Мала е уште, нема сила да влече. И моето цицаше најмалку 40 минути, до еден час. Исто цицаше на околу 2 часа, само спиеше и цицаше тој период. За килажата, јас се мерам со бебе, па го оставам и се мерам без него. Минусирам и знам отприлика колку тежи. Вака на неколку дена и ќе видиш како напредува.
Исто е и со мојава многу бавно цица се уште а еве денес месец дена прави. И јас се секирав за дали напредува па на контрола искочи дека дупло повеќе од што треба и ми рекоа да не ја будам ич да ја оставам кога она бара тогаш да цица. Прелакома е дури хистерично вика ептен дур не добие цице на секој подој
Мојата е 18 дена и некогаш си викам да не правам јас нешто погрешно за 20-30 мин она е најадена, ја плука брадавицата и заспива. Ама голта лакомо ич не и се чека. Во петокот бевме на контрола ја има вратено тежината и нешто плус.
Здраво, дојам веке еден медец е малото, на почетокот бев една недела со темература кога ми пробиваше, и еве сега после еден месец повторно неколку дена калувам и ми се вжаруваат. на гинекологот што ме пораѓаше и пишав, вика радиолог проверува на ехо но јас мислам не сум за таму. Кај кого да се обратам во случајов педијатар ли?
Како знаеш кога и е доволно, кога ќе заспие или? Некогаш пример мојата после 3 сати спиење ќе тргни 3-4 пати заспива и не знам дали е најадена или не…
Ја оставам сама да се тргне од брадавицата, некогаш одмара некоја минута и ја бара пак. Некогаш почекувам и ја нудам јас ама ја затвара устата ја држи стисната што ми е знак дека не сака повеќе и си заспива после. Ако не е најадена може да стекне 15 мин се буди и бара уште. И јас уште се учам не сум сигурна секогаш дали е најадена ама штом си спие повеќе од саат ипол два значи не е гладна
Пак се појави исто и си боли едвај го натерав да цица ама џабе белото си стои ќе пробам да пумпам можи ќе пробие неможам да одам на доктор
Пробувам да биде само ма доење ама не сум сигурна дали добива доволно затоа што многу често бара да цица. На почеток почнува активно да цица и голта и после 7-10 мин голта многу ретко и почнува да се нервира, а кога ќе ја тргнам има млеко излегува кога стискам, и може да цица по цел саат и после саат време пак бара.. Дали тоа значи дека немам доволно млеко? И дали вас бебињата цело време ви голтаат често како на почетокот? Формула деновиве и давам само навечер пред спиење затоа што премногу плаче не можам да ја смирам не сака да фати
Исто е и моето, засилено цица првите 10 минути па успорува па заспива и треба да го потсетувам цело време. И навечер кога го фаќаат грчеви одбива да цица и многу плаче па се одмолзувам и така му давам до сабајле. Зашто даваш АД а не користиш пумпа? Инаку ние сме скоро 6 недели.
Да се убацам во муабетот, задоволна си од пумпата? Јас сеуште не сум стигната до тоа но некако не можам да сфатам која димензија ми одговара од тие додатоците.
Мене ми ја даде сестра ми, знам имаше нешто како мерки за пупката не се сеќавам. Супер е пумпата има сила, мене со неа почна да ми излегува млеко/колострум иначе немав ништо
Зависи од кој период на денот, од 60мл преку ден до 120мл рани утрински околу 3-4 сабајле. Можеш да пробаш power pumping за да го зголемиш млекото, јас успеав малку и со тоа
Во трет скок ви одбивале цице бебките? Неколку дена плаче вришти,некогаш цица некогаш нејќе,еве ја сега и давам измолзено од шише ,го пие , а до сеа коа и да сум дала незнаеше да цуца се грозеше Што да се прави, нејќам да се одбие
Моево без 3 пати дневно не е Даваш ли пробиотик? Нас ваја ни направи запек од едно пиење и одма му го тргнав, може да е слична ситуација.