Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    639
    Пол:
    Женски
    Па и ужинките си бараат спремање. а треба јадење и за мм, бар ручек. Бебе спие пола саат и што попрво. Не е доволно времето само да се подготви, а не па да се јаде, па и вежба. Стварно требало да обрне внимание и да стави полесни оброци.
     
    На Dodo1 и PoisonIvyFatale им се допаѓа ова.
  2. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.408
    Пол:
    Женски
    Убаво пишува ѕвончица, слушај си ја.
    Еве и на педијатар арно си прошла. Мојава сабајле у 5ипол се засркна преташе сиротата... Од памет се извади, па почна да плаче цела куќа у вис... А цела вечер со цицка у уста беше ради забите... 9+ сме замисли, па сеуште се засркнува.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Скроз точно. Затоа и се откажав. Теорија нема се тоа да се приготви, плескавички од наут мислам.. додека ги замесам и испржам и додека ја напраам салатата дошол ред за друго цицање и друга дремка. Да знаев дека е вака кај Софија Манчева ќе си уплатев. Па и тоа броење, 16 бадемчиња.. :D
     
    На PoisonIvyFatale, Lady Miami, snowwhite.24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    12.496
    Пол:
    Женски
    Во поглед на исхранава, зошто готвите посебно? Јас кога правам такви спеџифични работи јадеме сите исто. Не сум на посебни програми, ама сум на различен "режим" и дете и маж не пребираат си јадат. Е една чорбичка со наут што ја правам дете ја мрази, дури и ми поврати па тогаш она јаде друго. Ама маж ми никогаш не одбил ништо. Два ручека посебно не правам, па не е побогу отров. Ако не му чини нека пржи јајца.

    @Yowannty баш ми е мило што се е ок. Да ти кажам опушти се џабе кога е стресно. Ама ќе почне да разретчува. Мене ме фати страв да ја дојам еден период, маж намерно повеќе од дома работи затоа што детево драми правеше на секој подој. Ќе помине се нели :)
    Ама бре зошто не е полесно, нели сами ќе растеа? Ова глушецов ми е вриштало хаотично.
     
    На Yowannty и Калатеа им се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    1.707
    Пол:
    Женски
    Зашто мојава програма беше за слабеење а маж ми си вежба за маса и секако тоа не му е доволно, дури ни дупла доза хахахах. Он не ми е проблемот сам си готви се ама без разлика рецептите на Ана се комплицирани за штотуку породени мајки, тоа беше муабетот
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    12.496
    Пол:
    Женски
    Офф за Ана ли се работело? Не би давала пари за програми од кај неа, рецептите не се нешто што долгорочно може да се применува, а реално не ти треба тебе нешто само брзински за да ослабеш, туку да е одржливо.
    Јас би терала (т.е.терам) со исхрана како твојот сопруг, само количински помалку нели, да има калориски дефицит. Сигурно он е на протеинска исхрана повеќе штом работи на мускулна маса. Рецептите на Ана се само јаглихидрати во глобала.
    И подобро уплати си во некоја теретана или некој нормален, сертифициран инструктор што држи и онлајн вежби.
     
    На lala15, Noemi, Lady Miami и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    8.144
    Муабетов може за во Мајчински е, ама јас поанксиозна не сум била во живот.
    Малиов има сериозен рефлукс, се дави во спиење, често е цел утоп, и јас спијам на штрек по 3 саати. Не помага ни високо ни ништо, некои чудни звуци ми испушта, ко да му се затнува носот, секоја вечер се тресам да не ми се угуши.
    Ноското и спреј - да не е сув воздухот викаат докториве ама не ќе да е тоа…совет никаков, стрес секој ден.
    Очекувам коса да почне да ми паѓа кај и да е…
    Не знам, да земам медицина да запишам ми иде, да се опремам со апаратура дома:x
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    12.496
    Пол:
    Женски
    @Калатеа мислам дека беше @MariaBouli што даваше некој сируп за рефлукс на бебето? Да пробаш со тоа?
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    8.144
    Да, прашав докторка, ме убедува да чекаме до 4 месеци ќе се средело, ама јас ќе скренам. Од утре ќе почнам сама да го давам…
     
  10. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Јас пиев Лактамикс во првите 2 недели после пораѓај и потоа бидејќи дупло ми напредна бебето во тие 2 недели а само од доење, педијатарот ми рече да прекинам
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Мојата нема толку страшен рефлукс, па педијатарот пак ме советуваше за Алгорал. Плус Јасна кога беше баш го загледа и рече дека нема зијан од него.

