Веќе 2 недели бебе јаде 2 оброка (кашички) и млеково ко да ми го снемува драстично...нормално ли е вака и да ли нешто да превземам?
Јас го користев 2 месеца и кусур, ама искрено не знам што да кажам Добивав се повеќе млеко ама дали од него, дали од стимулацијата, никој нема да ми каже за сигурно. Ама не е на одмет во секој случај. Или тој или Лакта микс
Лактамикс има грчко сeме (fenugreek) што е едно од подобрите галактагози-стимулатори на лактација. Хипп има анасон, ким, коморач и декстроза.
Здраво, бебе е во 4ти скок. Не знам колку е нормално ама од молење за цицање сега па бара на саат време да цица, да не не го држи млекото?
Еве ќе те утешам дека исто е и моето, ама скроз исто. Освен што мојата спие по 11 саати со едно будење беше, сега во скок сме и по 3 пати се буди и немирно спие. Пробав да сменам и никако ама никако не сака да прифати вечер да заспие пред три саати, а преку ден одвај два издржува. Не сака никако, дури и никогаш нема заспано порано од 8и пол, еднаш се деси во 7и пол и точку беше, сега до 10 знае да не фати од кога ја оставив на чување со бабите, и од тогаш не можам никако да и вратам барем кај 9 да заспие. И рутини и што не, не сака и не сака. Така да опушти се.
Досега спиеше по пола час, будни прозори најмногу до два часа. Ама денес ме изненадува, прва дремка еден час, втора дремка 2 часа. Се надевам завршува веќе 4ти скок Ноќното спиење ни е супер, последнава недела спие со нас на спална бидејќи прими вакцини, па мм сакаше со нас да спие. Претходно си спиеше во креветче, ама се вртеше, немирно спиеше. Рутината, се бањаме, мачкаме крема, го облекувам, цица и заспива. Без музика и шумови. Нив ги пуштам за денски дремки.
Беба моја почна од вчера многу да се засркнува дури цица. Сега пред цицање се одмолзувам една минута, прашањето ми е како го чувате млекото во фрижидер дали може во шишенцето да го чувам и дали може да го соберам од денес сето млеко па да и го дадам навечер? Вчера сабајле бевме на педијатар одлично си напредува ми рекоа да ја оставам на слободно цицање и да не ја будам воопшто ниту навечер, кога сака тогаш да давам. Ама вчера вечер почна да ми се засркнува на секое доење и од памет ме вади.
Дали ти помага одмолзувањето? И јас имам многу брз и обилен letdown , обично ја тргам кога гледам ептен дека се засркнува. Инаку да, можеш во шишенце, убаво би било и стаклено да е ама не е страшно и пластично да е, можеш да ги комбинираш само мора да се на иста температура.
Еднаш пробав и не се засркна, ама на крајот и го дадов и измолзено од шишенце оти не знаев како да го чувам, а малку беше. Во друга тема членка ми кажа дека кај неа само тоа помага. Дали да го извадам од фрижидер па кога ќе се иста температура да ги спојам?
не е нормално колку менува од ден на ден, пак се молиме,цицне 2 3 пати и вришти. Како ич да не е фан на цицање. Морав да му измолзам и понудам од шише зошто се прегладнува а од шише си пие без проблем. Не е нормално на бебе од скоро 4 месеца јас само да трчам и да го молам со цицка, не можам надвор да го изнесам да го фати воздух, по цел ден сме затворени и се молиме...
Ако е во 4ти скок, верувај сè е можно. Јас мојата па не можев да ја тргнам од градиве, опседната беше со цицање. Издржи, долго трае, ама ако сакаш да доиш не се откажувај. Види да не му се спие, да не кенка заради друго. Гледај повеќе да си смирена, стискај заби. Мене тогаш мислам коса ми побеле додека помине тие 5 6 недели, напорно е, ама се издржува.
Баш читав сега на google во смисла скоковите не би требало да влијаат врз колку јаде, едвај успеавме да се префрлиме на почетокот ексклузивно на доење, цел месец измолзување додека да фати да цица. Камо среќа да се опседне со цицање, нерви немам веќе, он плаче јас плачам а за формула после толку мака не сакам да слушнам
Јас со ќерка ми немав таков проблем, си цицаше ама баш секогаш, без разлика на скок, заби, вакцини, немав мака. Ама читав/слушав бебиња кои одбиваат да цицаат или ако се на ад, да пијат млеко, така да, нема правила, кај некои влијаат скоковите. На цел тој труд, штом си успеала со доењево, тогаш не давај формула, пак ќе ти кажам, поминав низ истото, мачно е, знам како е, ама не се откажав, до 6 месеци ексклузивно си ја доев. Шеткајте низ дома/надвор, нека си дремнува, занимавај го, ќе помине и скокот.