Да, Јасна е сертифициран консултант за доење и доколку ви треба помош доаѓа на консултација кај вас. Треба да ја исконтактираш на инста @jasnic_80 да и кажеш дека сакаш да те посети и ќе се договорите кога. Како што читам искуства а и според моето, доаѓа брзо Мене ми требаше помош за да ги тргнеме силиконските па ми даде tips and tricks, а и дополнителни совети околу доењето. Уште од моментот кога беше скроз ги тргнавме силиконските, па сега ќе ја викнам пак да ми помогне со фатот и да мериме пред и после подој, ме интересира колку јаде бебла
Искрено, мене Јасна и не ми помогна толку, освен што ми ја измери да ми каже колку исцицала. Се што овде имав прочитано и што гледав на јутјуб истото ми го кажа. Дека треба длабоко да фати, дека треба ареолата да е внатре колку што може повеќе. Да ја дојдам подлегната за да не и тече многу и слично. Се тоа знаев од овде и ете, пак не можам без силиконски зашто премногу се дави. Така да според мене може и од овде многу да се научи и да се применат советите што ги кажуваат членките, буквално истото ми го кажа и она. Ама тогаш бев очајна и ја викнав зашто мислев којзнае што прави женава, ама искрено ништо посебно. Ова е мое искуство, има и многу што се презадоволни..
@Dodo1 Мене ми даде многу кураж да ти кажам, што за мене како личност многу ми треба. Исто и во болница, да ја немаше сестрата што беше 2ра смена јас ќе баталев доење уште тогаш, ама тоа и до мојот карактер ќе е Јас исто сум тип што се чита и гледа, и мислам дека од толку читање и гледање повеќе се збркувам, вака кога ќе ми каже некој што знам дека знае ми е полесно, особено ако гледам резултат Еве сеа на пример знам дека треба да фати длабоко со повеќе ареола, 200 начини пробав, ама сигурно нешто пак не правам како што треба штом ме боли. Кога ќе ми укаже она кај грешам и ќе ми покаже како треба ќе сум многу посамоуверена тоа знам
Шо смеам ако имам уринарна инфекција? Ќе одам на матичен утре. Пијам брусница чај. Увин знам не смеам. У процес на одбивање сме ама уште има неколку подои. Освен парацетамол за болка, блокмакс? Знам треба антибиотик ако имам бактерија.
Јас кога бев бремена за мокрачата често пиев d-manozinn, кесички прашак на база на брусница, прашај за нив дали смееш, макар што мислам дека можи штом ги даваат во бременост
Значи чајов Лактамикс е врв, не пиев два три дена какаше по еднаш ама додека се искака ептен мака. Почнав пак да пијам и ете го полни пелени по 3 пати.
Здраво.Ме интересира дали може да се замрзне заедно мајчиното млеко од 2 молзење во рок од 5-6 ч?Имам малку млеко и тоа само од 1 града по 15 мл од доење.Или секое одмолзување да се замрзнува посебно?
Дали надоаѓа многу млеко од него, дека нели за тоа чајот а млеко фала богу имам ама ако помага за да се искака да пијам, се случува повеќе дена да не е покакан
Можеш, јас и од неколку дена различни заледувам, со тоа што најстарото гледам да не е повеќе од 3 дена, и неговиот датум го забележувам
Мила старо е мислењево , но дали користеше парасофтин додека доеше? И јас сакам да земам , гледав на интернет според составот дозволено е, но ако има некој искуство нека сподели
Мислам дека не ставив. Ама ставив од кога престанав да дојам На прва искуството супер, ама после тоа се упропастуваат стапалата, пукаат колку и да ги мачкаш па треба време да се оправат. Јас втор пат не ставив
Сега те читам сори Надоаѓа, мене кога пијам навечер дека поретко цица ептен ми претекуваат, цела сум утоп А преку ден тој let down рефлексот многу често го имам…