    Е само да знаеш ако се решиш, на упатството пишува 2 пати по 5мл, ама мене докторката ме советуваше 5 пати по 2.5мл. И се дава после јадење, и јас на почетокот го давав одма штом се најадеше и нормално пола ми го плукаше, и после се опаметив и чекав барем 10тина мин да поминат :)
     
    На merriel0 и Калатеа им се допаѓа ова.
  12. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    10.429
    Пол:
    Женски
    Мене првото дете премногу ми повраќаше. Во млазови, постојано.
    Што не пробав, и со ад млеко и со се, но додека не почнавме со кашички.
    Од 6 месеци кога почна со цврста храна полека со тек на време прекина со повраќање.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.541
    Допаѓања:
    3.097
    Пол:
    Женски
    Јас да, супер ефект. Башка редовно си го пиев, дека е инстант.
     
    На arwen93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tuti_fruti

    tuti_fruti Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Пред да не пуштат од болница ни рекоја да и даваме 60мл на секои три часа поради жолтица. Во меѓувреме јас пред секое хранење ја дојам и пак ги пиеше 60мл. Еве минатава вечер ја будев на 2 часа и само со доење, си спиеше не плачеше.. се надевам не е гладна. Некако не верувам дека и давам доволно само со доење зошто на допир кога се молзам само неколку капки излегуваат. Башка скоро два дена се нема покакано.. На контрола сме во петок
     
  15. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Жени ми треба совет и утеха дали има некоја што се соочила со истото како јас. Пишував овде дека малата кога цица се засркнува од што наидува многу млеко. И цица и се молзев и одеднаш ноќеска кај 23:30 обично тоа време цица и давам и забележав дека не голта само цица. Ја менував на гради на едната па на другата ништо зедов да се молзам нема ни капка, не знам како е можно од имање млеко обилно да нема воопшто. Сопругот беше во 1 ноќта во аптека да купи формула бебе плаче гладно јас немам што да му дадам. Ми купи и чај за доилки, кога се разбуди ноќта кај 3 ипол додека менував памперс спремаше мм формула, ја ставив на града почна да голта проверив млеко има цицаше од мене не дадов ништо. Денес цел ден е на цицање ама многу помалку млеко имам од предходно. Се измолзувам ама многу малку одвај 20мл вадам и тоа и го давав одма после доење. Сега се молзам во 10 мин одвај 10мл. толку молзев предходно во нецела минута. Од што може да е ова промена вака наеднаш. Течности внесувам цело време од старт. Во петок сме на контрола но до тогаш памет нема во мене што може да е ова. Секој совет е добредојден
     
  16. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    410
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто така се случило, дали плачеше бебето за млеко цицаше и се трагаше? Или ти примети по голтање само? Смири се колку повеќе си под стрес и мислиш на тоа ќе ти се намалува млекото.
    Дали си била дехидрирана случајно, заморена, недоволно сон?
    Јас со првото бебе така еден период имав и исто така заминавме по АД, ама бебево не прифати и продолжив града мислев немам исто молзев не излегуваше, но бебево си напредуваше. Смири се можеби е нешто моментално, одмори колку можеш и пи си чај за доилки.
    И јас некогаш не слушам голтање но бебево многу убаво напредува. Остани смирена!
     
