Кој ден ти е после породување? И мене ми рекоа Ад, да не ми плачела, е ако де и реков на сестрата, нека плаче, ја ќе си ја дојам и за брзо влеговме во шема. Не и дадов, постојано ми беше на града. Само упорност, прави и атмосфера за цицање, гали ја, штипкај ја нежно ако се успива, полека ќе се навикнува.
Внимавај со АД лесно се навикнуваат на шише па ги нервира после дека мора да влечат. Топли облоги пред доење и можеш малкунда измолзиш пред да нудиш града за да почне да и тече одма. И мене за ад строго ми имаа пишано препорака дури и таа сестрата што ми ја даде кога и реков ама јас сакам да дојам се испонаша ко да и реков пиво ќе и давам не АД, ама јас сакав да дојам и успеав. Таман значи според препораката си изморзила. Само да знаеш на мајчино почесто ќе ти бара и тоа е нормално.
Пиеш чај за доилки? Мене лактамикс многу ми помогна обавезно почни ако не си почнала се уште. Какво шишенце зема? Пази на цуцлата земи некоја со слаб проток за да се мачи дури кога и даваш молзено за додека фатите ред на цицка - јас сум презадоволна од авент 0+ со проток најмал (2), од старт пие од тие а еве и сега кога и давам малце за со капките и немало проблем иако сме само на доење, си научи дека малце пие шишенце и после иде цице. Јас бев со царски и покасно ми дојде млеко а и плус се мачеше да влече дека имаше жолтица, сепак често ја ставав на града ептен ако плачеше а не вадев со пумпа и дадов АД некои 3-4 пати колку да не се прегладне и успеавме да воспоставиме ред.
Да е живо и здраво. И јас ја имав истата препорака, мене млеко ми надојде последниот ден еден саат пред да си одиме, а препораката од претходно ми беше искуцана хаха. Никој не ме виде дека млеко ми надојде, исто ме тераа на АД. Јас нудев и града и шише, шише не сакаше никако зашто си цицала доволно од града а јас мислев којзнае колку треба да испие. Пишував тука, членки ми рекоа само бебе на града, ако полни пелени не е гладно. Два пати понудив АД и толку, почна да си цица и млеко имав. Ставај бебе на града почесто како ќе си цица ќе ти надоаѓа млеко. Таман си измолзела, на почеток малце пијат ептен се мали. Сега пробај бебе нека си цица и не се измолзувај да не ти надојде ептен многу млеко па ќе треба да се одмолзуваш. Само вебе на града. Јас еднаш се измолзев само дека ми ја преспа цела ноќ на почетокот, па од едната цицаше а другата преполна беше и малце стаив пумпа за да ја олеснам градата
@Baby warrior Мене во Плодност исто ми препорачаа Аптамил Пронутра, ама да гледам да не давам воопшто. Првата недела давав по 30мл, прво на секој 3 часа па намалив на еднаш дневно 30мл и стигнав до само доење. Најбитно е бебе на града цело време, ете и другите ти кажале. Јас пиев чај од Хип за доилки и Lactil капсули, земај немаш штета од нив.
Работата е што она сега нејќе да фати цице ја ставам упорно и плаче а јас кога ќе притиснам излегува сосем малку прозирно бело а од друга страна па ме болат збунета сум дали имам млеко или немам … ќе пробам со пумпа сега пак да видам
Ај пробај со пумпа додека не почне да тече и тогаш дај и ја градата, потребно е време за let down за да се опуштат каналите. Мало е бебето, нема сила да потегне и се нервира дека не и тече одма. Или стави нешто топло на градата, помасирај надоле према ареолата и кога ќе почне да тече дај и ја градата. Едит: @Baby warrior по ова што го кажуваш дека те болат градите и тече бело, имаш млеко. Ги осеќаш полни и тешки?
Сега заспа јас додека почнам да молзам и да паѓаат капки потребно е 2-3минути да, сега пратев, изгледа затоа се мршти и нејке да фати имате право. Сега имам млеко за 2саати за наредниот оброк во шишенце, 40мл и после за наредниот ќе пробам баш како што ми виксш малку пумпа додека почне да тече и одма на цице
Да истото шишенце го имаме. Нејкам да почнам со чајот зошто ме болат градите и не сум сигурна да не направам беља со плус млеко ско она и ова не го исцицува инсче и ние имаме жолтица така не испуштија од болница суначни неколку пати последниот ден
Рачунај со жолтицата успана ќе е буди ја ,скокоткај ,штипкај. Највеќе ми палеше ако ја рассоблечев пред цицање.
