и од пумпа до пумпа за тоа колку млеко вадиш, така да не се ослонувај на тоа многу па да се разочаруваш дека немаш млеко
     
  2. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Денес бевме на педијатар. 5300 е. Пред еден месец беше 4700. Педијатар вика одлична е, буцка. И се пожалив за цицањево вика ај да видиме. Ми ги виде градиве шприца млеко, ајде стави бебе да цица она влече лакомо кутрата ама исто така со плачење. Брадавиците ми ги влече одлично значи се е супер со доењето освен тоа што мене пребрзо ми тече млекото и она се дави. Нејсе, ми рече пробувај без постепено. Ама јас немам душа на детево секое јадење кај што треба да осеќа близина со мене и смирено да цица да го тераме со плачење и засркнување. Кутро дете мирно сака да си се најаде она во 3 минути е веќе преморена и преполнета со воздух. Ај кажете ми толку ли е лошо да продолжам со силиконски? Ќе се мачам ќе ги мијам на секое само нека си цица како што треба, не можам да ја гледам како плаче на секој подој до зајдување ;(
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Исто прави и мојата. Се загрцнува. Секој подој, ама буквално. Зашто не пробаш како што ти кажав, кога ќе дојде млазот тргни и сопри со прстот, па пак дај и го цицето. Јас така правам и така не плаче кога ќе се загрцне. Мене дури и ме боли кога надоаѓа јакиот млаз. Многу чудно, кај мене ужас беше со силиконски, тоа лом правење, и зајдуваше кога ќе се загрцне.
     
  4. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Имам пробано се, многу е нервозна, немам време да го правам сето тоа не е стрплива. Прво не ме пушта па се фрла со главата назад, како што се фрла назад со главата тоа што го чува во уста млекото го голта и се засркнува лом се правиме двете мене цицкиве ми шприцаат. Со силиконскиве не е така, си цица полека на раат 10 минути, некогаш ќе си задреме, ме галка со рачето.. си викам зашто да ја мачам упорно. Не знам веќе што е попаметно
     
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто така, една секунда е тоа со прстот. Многу чудно со силиконскиве, обично тие се полнат премногу, па тече на сите страни. Исто, ми шприца од двете гради и ме боли кога надоаѓа млазот јак. Тоа е за да го прекинеш млазот и даваш пак одма, два ти пати правам така и толку, се намалува. Она е научена на силиконски, затоа вака и е без. Како ја доиш? Ја држиш легната?
     
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Па да легната ама поткрената од кај што цица. И ја налегнувам малку врз мене. Не знам ова моево дете чим и ја извадам цицката од уста вришти корне додека не се најаде. Ај ќе пробам и вака како што ми викаш уфф се изнамачив веќе стварно
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.456
    Допаѓања:
    9.241
    Пол:
    Женски
    Нашиве изгледа многу лакоми, мојава коа и се јаде, вришти, само што ја види цицката одма и светкаат очите и се смирува зашто знае дека ќе јаде.:rofl:
     
    На merriel0 и Dodo1 им се допаѓа ова.
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Премногу е лакома ја вакво цицање немам видено до сега.. хахаха и после ждрига како чиче некое пресмешна е
     
    На Mother of 2boys, merriel0 и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.944
    Девојки ако некоја сака Хаака, а не и се даваат 1700ден за 100мл чашка со капаче, земав на непозната марка да пробам и е екстра ефикасна. Моментално е 500ден ја најдов на Еликсир беше на попуст за 380 ја земав. Сигурно и во други аптеки ја има. Мене навечер или кога спие повеќе многу ми тече и додека цица од другата, по барем 20мл собирам без труд со чашкава.
     
  10. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    4.166
    Пол:
    Женски
    Имам јас на Хаака и чашка и бубамара. Чашката никако не можам да ја наместам… ем ме боли многу вакуумот, ем не капе ништо… а бубамарата ептен ми се наоѓа.
    Ти како ја местиш?
    На оваа чашка мислиш нели?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_6418.png
      IMG_6418.png
      Големина на фајлот:
      257 KB
      Прегледи:
      3
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.944
    Да, да таква чашка. Треба да ја свиткаш горе, да ја стиснеш и да ја наместиш на брадавицата па да ја превртиш. Еве сликовито
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.446
    Допаѓања:
    4.166
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе и дадам пак шанса :D
    Многу млеко имам и со електрична се пумпам, а многу сакав со оваа. Дури се мислев Јасна да ја викнам да ми ја намести :rofl:
    Ама ќе пробам пак сама според видеово. Фала ти
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.944
    Оваа е за олеснување, не може да извади како електричната ама let down-от го фаќа плус нема бука:D Не знам колку ќе функционира кога ќе ми се регулира лактацијата па не ми се земаше оригиналот.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Од кика од локо кроко електрична е од 2300 ден беше ....Тој фаќа се убаво града влечи ама ми заспива ми рекоа мало е немало толку сила ...
     
  15. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    1.466
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам истата пумпа, мене добра ми се покажа.. молзи и давај му го млекцето твое, видов дека е малецко бебе под 3кг, нема сила може и затоа, ама брзо растат на почеток, од ден на ден се повеќе и повеќе сила ќе му доаѓа , не се секирај ич, ќе си порасне:inlove:
     
  16. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.484
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Молзи се мајка не се откажувај, колку шо ќе измолзиш дај му па после пак на града ќе доцица шо останало.