    На Izzy_0504 и LeNora им се допаѓа ова.
  17. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Моево заспива на града дури цица и нема континуитет па ја потсетувам цело време. Сношти цица и по некое време дремнува и пак бара. После веќе почна да плаче ја ставам на града и слушам дека не голта, стана нервозна бара цицање, со устата отворена цело време, рацете си ги цица, ја ставам на града и пак ништо, од после 23 некаде до 1 ја менував на градите, ја нишав да заспие, ја смирував ама гладна беше. После со молзењето видов нема ништо. После тоа и дадов ад кога донесе мм, ама не го сакаше баш испи може 40мл дека гладна и заспа. Денес имам ама еве и вечерва како да се намалува. Пијам чај лакта микс од сношти инаку пијам доста течности, се чувствувам одморена станува навечер цица и заспива. Преку ден ако осетам умор легнувам дури спие она. Се надевам дека е некој период така и дека ќе си продолжиме само со доење.
     
    На GIGI69 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    8.954
    Пол:
    Женски
    Моето беше слично, брзо заспиваше штом ќе почнеше да цица, па ќе прекинеше, па така ќе си леже. Јас предвреме имав купено ад за секој случај, ама често правев.
    Ние завршивме само на ад на тој начин.
    Јаде, пиев што требаше, ама џабе.
    Кога дојдоа и патронажните кажаа не голта, сами така повеќе си седе на града, мрзливо беше. Оти во болница 4 дена на шише и полесно им е на сите така.
    Кога ќе го тргнев, не заспиваше, плачеше, после ад се смируваше и спиеше.
    2 недела веќе правев по 60мл. Не знам колкаво ти е бебето, ама ако испила 40 значи е гладна.
    Туку не знам зошто си создаваш толку стрес околу тоа? Мора да е на доење?

    Секој си знае за себе, ама јас 2 часа да го држам на града, со полудени хормони и јаки болки од рана и неспиена, плус изгубена со прво дете, немаше шанси. И на крај пак да вресне оти гладно.
    Или цел ден на цицка. Не, не мора да е доено, мора да е најадено.

    Еве послушај совети од другите што успеале, ама ако е мрзливо малку бебенцето, а не се најадува доволно, мораш дохрана. Можеш комбинирано, па после да преминеш само доење, читам и така правеле. И не се секирај, не има многу по другите теми на ад. Ако даваш, нема ништо лошо и не си единствена. Чисто информативно, 10 месеци е син ми, нема качено ниеднаш температура.
     
    На LeNora и Butterfly009 им се допаѓа ова.
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Навечер е нормално да се намалува млекото, може и да се деси да не испумпаш ништо баш како што рече. Најмногу млеко се има во раните утрински часови. Можеш периодов дури не ти се воспостави убаво лактација почесто да измолзуваш насабајле и да го чуваш тоа за навечер да го даваш. (ако го правиш ова секако пак претходно или на града или на пумпа за да стимулираш). Ако и покрај тоа ти изгледа гладно не е ништо страшно да даваш и еднаш, два пати ад. Само биди внимателна со изборот на шише, нека не е некое што тече лесно за да не се навикне. Ние првите 2 недели не ни цицавме, се молзев. Откако сменив на авент 0 фати да цица зошто и со тоа шише треба да влече, не тече само
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.184
    Допаѓања:
    12.496
    Пол:
    Женски
    Ама која е потребата да пумпате?
    Веќе 100 пати е повторено, пумпата не е никаков репер за количина на млеко.
    @LeNora Прогуглај малку за кластер фидинг, тоа ви се случувало ноќеска. Мислам дека твоето бебе е баш мало. Да знаеш не е секогаш дека е гладно, си бара и утеха и топлина.
    Нормално е при кластер фидинг да ти ги испразни градите, за подоцна пак да се наполнат. Само многу течносѕи пиј. Вода и лактамикс е сосема доволно.
    Пумпа користи ако имаш да доодмолзиш или ако бебе не исцицало. Или пак ако сакаш да мрзнеш и правиш хиперлактација пауер пампинг ти треба.
    Ама тебе ти е битно да ти се воспостави лактација сега. Ако си решена да доиш не давај дохрана, следи мочкани пелени. Ако има минимум 6 за 24 часа ок е се.
    Да знаеш и на скроз најадено бебе ако му дадеш дохрана ќе ја испие. Со дохрана само ќе ја намалиш стимулацијата, а со тоа и млекото.
     
    На merriel0, Yowannty, LeNora и 2 други им се допаѓа ова.