Денес втор ден дома од болница и некако се ми е ново и непознато исто и неа вероватно. Пие млекце, спие, се буди раскенканка, поседе и 15тина минути во релаксатор, се пресоблекуваме ептен многу плаче на мењање пеленка… се надевам ќе се стабилизираме и ќе фатиме некој ред најмногу ме загрижуваат градиве мои и доењето се друго ќе решаваме. Јасна ќе дојде утре па и со нејзе ќе видам што и како, ептен нејкам да се откажам ама мн лошо се осеќам дека нејќе од мене да цица и ми е страв од мастит и запушување ептен
Не се плаши ,нормално се така првите денови... со пелените паа тоа е фаза 1 ,фаза 2 може да имате мирна па фаза 3 ќе ти биде како да се бориш сп змеј за да ја пресоблечеш Ќе се среди се ,само ти кога се нервираш да знаеш дека и она ќе се нервира Супер чим и Јасна си ја ангажирала. Јас самоука бев во доењето плус 2 недели без бебе па успеав ,ќе успееш и ти штом имаш голема желба Значи откривме зошто не сака од тебе да цица сеа знаеш пробај првин одмолзи па понуди и не чекај да огладне понервозна ќе стане. Нема зошто да се осеќаш лошо втор ден ви е се учите и двете Едит : за чување на млекото https://www.roda.hr/portal/dojenje/...aJ-qAam90XcH2zrqgI_aem_2yvkH2C18hfJe40S0wXImQ И имаш на фб rodina sos grupa za dojenje и од таму читав доста.
Обавезно расоблечена за да не ти се успива на цице, и штипкање ако одма заспие. Мене ми беше жал да ја будам и полека ја штипкав и откажував ама патронажната ме искара и ми рече да не сум толку нежна. И мојава плачеше на менување пелена и на бањање и на многу други ствари, се е тоа нормално ново им е со тек на време се навикнуваат - мојава се навикна на се освен на облакање после бањање тоа се уште е со драми правење
Ќе си се научите мајка дај си време и на тебе и на бебушка. Штипкај ја фаќај ја над увцето, со влажно марамче кај вратчето разлади ја, долу кај брадичето размрдај ја за да и го поттикнеш рефлексот за цицање. Ќе ти каже и Јасна
4саати на собна, 4 дена во фрижидер позади не на врата и 6 месеци во замрзнувач. Ќе фати, исто беше и кај мене, измолзувај се, стимулирај, нуди нонстоп штом имаш млеко. Кај мене накај 12ти ден фати да цица како човек и исфрливме скрос дохрана за неколку дена. Многу, многу е тежок почетокот додека да се воспостави лактација, после е песна. Ако не фаќа измолзувај на 3 часа максимум.
Ти надоаѓа млеко, затоа е така. Гледаш се повеќе и повеќе доиш. Викни ја Јасна и кај мене така правеше а ја млеко колку сакаш. Се молзев за да не и давам ад, ја викнав Јасна ми покажа како и еве 7 и пол месеци се доиме.
Честитки мајка, да ти се живи и здрави и цел живот да ве радуваат Ајде добредојде во најпредизвикувачкиот дел од мајчинството Ако сакаш да доиш, мораш да си упорна и да се посветиш на тоа првиот период, за после да ти биде лесно. Не е воопшто едноставно да му дадеш на телото знак дека треба да прави млеко за 2 деца, но првите 2 недели се тешко, после си сфаќа телото и си прави според побарувачка. И кај мене едното бебе цицаше, друго немаше сила поради жолтица, па се одмолзував и давав од шише. Но пред секое шише обавезно нудев да цица. Цел прв месец беше само шише, пс сѐ повеќе на града и накај месец ипол почна само да цица и од тогаш е многу полесно - ни пумпи ни шишиња ни миења, само уживање. Многу ми беше страв дали ќе успеам да дојам дека 2, како ќе изгледа се тоа, ама @DELFINA81 ми даде мотив и стварно се успева, само ако сакаш и работиш на тоа.. Честиткиии Ти дале совети се, плус и Јасна ќе ти дојде, нема да се повторувам, само да ти честитам и да ти кажам дека ми е многу мило што успеа и си дочека да си уживаш во најубавата улога на свет да ти е живо и здраво бебенцето и да ве радува цел живот
Ти дале еден куп совети но еве и јас ќе ти пишам. Прво за водата кога се тушираш, немој со врела, нека е топла ама не врела. Можеш и во мало шише да наполниш и пред секој подој 2-3 минутки да ги затоплиш и малку измасираш да се опуштат каналите. Болката и тоа што ги осеќаш тешки е сосема нормално во првите денови/недели. Градите се полни, 30-40мл се сосема доволни што се вика за почеток, како ќе доиш ќе се создава повеќе. Нека не ти е мерило пумпата за тоа колку млеко имаш. Бебето е мерило и како напредува. Тешки се и болни не само од млекото, туку и каналите и жлездите се отечени сега, ама се ќе спласне за некое време. Јасна ќе ти помогне сигурно и со совети и со позиции за доење. Ставај почесто на града, јас би рекла пред секој подој малку затопли ги за полесно да излегува млекото и немој пречесто со пумпата да не ги збуниш.