Јас на топлово не би држела повеќе од 2-3 часа на собна темп. Секако ако ти е до 25 степени дома. За во фрижидер мене во ремедика ми рекоа 24 часа и јас до ова се држам.
Леле пресреќна сум денес, трет подој цица одлично по 30-40минути и ја осеќам си голта убаво влече. Дојде патронажната од систина и пробавме со силиконска и фати … ми вика ти ја одбива градата ќе почнеме вака па после ако ти смета ќе пробуваш начини за да ја научиш и без. искрено не ми е битно и не ми смета, земав одма силиконски на медела и детето ми се најаде. Цел ден е спокојна и мирничка. Мене ми олеснија градите и ми омекнаа, ми олесна ептен фала ви женски ептен за советите
Супер ете гледаш брзо се уходавте И јас ја доев со силиконски првите денови дома дур почна да има сила да влече, постепено пробував на некои подои без - кога не е многу гладна, имаше урлање и ги имав до мене за ако се буни ама за неколку дена ги тргнавме скроз
Чувствава ми се лом …. Бебка е 5дена … прееска додека ја гледав како убаво си цица плачев и ја галам… после ја спуштив во гнездо заспана и 3пати истото ми го прави никако да поспие повеќе од 5минути од моро рефлексот мн се плаши и одма се буди па после плачев за тоа … маж ми денес мораше да ме остави сама на неколку часа ради обврски па кога дојде ништо не му беше јасно … а богами ни мене триста мудс сменив денес … сега исплашена сум дали вечер ќе поспие зошто сега цицна 15минути и пак заспа … распоред никако да и фатам …. Или премногу ми се успива и спие по 2-3h или пак ич не може да фати сон прееска од 1ипол до 5 никако не можеше. Како се справувавте на почеток со распореди за цицање и спиење
Толку ми е матен почетокот што не знам како се справувавме, веројатно како вас и како поголем дел од останатите. Исплачи, сите сме плачеле. Нека спие на тебе денски, немој да се мачиш и нервираш што не спие во гнездо. Жолтица има?
Има жолтица сигурно и нормално е да е поспана. На почеток по 17 часа дневно спијат. Епа пресметај колку се будни хахах. Во глобала премала е за се, пробај да и правиш разлика за ден и ноќ, полека од почеток прави си некоја рутина, ќе ти се најде понатака многу верувај. Нормално е да ти е вака, кај мене беше исто само спиеше, жолтица имаше па навечер се журкавме. Јас имав премногу млеко па се молзев ко крава, пошо не фаќаше града и така плачев секој ден, ама нормално помина. Сега хормоните ти се хаос, така да исплачи се кога ти е тешко, ќе ти олесни, немој пред бебка само зашто се те осеќа да знаеш. Мајка опушти се само, стварно многу брзо поминува.
Да и другаркиве исто ми кажуваат повеќето поминуваат низ исто некои споделуваат некои не … да со жолтица сме, слаба форма рекоа, последниот ден во болница ми ја зимаа да ја сончаат повеќе пати … белките на очињата и се жолти сеуште … ама побели од 3тиот ден кога ми кажаа дека почнала.@Feniksgirl И мене ми надојде млеко и имам доста… ама и она засега е лакома среќа со силиконскава фати и ми олеснува премногу плус и да не мора да правиме аптамил и да чека да плаче како претходниве ноќи или да чека додека измолзам во шишенце. Сега спие веќе саат и 15мин се надевам вечерва нема да се журкаме ќе ја будам за еден даат најмногу да цица пак малце да се погушкаме и да почнеме со ноќна смена
Плачев и јас, што од хормони што од ненаспаност, стрес… пишував и тука барав совети и некој да ми потврди дека е нормално - хормоните ти се хаос и се е нормално и плачи си олесни се но не заборавај сите поминуваме низ истото и се тоа проаѓа па следат периоди на смешкања. Кај мојава се уште знаат да се погодат хаотични денови особено ако има грчеви и во тие денови знам и јас со неа да поплачам и олеснува стварно, па после наредниот ден се смешкаме двете си гугаме. Распоред се прави полека не преку ноќ, почни со рутина за пред ноќно заспивање и полека ќе почне и она да ја прифаќа - пример ние се бањаме со некои смирувачки песни, мачкаме лосион, облакаме чисти алишта и се доиме легнати на кревет во затемнето со приспивни песни. Понатаму можеш и сабајле за будење рутина - пример мојава е прегладна па прво се доиме во кревет, се пресоблакаме, миеме лице, мачкам лосион на лице, вежби за нозе и раце и одиме на светло во дневна и таму играме. За будење - исто како Феникс и јас до 4 саати ја оставав ноќе а дење 2ипол можда 3 ако бевме во парк и тоа само до 2 недели ја будев после тоа нагло напредна и педијатарот ми рече нема потреба од будење - ќе видиш на контрола ќе ти кажат тоа Моро рефлексот е најпроблематичното нешто што го имаат - јас ноќе после станување за доење ја оставав покрај мене да спие за да не се сецкаме сите со сонот и да се преуспиваме со саати по подоите дека ја дојам лежечки на кревет. дење и ден денес најчесто ми спие во раце или количка пошто и се прекратки дремките и не ми се исплати замарање и презаспивање а почнав и да уживам и да го ценам времето кога ми е во раце. Некад исто ја дојам и дење на спална легната па знае да врзе некој саат. Ја префрлам во кревет само навечер иницијално кога ќе заспие за најдолгото спиење. Ако пробуваш да ја префрлиш гледај да е скроз заспана - треба рачињата скроз да и пагаат да нема никаков рефлекс на нив и спуштај ја полека прво газе па глава и гледај да е малце на страна не скроз на грб. Веднаш чим ја спуштиш стави и рака на стомаче и давај и стабилност со неа ако почне да оди лево десно, чувај ја таму раката дур не се стабилизира - ова го видов негде на инста и многу ми помага мене.
