Едно веројатно глупо прашање, ама ајде де Добра ли е позава за доење? (види спојлер) Се обидувам да најдам поза за надвор, ќе ја покриам со таква наметка за доење, зошто до сега сме или со перница или легнати, и некако ова ми е океј за да фатам убаво цицка и јас и она. И да, стигаат до таму цицките зошто ми се огромни и ми висат Спојлер: слика
Да и јас памтам дека син ми го држев со раката некако на главата, мислам тука некаде кај што се превиткува раката му беше главата и надоле со дланката накај газето, ваљда ме сфаќаш. Јас па никако освен седечки не доев..
По колку јаглен пиеше? Не знам дали ми е стомачен или ми е труење.. ме утепаа грчеви и плус дијареа… немам температура.. ама ја дојам малава и налет ми е..
Зошто се молзиш? Со тоа му кажуваш на телото дека треба да прави уште повеќе млеко и правиш уште поголем проблем. Веќе околу 2 месеци треба да се усогласи побарувачката со производство на млеко. Обавезно поработете на фатот на бебето, многу е важно правилно да цица за да може да исцица што е можно повеќе млеко за време на подој. Пред подој обавезно топол туш и зелка, после подој ладно. Подобро да цица почесто бебето него да се молзиш. Можеш да земеш да пиеш и лецитин, мене многу ми помогна за грутките.
Почнав веќе и со топло пред доење и со ладно после доење. Лецитин земав исто од пред неколку дена. Имав денеска термин со консултантка за доење, истото ми го кажа - да измолзувам само ако ептен морам и тоа додека да ми олесни - на пример по 20-30мл, а доминантно бебето да си цица, макар и на еден саат. Ќе почнам така од денеска еве не сум се измолзила од вечерта воопшто, грутките уште од вчера се намалија. Се надевам ќе избегнам мастит овојпат и дека ќе се воспостави ред со произвдство/побарувачка. Фала многу за советите.
Јас скоро 5 месеци дојам така Легнат е на перница голема и главата му е на мојата рака како што опиша, некако ми е најубаво и за мене и него, легната да сум не сум пробала ич
Позгодно ми е на нога директно да ми лежи, некако раката кратка ми е, ми доаѓа на зглобот да ми лежи и не ми е згодно Само си викам да не и виси вака многу грбчето во воздух, тоа само ме мисли....
Јас само вака ја доев, ниедна поза друга, само што лежеше на моја рака. И на тој начин неколку пати и надвор ја доев.
Во исто време сме пишале. Спој ги нозете само и така повеќе како гушната инаку убаво си ја држиш со раката, немај гајле, топло е веќе и за тебе и неа.
Супер, баш ми е мило. Ви посакувам лесна и убава доенечка приказна, веќе најтешкото го поминавте, ќе биде се добро. Совет за во иднина бидејќи имав доста често појава на грутки дур доев но никогаш не стигна до мастит, на првото осеќање на појава на грутка одма реагирав со туш зелка масажа и лецитин, и промена на положби на доење за да може убаво сите каналичиња да ги отвори. Со лесно мајка.
Здраво мамички Нова сум во мајчинството и не ми се јасни некои работи. Имам близнаци, едното цица другото не. Сакам да се одмолзувам и да му давам во шише. Колку му е рокот на одмолзено млеко и како да го чувам? Не дека имам кој знае колку ама сакам малце ради имунитет да им давам.
На собна температура може да стои 4 часа откако е измолзено, а во фрижидерот се става позади и може да стои до 4 дена Ќе си го чуваш во шишенца, ако планираш на повеќе дена убаво е да е во стаклено, ама може и во пластично мешање може, ама да се на иста температура (на пример, двете да се изладени во фрижидер)
Си пробала да прекрстиш нога колено-глужд и бебе да клапне у долапчето? Јас надвор кога ја дојам , или така или ја ставам количката пред мене и си ја потпирам едната нога повисока од другата да дојде и на беба ептен и е згодно. Ем имам бариера пред мене
Жени давајте совет. Сношти некако брзо ми се наполни градата со млеко, бев излезена со малата ја шетав и додека си дојдов дома за нецел саат почна да ме боли одма и дадов да цица и плус се одмолзив ама осетив дека имам грутка. Како шо се испразни градата грутката остана. Се истуширав одма со топла вода и ја масирав градата под вода, ја ставив после тоа на пареа. Еве денес ставам зелка немав сношти. Ме боли и уште стои грутката. Малата ја ставам да цица на града, веројатно е затнат канал по тоа што успеав да прочитам. Што друго можам да направам и за колку време поминува? Секој совет е добредојден