На секој подој скоро ми правеше вака. И да поспана е после тоа, не сака да продолжи со цицање. Па ајде расоблекување, чуда за да продолжи. Сепак однеси го нека го слушнат, нели и со респираторен дистрес беше. Ама ок ќе биде се. Кога лежев пред две години во козле со големата имаше бебе со аспирациона пневмонија и такво дишење и кашлање не се утка. Рефлукс да не има бебе плус па и тоа да му отежнува дополнително? Иако и тоа зборев со педијатар, секое бебе има некој степен на рефлукс, битно е да не се млазови.
Да ти кажам искрено на крај памет не ми текна шише во моментов. Мене дури и ми требаше неколку дена за да сфатам дека ова се дешава, затоа што градите ми се меки цело време и не осеќам дали има нема млеко. Ама ја приметив, ќе ја тргнам од града и ќе плаче, и кога ќе ја задрумкам ќе се смири, ама знам до пред скоро не беше така, не се трагаше со плачење, ама првично си помислив дека сака да си дреме да си цуцка, затоа се лути. И деновиве си кажав чекај да пробам пак на двете гради, зошто веќе фобија имам со качувањето килажа, така во третата недела ја ослабев врзувајќи си во крпче дека доволно била една града, а уствари не беше ама сега јбг, прв пат мајка се прават грешки. Туку како да го поминеме периодов, како да се осигурам дека она доволно јаде и дека ќе имам млеко натака? Доволно е да ја ставам пак на две гради? Еве почнав сега и пак да пијам Лактил и Лакта Микс, ги имав оставено зошто преку ноќ многу млеко ми се полнеше и сабајлечки ме болеа градите.
Влече, голта млеко и почнува да испушта звук како да се дави, да не може воздух да земе. Како кога ќе ни залетне нешто, што велиме. Веднаш го тргам од града, му дувам во лицето и го исправам или странично го вртам. И си зема воздух и си продолжува. Некогаш ќе заплака, некогаш не. Обично гледам кога цица да е легнат странично со главчето, да не му е под градата. Ај пробај еднаш вака, штом го осетиш дека ќе снема воздух дувај му, да не го чекаш да зајдува. Мене ми успева, а и веќе го препознавам, па му зборувам полека земи воздух. Дали ме разбира не знам
Ако ти се меки градите, не значи дека немаш млеко. Во принцип знае и да нема млеко кога ќе почне да цица и да цица на празно, па да и дојде за минута две (тука знаат да се лутат дека нема од одма млеко). А за како се поминува периодов леле не знам да ти кажам. Јас дека пумпав скоро ексклузивно па само интензивирав со power pumping. Ваљда да го оставиш на града да си цица макар не напредувало периодов толку, само колку да го издржите и двајцата. Штом се стабилизира млекото би требало да е многу полесно
Знам знам дека меки гради не се репер, еехх така да мислев до сеа ќе се откажев ама зошто ми се такви не осеќам дали и колку млеко иам, тоа ми беше зборот. За чудо се уште имам брз letdown и од двете гради се најадува, па се надевам така ќе го поминеме периодот
Мојата така се давеше околу 2, 3 месеци додека беше дека и ги тргав силиконските. Премногу е лакома многу јако влечеше и воздух не земаше. Се засркнуваше по неколку пати на секој подој, ја вртев на страна па продолжуваше. И така после подој цела млитава како уморена беше најверојатно се изморуваше од хаосот. Два пати ја носев на педијатар ја видоа и ми рекоа дека многу јако влече од лакомост а мене многу млеко ми доаѓа и имам forceful letdown.. Како порасна почна подобро да се справува со тоа и сега е океј. Знае чат пат да се засркне ама не е страшно како што беше. Те разбирам како е јас нонстоп тука пишував барав совети, трауми имав од секој подој. Ќе биде подобро како што ќе расне.
Исто беше и мојата, два, три месеци траеше. Еве 6 ќе правиме нема проблем, знсе некогаш ама не до тој степен, премногу млеко кај мене беше проблем.
