И мојата е иста не дава да ја наместам брадавицата да фати убаво само прета со раце со нозе, еве два месеци е кога фаќа убаво не ме боли ама кога ќе почне да се бори по нејзино да биде. Мислам дека е до бебето и јас мачкам ланолин ама џабе некогаш боли
Ми требаше да се потсетам на некои финти да ги кажам и кога ќе се наместам убаво болката е минимална и трае пола минутка. Ама многу често знае да се измести госпоѓицава моја таман ќе ја наместам убаво длабоко да фати она ќе си се измести и пак е плитко. Е тогаш е болка за умирање некои минута две. Инаку ова видео ми помогна да си ја поправам положбата
Исто е, си стимулира за утре да има уште повише млеко, си сака близина, многу пати и ќе заспие закачено па во сон цица не оти е гладно ама рефлекс. Не е проблем што бара troubleshooting нормален процес е, уживај во него. Боже колку брзо се заборава сеа кога цица 12минути викам што направи толку
Непишано правило во доењето чим мајката седне да јаде на бебето му се цица. Иако пред 5 мин завршило со цицање
Мајки, бебе е на доење ама преферира лева града и како пoследица на тоа таа града станува поголема Форсирам и десна но не ја сака многу многу (ја сака додека убаво тече па после плаче). На левава и празна да е си ужива. Да почнам со пумпање после доење на таа града? Имате некој совет да ги изедначам?
Како јас да сум пишувала, исто само од лева сака деснава не ја перцепира воопшто немам совет, на иста мака сум
За повеќе да му тече притисни ја малку градата кога ќе осетиш дека не голта како на почетокот. Јас така правам мојата е нестрплива сака одма да и тече
Дали некој ја има оваа бубамара? Дали функционира залепена на градата без да пага? Имам големи гради па незнам дали ќе можам да ја застанам
Јас школките ги користам дека плус можат и малку вакум да прават во споредба со бубамарата. И јас сум со големк гради и ок стои школката ама секако мора да ти е во градник ставена. Не сум пробала некои посебни активности дур ја имам, ја ставам само да ми собере млеко од едната града ако е преполна дур дојам од другата
Бебе цица на 2.5-3.5 часа. Вчера одевме на преглед и се измолзив претходно од десната града бидејќи последниот подој беше од лева. Секако беше скоро време за цицање. Извадив 65мл. Си дојдовме дома по 2ипол часа и гледам на десната града грутка. Бебушкс го испи молзеното час и половина претходно и пошо не беше време да доење се измолзив. Претходно масажа под туш. Груткава стои. Ставав и изладена зелка Ајде следен подој пак масажа прво и цицаше бебе во две положби. Пак зелка после подој. Ама груткава стои. Се намалува ама не скроз. Со следен подој пак полна градата. Ја бидев ноќеска на 3 часа за да дојам ама груткава не мрда. Кажете некоја финта не знам вече што да направам. Пијам и бруфен на 8 лжсаати чисто ради антивоспалителното дејство
Додека цица масирај ја градата од таа страна да се отворат каналчињата, топла па и жешка вода од под пазуви и градите да тече и нежно масирај додека си под вода
Масирам така со прстите и со тупаница дур цица. И под туш наведната надоле ама не попушта не знам што ќе беше ова.
Каква пумпа имаш? Обавезно пак пробај и со неа… јас сабајлево со филипс авент ја олеснив десната исто имаше грутче како излагаше млекото јас надоле масирав и се опушти исто пробај топла крпа намокрена на градата над грутката додека пумпаш нека стои
Пумпа имам само рачна ама после маж ми ќе оди по електрична. Вадам со рачната ама си викам електричната да не влече повеќе.
Запушен канал е, масажи само, зелка бебе да цица цело време и молзи ако можеш. Додека не шприцне кога масираш, не е отпуштен.
Не сум користела рачна ама ско купуваш електрична оваа ти ја препорачувам ептен, пренежна а супер функционира за 10минутки извадив 60мл сабајлево
Истава ја немам ама ја препорачувам исто запушен канал оваа ме отпуши 140мл извадив со нејзе за 5 минути.
Баш оваа пумпа ја гледав и таа и ќе ја земам. Инаку си шприца млеко од градата ама ова сигурно е запушено каналче, нели има по 5-6. Додека го доев првото само еднаш ми се направи грутка ама горе над пупката и со две цицања се разби. Оваа е доле и настрана накај пазувот. Ајде валда денес ќе ја решам. Ужасно се плашам од мастит дека нема да фатам.