Оди од цигарите во млекото мајка за жал, штетно е за бебето. Дури и да е целосно на ад подобро е да не пушиш, тоа мало бебе те гушка и вдишува чад и од твојата облека, здив, раце. И дури и да не вдишува, тоа мало дете ќе порасне во возрасна личност на која и треба здрава мајка. Кога веќе си ги оставила еднаш биди истрајна те молам, и за тебе и за нејзе
Да не си околу циклус? Тоа ми се дешаваше првите 3-4 пати кога добив, после 2 дена од добиено се враќа во нормала.
Не знам што ме натерам да запалам цигара, кога разбрав дека сум бремена одма ги откажав, и еве од вчера од 18 часот немам запалено, со првото бебе исто ги откажав во бременост и две години не пушев па пак ги запушив имав стресна некоја ситоација не е за оправдување демек цигарата ќе не смири ама ете све е до мозокот
За околу 4-5 часа никотинот целосно е исфрлен, така да ептен ако не можеш да издржиш или молзи после тоа време, или фрли го тоа млеко ако молзиш на два часа. Инаку може да имаат удел во намалување на млекото.
Вчера од ко ја испушив цигарата се молзам и тоа го фрлам не има кој знае колку количински 20 до 30 мл, прееска и дадов го поврати па по 15 мин и дадов ад го испи и си заспа
Те разбирам, ја што цел живот не пушам еднаш скоро си помислив дај да запалам може ќе ме смири. Тек па да си била зависна од тоа. Седни прочитај на интернет совети, пиши на chatgpt, јас не знам ама мора да има начин. Најди си друг метод за справување со стрес, како вежбање. Можда не е споредливо ама јас бев како зависна од благо при стрес јадев количински многу. Блага физичка активност ми помогна, млекото не се намали. Ај неповикана и ова да прашам, зошто се молзиш а не цица? Не можеше да фати? Да ја побараш Јасна да ти помогне ако е таква работата. Не за друго многу е полесно за тебе да не миеш пумпи, а гледам дска сакаш да му даваш мајчино на бебето, кога веќе се грижиш и за количината и за цигарите
Здраво мајки. Породена сум пред 5 дена царски со второ бебе. Млеко ми надојде вчера и тоа наеднаш премногу. Бебе не фаќа баш цице некако нервозна е, ќе повлече 2-3 мин и толку. Валда и е тешко. Морам да се измолзам бидејќи ќе ми пукнеа градите. Ми дадоа медела пумпа и прво измолзев околу 60мл (по 10 мин града) иско можеше упте сма ми рркоа да не претерувам. После 5-6 саати пак молзев и извсдив 90мл исто по 10 мин од града. Сабајлево ќе пукнеа градите, само што завршив со молзење, 60мл, но мене уште ме болат. Дали болат пошо е уште многу рано и допрва треба да се воспоставува лактација или дека не ги измолзувам скроз? Не сакам па да предизвикам уште повеќе да се лачи посо бебка пие по 45мл. И вака има повеќе од доволно. Со првото некако постепено ми надоаѓаше млеко, ова сега мнлгу наеднаш се плашам да не ми се направи мастит. Исто такс имам само рачна пумпа, со првото си ја користев не ммогу често ама ок ми беше. Дали да земам електрична или да си пробам прво со рачната?
Не знам зашто те советувале да не ги празниш, ама ако толку брзо ти надоаѓа ќе фатиш мастит ако не ги празниш. Јас имав многу по 250мл вадев, можеш да си ги складираш замрзнати, ќе ти се најдат кога ќе треба да ја оставиш бебка. Ако не фаќа убаво, ќе треба од шише да и дадеш, за да се најаде, јас цел месец се молзев цело време зашто не фаќаше бебе, па и давав измолзено од шише. Викни ја Јасна ако не за да ти помогне да фати бебе али и да фати, ако имаш одвишок, молзи си го за да си имаш залиха.
Те болат од млекото што останува. Молзи до момент ко ќе осетиш дека ти олеснува, не до крај. Рачунај дека колку што молзиш толку му даваш сигнал на телото да продуцира млеко, па и повеќе. Ако не цица преку ноќ ќе ти се преполнуваат, мене рано ми надојде вториов пат и дека не цицаше неколку саати преку ноќ не можев да спијам од болка една ноќ и од следната ми ја носеа. Со бебо работи на фат, менувај позиции, ќе влезе во шема.
Имам замрзнато одмолзено млеко, кажете ми како го одмрзнувате, под млаз топла вода? Или да го извадам сега на собна темп да се одмрзне? Ми треба за вечер да оставам за малата. Колку време може да стои одмрзнато молзено млеко на собна темп?
Јас го одмрзнувам во топла вода, за 5 минути е одмрзнато. Иначе во рок од 1-2 саати треба да се испие, после фрлај.
Можеш и да го извадиш во фрижидер, таму ќе си се одмрзне, и после ќе го стоплат под млаз вода. Ставено во фрижидер да се одмрзнува може да се користи во рок од 24 часа
На болница му дав на болница му даваа од шише кај мене се нервираше не фаќаше,и да фатеше ја местев неправилно од што имав болка на раната па ѓи се разранија брадавиците па зедов силиконски мачисе бебето мачисе јас па рака се измолзував на крај и менструација ми дојде некако се ми се собра па сега целосно е на ад млеко
@Feniksgirl @Autumn Love и пишав на Јасна уште сабајлево. Рече да и давам упдејт па ќе се видиме до петок. Дома два пати се одмолзив денес, еднаш 60мл и вториов пат 90мл вкупно од двете гради. Молзам додека осетам олеснување што е 8-10 мин по града грубо. Ама уште се така тврдички само не толку напнати и болни како пред молзењето. Сега не знам дали да продолжам вака или да измолзувам уште некоја минута подолго за повеќе да ги испразнам. Инаку молзам на 5-6 саати а на бебе му нудам секако града на секои 3.
Јасно ми е, сме поминале низ слично, живо здраво да е и бебе и ти, најважно да е мешето полно и што полесно да ви помине тешкиот период
Како да знам дали имам доволно млеко во градите и дали цица, премеки ми се значи препре и не знам дсли после 10тина минс цицање од една града има уште млеко и дали и е доволно. Еден месец сме. Да напоменам дека цело време кака и мочка. На преглед сме дури за месец дена за проверка на тежина. Исто и после скоро секој подој знае да бљуцне повеќе, дали тоа е дека има вишок испиено или..
Ете, си одговори сама. Полни пелени, бљуцка дури. Меки се зашто е воспоставена лактација, ако ја слушаш дека голта, значи јаде. Бебе ако е гладно ќе знаеш.
Ти благодарам ❤️ нема мајка што несака да си го дои бебчето ама ете има и случки кај мајки кои што неможат поради некоја причина да дојат, ама битно бебчето да не е гладно и да си е сито
Ако кака Ако какат и мочкат има полни пелени нема зошто да се грижиш значи дека имаш млеко,и секако ако добро напредуват, ако имаш дома вага качисе прво ти на вага да видиш колку кила имаш па после заедно со бебчето одприлика ќе знаеш колку кила има