Ооо не зборував за давење при цицање, туку сериозно давење од шише со поголем отвор на цуцлата. Со полнење на бели дробови со многу млеко. Стигна до цијаноза, до аспирација, инкубатор, антибиотици. Среќа нема никакви последици.
А штетен е додека се дои? Сигурно некогаш од некоја чаша нема да прекини, млеко овој пат имам за цело маало
Не, не би требало да ти прекине само од чајот додека бебе цица, иначе за одбивање само чај ќе пиевме . Ама дали е штетен дури се дои ич не знам.
Многу страшно изгледа кога се грчи без воздух. Исто и јас имам многу млеко и силен млаз. Ама и со претходните деца исто имав, а ова никогаш не се деси, скроз сум распаметена овие 2-3 дена. До сега нормално цицаше ќе се засркнеше, накашлаше и никому ништо. Сега.. хорор ми е секое доење.
Здраво на сите, прв пат сум мајка и доењето ми е навистина предизвик. Породена со царски пред 8 дена, додека бев во болница немав буквално ништо, а цело време ја ставав да цица да стимулира. Пред три дена, со пумпа почна да излегува колострум и моментално вадам 20-30мл на ден со пумпање, и цело време цица пред да добие дохрана. Пијам чај за доилки го купив во билна аптека некој микс и пијам доста течности.. Градите ми се онака болни осетливи и не ми се многу тврди, немам грутки. Дали имате некој совет зошто и бебето се нервира додека цица, а и јас почнувам да се фрустрирам како што поминува времето..
Секое дете различно, мојава ептен, ја мислев нешто да не и е, ама испадна од премногу млеко. Пробај измолзи малку пред подој, да помине млазот, јас така правев и после си ги собирав тие и си замрзнував.
Ти благодарам Секој подој едвај се местиме и цица по саат време и пак е гладна затоа што немам доволно млеко, а како минуваат деновиве ми е страв дека ќе се навикне на шише. Млекото што го молзам е уште жолто колострум, се надевам дека деновиве ќе дојде млекото. Дали има нешто што можам да направам за да дојде?
еве истиот случај и кај мене, не знам кој може 3 пати секој ден да готви и мие садови, барем јас со моето захтевно бебе нема шанси.
Да се опуштиш, бебе во раце и на цицка цел ден, ако веќе ти е страв дека ќе ти се одбие ради шише, гледај што помалку да го дохрануваш така, пробај да му даваш со шприц или лактациски сетови ако ти се наоѓаат. Повеќе течности, Лактамикс чај, има и Лактил капсули (ги немам пиено јас), овес, јогурт, супи, колку можеш повеќе сон и одмор. Работи на фат и позиција, заборави на саат, батали пумпа, освен ако немаш вишок па мораш да се одмолзиш или ако имаш трпение прави power pumping сесии кога бебе спие - види шема на нет. Нека не ти бидат репер гради мали, големи, меки, тврди - ти пишува некој кој доеше рамна ко даска, баш му велев на мм пред некој ден немав цицка што да стиснам да принесам до бебе првите денови. Јас пумпа не искористив ич, поише од 10-20мл никад не извадив, доев 2 години, 6м. ексклузивно. И моето цицаше по 40-50 минути од сесија на почеток, таман заспало пак му идеше време за цицање. Од каде знаеш дека е гладно? Не спие, не полни пелени, не напредува? Бевте на прва контрола? Колку му даваш дохрана?
@thinkerbell сеа си дојдов дома. Прво на педијатар. Го прегледа целосно, му измерија и пулс и сатурација и тт и се. И го гледаше како цица, фат, голтање, дишење. Се задави очекувано, изгуби воздух се згрчи, го видоа. Нормално било. Ми даде упат на клиника за ехо оти ме виде дека сум исплашена. И таму исто ми рекоа дека е нормално. Сеа да се молам да не сме собрале некое вирувче од егзибицииве мои по болници. Ми дадоа само капки, ми рекоа дека се за полесно ослободување од гасови, оти според нив беше дека голта многу воздух во доењето. И тоа. Само да следам ако посине во уста многу и не се враќа назад тогаш е итно. И иако знам дека е нормално пак ми е многу стресно кога се дешава. Значи нема раат.