Однеси го во темна соба, и пушти му бели звуци. Ќе се смири и ќе цица. Штом толку напреднала за два месеца имаш млеко. Сега е во некој скок можеби или период каде што почнуваат да се интересира за околината па тоа да му прави дистракција од доење.
Ete vecerva isto.. gnezdo megu mene i mm, samo sto go spustam place, a do vcera si spiese vo krevetce do nas bez problem. Stanuva na saat vreme za cicanje ama povlekuva samo nekolku pati kako da mu e cucla..
Не знам дали прашањето е за тука, бебето е 11+ цица 3 пати во текот на денот, на сабајле, пред ручек и на вечер. Денското цицање ни е со молење, де сака, де се врти, де станува.. Сакам да намалам на два подои, на сабајле и навечер за заспивање. Не знам дали е рано или да чекам година.. Инаку и крвта ни е доста слаба, а таа веќе си јади цврста храна дури и залачиња. Совет, искуства?
Мајки имам едно прашање кога фативте ред со доењето? Нас не пуштија од болница некогаш цица на два саати некогаш порано. Педијатарот ми рече доволно е 10 минути активно да цица ама некогаш забушава со цицање, ја фаќа мрза и престанува или заспива на града па мора да ја тргнам. Колку дена треба за да фатиме ред. Млеко имам некогаш и давам со силиконска брадавица кога гледам дека се мачи да фати
Никогаш Две години цицаше без никаков ред и предвидливост. Уживај сега првите денови не се оптеретувај со ред и распореди, мало е уште, таму после втор, трет месец може да очекуваш да си направи некој ред на јадење-спиење. Ставај го почесто на града, малечко е, се заморува брзо од цицање, не гледај на саат.
Така и правам само си мислам да не правам нешто погрешно. Некогаш бара порано, цица помалку од 10 мин, некогаш цица повеќе. Дека прво бебе ќе ми требат доста консултации овде на форумот од поискусните. Ти благодарам за советот
Не гледам саат, доењето не е како формула да даваш, на побарувачка е. Некогаш цица пред и после дремка, некогаш после дремка па заспива така. Според апликацијата што ја користам јаде во просек 10 пати дневно од 2 до 2ипол саати вкупно.
Апсолутно ќе оставиш тоа да ти го диригира темпото. Само деновиве не ја оставај да поминат повеќе од 2-3 саати да ти се успие денски, без да понудиш да цица. За навечер ќе ти каже педијатар според напредок, има бебиња што добро напредуваат и врзуваат сон повеќе саати од одма, ние пример после месец ни кажаа дека може да го оставаме сам да се разбуди, првиот месец јас го будев на 3 саати.
Вчера не пуштија од болница и влијаеше и промената и тоа што дома сакаа да ја видат домашните да ја креваат в раце па остана будна подолго, и се будеше на саат до саат ипол. Од сабајле почнува да се враќа во нормала на саат ипол до два се буди за цицање. Има и жолтица па и тоа знае да ја направи успана. На испуштање од болница педијатар советуваше цицање на два саати. Поради жолтицата имам контрола крајот на неделата па ќе каже што како понатаму. Јас ја оставам да цица кога и колку што сака. Почна убаво да ја фаќа градата, убаво цица па не се оптеретувам да гледам во минути освен што забележувам во колку часот цица за да знам на колку време отприлика бара цицање
Како некој што се мачеше да ги тргне силиконските, јас би кажала воопшто да не ги користиш штом бебе цица и фаќа на града. Зошто можеш само проблем да си направиш и после да сака само со нив ако има проблем да фати ќе направиш сендвич од градата, ќе смениш позиција, ама пробај да избегаваш силиконски се друго што си пиша дека го правиш и океј, ќе си се навикнувате и учите се повеќе со време
Vo istata nedoumica sum i jas a veke sme 22 dena nekogas cica 20min, nekogas 10.. i celo vreme sum vo prasanje dali e dovolno, deka e epten spanko i na poslednata kontrola ni kazaa deka ne e naprednat voopsto, pa toa me maci epten..verojatno ako e gladno ke plaka, ako si spie i polni pampersi e vo red. Dali se izmolzuvas ti?
Вчера добив млеко породена сум со царски, предходно имав само колострум бебе беше и на дохрана во болница. На испис совет од педијатар беше бебе да цица на два саати, јас и таму имав проблем да ја наместам сама за цицање затоа што градите одеднаш ми пораснаа за два броја што се вели. Таму сестрите ми помагаа ја местеа, дома морам сама, сите позиции ги пробувам. Муабетот ми е советот беше подобро на почеток кога гледаш дека не успеваш да ја наместиш стави силиконски брадавици додека да ти најдојде убаво млеко одколку да се измолзуваш оти ако почне од шише после е многу потешко да се врати на града. Јас ставам силиконски само во момент кога станува бебе премногу нервозно и плачливо и кога после пола саат уште не успеало да фати и покрај сите местења оти реално во такви моменти и мене ме фаќа нервоза. Гледам да избегнувам да користам ама има моменти барем два три пати од вчера до денес да ставам.
И кај мене заспива на града, морам да ја потсетувам да цица нема континуитет. И давам да цица и на саат време ако сака ја оставам колку што сака ако заспие ја тргнувам. До сега се немам измолзено не знам како ќе биде понатаму
Моево кога си дојдовме дома цицаше по 40 минути до еден час, па спиеше два часа. И цело време така во круг. Кога ми заспиваше на града, како што ја држев со раката по малку ја стискав за да се подразбуди бебе. Е сега некогаш цица на два часа, некогаш на еден час. Давам кога сака и колку сака. И тоа е советот за цицање, да даваш кога сака и колку сака. Да не гледаш на саат. Ќе си фатите ред, рано е уште, многу е мало.
И кај мене така прави па ја потсетувам со стискање под брада или за нога, на грбче зависи како е наместена. Она ако е гладна не заспива само ќе задреме во раце и ако пробам да ја оставам бара уште па и давам. Мислам дека и она е мала и јас сеуште не знам дали е доволно или не. Ама ќе се навикнеме од вчера сме дома сами па ни треба и на двете време да се навикнеме. За сега цица измеѓу саат ипол и два и мислам дека е добра, ги мокри памперсите па мислам нема простор за паника. Освен што сакам да се советувам овде дали постапувам исправно сепак ми е прво бебе. Ви благодарам на советите
Huckleberry, има многу опции најлорисна е за спиење, само оваа е бесплатна одредено време после се плаќа, имаш други бесплатни со помалку опции.