Вечерва несакајки ја спуштив после подој од перницата за доење на меше на кревет и некако газето и дојде горе главчето на страна рачињата сама си ги намести странично и под неа и вака си спие не се плаши … ок ли е да спие на меше вака малечка сама си се намести и гледам дека ептен и е удобно и сврзува сон?
Баш убаво, браво! И јас почнав со силиконски ама за 2 недели дури фати мојата (претходно молзев), и ја одбив на околу 7-8 со советот на Јасна, да ја ставам на града уште додека е поспана на час и 45 минути од еден до друг подој, и фати како да не сме користеле силиконски. Така што можеш и тоа да пробаш, значи да не ја чекаш да се разбуди и да се расплаче за јадење туку кога ќе поминат саат и 45 да ја ставиш на града Званичен распоред на околу 6 недели воспоставив, ако ти се верува до 6 недели ја спиевме во дневна до 23 со пуштена серија на глас да гледаме ние а она да се учела на гласно (будали ама тоа е ), ама брзо успеав да направам ред и еве до денес добри сме со мали исклучоци, така што не му се секирај многу, се ќе биде. Пробувај некоја рутина да воспоставуваш, ама не е страшно се уште ептен е малечка. А хормоните, тоа е .... јас плачев и од среќа, и од стрес, и од нервоза,и од луѓе... Ја гледав и плачев што конечно ја имам, па зошто не сака да цица, па зошто не сака без силиконска, па како ми се насмеала прв пат... Еве моментално плачам на секои 3 дена со неа зошто секое успивање и е со плачење и многу ми е жал што си го исплакува сончето, ама тоа е...
Ај да прашам нешто смотанко 4ипол месеци сме, за 10 денс 5 месеца. Јас еве ќе признаам дека и после 5 месеца не знам кога е најадена, затоа што само 10% од времето се тргнува демек е завршена, другото време да е по нејзино ќе дреме на града и цел саат, и од што нормално си доаѓа млеко ќе се прејаде и ќе блуцка (искрено не верувам во муабетот дека бебе што цица не се прејадува). Ако пробам да ја тргнам кога јас сметам, обично тоа е по 10-15 мин зошто и ја приметувам дека веќе не е тоа активно цицање, вришти како да е на колење. А кога ќе ја вратам пак на моменти ја гледам дека голта, ама стварно мислам дека тоа е зошто стимулира и доаѓа млеко. Како да знам, што да правам?
А да пробаш кога мислиш дека градите се празни, и да не плаче цуцле да и дадеш да може да функционираш и она да не е залепена до тебе. Да може да се учи така. Пошо чим бљуцка сигурно е најадена и вишак и е тоа. Само ги смирува па така си ја држи градата.
Јас на почеток мислам 3 недели си плачев и јас не знам зошто, ја гледав и плачев. Хормоните вријат, уште имам моменти кога си плачам само не толку често. На почетокот јас комбинирав исто давав и со силиконска и без, ако видев дека се мачи ја ставав силиконската за среќа кај мене бебка не правеше проблеми и за без и лесно ја одвикнавме (јас мислам дека не ја ни навикнав на неа ама така се вели) Распоред на цицање не можеш да фатиш рано е, јас по некоја недела веќе почнав да знам кога од прилика се буди за цицање. На почеток повеќе спијаат и нормално е. Искрено мене почетокот ми беше многу тежок со доењето, ама еве од кога направи 6 недели веќе скроз е поинаку. Мали се учат тие, учиме ние и нив им е непознато и нас па мора да имаме трпение. Мене после првиот преглед на педијатар ми рекоа да не ја будам и да не гледам на саат колку сака и кога сака, така и се раководам.
Го прекинувам вакумот со прст, тргам и ставам цуцла одма. Comfort suckling си прави затоа вришти кога ја тргаш.