Жени трето бебче ама секое бебе е различно. со другите две немав ваква мака. уште одма ми ги разрани брадаивиците ми направи како линии црвени ваљда рагади се. Е сега млеко имам цица убаво убаво полни пелени. Ама вчера цицаше многу и кога ја кренав за да ждригне ја чекав не ждригна. какана беше ај да пресоблечам и почна да поригува сигурно и се врати поврати малку ама млеко измешано со крв она цицала и крв и ноќеска каките и беа темни се исплашив да ви кажам. дали од крвта и е таква каката? до сега жолта и беше кажете лек за брадавициве ужасно боли
Јас користам ланолин од Дм супер ми се покажа и мачакај од млекото,со второво првите неколку дена само имав мака сега супер си цица.Да не нема добар фат па затоа да ти се разрануваат?Пробај наместија убаво.
Ама какава ме плаши еве трета пелена веќе пак е црна. досега вакво искутво сум немала а полни се пелените убаво . и цица убаво ја слушам дека голта дека има млекце
Со црна / бела столица веднаш носете јавувајте се на педијатар. Може не е ништо, ама треба доктор да види.
@Veki4kaa ај одмолзи малку млеко да видиш да не има внатрешно крв,да не не е тоа што е разранета брадавицата.. Оти мислам колку и да е крв од брадавицата не би требало да и направи црна столица Убаво би било да се консултираш со педијатар,можеби ден два да не ја доиш додека заздрави раната..
Колку што знам сте неколку дена. На почеток уште се чистат. Не е црна туку како темно, многу темно зелена кака. А ти изгледа црна. Мислам дека нема причина за грижа. И мојата на почеток така, и после стандард си почна.
@Veki4kaa супер чим си е млекото бело,најверојатно уште се чисти,не се секирај,а за разранети брадавици можеш да земеш од Дм гелче
се слушнав со педијатар рече нормално е . да не се плашам најверојатно е од крвта а и уште се чисти. се исплашив оти вчера беше жолта каката а денес вака.
Здраво дали пиете лакта микс како што пишува на упатството, 10 мин пред доење или било кога во текот на денот? Некако додека го направам, па да отстои 15 мин, па 10 мин чекање многу ми се гледа
Денеска е затворено се, утре одма ќе земам кеси за складирање, ама за денеска ми треба опција во што би можела да собирам млеко кога пумпам? Имате некоја идеја или слична ситуација како сте се снашле?
Во шишиња за млеко јас секогаш си складирам пред да ги заледам, најубаво ако имаш стаклено, ама и во пластични сум складирала
На колку време треба да цица 4 месечно бебе? Мојата уште јаде на 2 3 саати ама многу почна да бљуцка дури 3-4 пати после јадење и се мислам да не се прејадува
Едно имам само за секој случај земено. Немав во план да се пумпам, па не сум спремна долгорочно. Фала на идеите, ми излегоа сестрите тука во пресрет и ми дадоа од клиникава за денеска да имам. Па ќе купам нешто соодветно за складирање од аптека, утре прва работа на утро.