Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Нема нема, зимај ја пумпава и терај. Со модес за масажа се самите програми и ептен е јака … мене првите денови кога дојдов од болница ме спаси зошто бебе не знаеше уште да фати цице цели гради ми се наполнија и ме фати паника … со нејзе извадив се без болка
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    74
    Како ја надминавте кризата со доењето околу три месеци? Осеќам дека многу ми е намалено.. Чаевите ги пијам, течности, овес, гледам поише да одмарам, не знам што повеќе да направам, страв ми е да не снемам
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.372
    Допаѓања:
    12.047
    Пол:
    Женски
    Нема да снемаш, течности многу, чаеви за доилки и бебе повеќе на града. Ќе се регулира за недела до десет дена.
     
    На An43 и Dreamer. им се допаѓа ова.
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    720
    Пол:
    Женски
    Нема да снемаш, не си прави дополнителен стрес :) Чаеви, течности, можеш и лактил да земеш јас сметам ми помогна, бебе на двете гради на еден подој за да биде и оно најадено, а и за стимулација, и тоа е, ќе помине :)
     
    На Dreamer. и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  5. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Девојки имам едно прашање во врска со силиконските брадавици. Бебе е 6 дена и е цело време на гради. Мене брадавиците убаво ми испаѓаат но многу често не успевам убаво да го наместам и ми ги разранува. Мачкам ланолин ама џабе. Па сакав да ве прашам дали со силиконскиве ќе си го олеснам тој проблем? И ако може да ми препорачате какви да земам
     
  6. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.503
    Допаѓања:
    2.626
    Пол:
    Женски
    Ќе се уходаш, беба ќе добие сила и ќе си ја влече цела брадавица. Гледај видеа па викни ја и Јасна, реално слично пари ќе те кошта. Читам дека многу помага за фат да си најдеш со беба, но јас немам искуство со неа. Батали силиконските брадавици, многу е комплицирано за одвикнување.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    2.574
    Пол:
    Женски
    Дали после ждригање ви бараат пак да цицаат ?
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.372
    Допаѓања:
    12.047
    Пол:
    Женски
    Некогаш бараше, зашто очигледно се наголтала воздух и не се најала, па ќе си здригне и ќе си се дојаде. Сосем нормално е тоа.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    И јас би те советувала да ја викнеш Јасна да ти помогне за фатот. Инаку силиконските помагаат за да не боли толку, јас првото дете го доев скоро 3 месеци со силиконски и после во еден ден ги фрлив. Немаше никаков проблем за одвикнување освен што мене ми требаше една недела да се навикнам. Сега со второто дете доев со силиконски може 10 дена и ги оставив пошо некако не се местев убаво со нив. Еве после 4 недели доење уште ме боли првите минута две ама дојам. Некојпат се одмолзувам чисто да ги одморам дека така не ме боли.

    Инску јас користев Медела брадавици, а тука ги имаат пофалено знам и од Чико.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    2.574
    Пол:
    Женски
    Значи од 20 ч до 22 ч цица може 100 пати. Па ќе пушти сама па ржи зошто и ја нема ,па со уста бара со раце бутка...
    А има млеко и шприца се засркнува колку пати ме плаши дека ќе се задави :drunk:
     
    На Baby warrior и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.804
    Допаѓања:
    3.825
    Пол:
    Женски
    Хаха мојата има цук пие 110 и останува 30 ка и ждрига и после пие овие 30 пак во еден здив и вадам цуцла и на празно шмука унесена во работата хаха. Живо ненајадено , детево ништо на мене нема све на мм. Што ќе беше ген, барем да личеше на мене :doh:.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.372
    Допаѓања:
    12.047
    Пол:
    Женски
    Моето од личење само женско е на мене, друго се на татко и.:bug:
     
    На MariaBouli и Ladyme им се допаѓа ова.
  13. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.372
    Допаѓања:
    12.047
    Пол:
    Женски
    Добро мала е, на почеток и утеха им е повеќе.
     
  14. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски

    Ама не сум од Скопје. Како и да е фала ви на одговорот
     
  15. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Тогаш ако толку те разранува земи си силиконски. После секој подој мачкај ланолин и тоа ти препорачувам од медела. Да, најскап е ама и најдобар. После цицање остави ги градите да се исушат што се вика не облакај одма маица/прслук, нека подишат некоја минута. Ако ти се преполнуваат и прават грутки пред подој масажа со топол туш или барем во шише стави топла вода и масирај. После подој треба да се оладат. Убаво е згмечена зелка или ситно сецкан магдонос со кисело млеко, само избегнувај ја ареолата и брадавицата.
    Јас со првото бев партал со болки до солзи. Без силиконски немаше панси да дојам ама ете после некој месец ги тргнав и поубаво ми беше без. Ама ќе излажам ако кажам дека не ми помогнаа на почеток.

    Инаку со Јсна можеш и онлајн консултација сигурна сум дека може и некако со видео повик да се слушнете ако е ептен зорт не му ја мисли, мене еве вториот пат ми помогна со совети без да доаѓа воопшто.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас се соочила со голема разлика во залихите на млеко во градите? Десната секојпат е многу пополна од левата и на неа и повеќе ме боли цицањето. Првата минутка дур пробие млекото ми е баш болна. Исто и при молзење, само не толку ммогу.
    Еве сега се молзев, а и секојпат претходно има ептен разлика. Од десната извадив 110мл, од левата 60мл. Двете по 11 мин ги молзев. И секојпљт кога молзам лд десната повеќе вадам. И на допир се осеќа дека е пополна.
    Како да ја намалам оваа разлика? Инаку гледам почесто прво да ја нудам левата да знам дека ја исцицува и да стимулирам, па после десната ама нема ефект нешто многу многу. Инаку бебе е 1 месец.
     
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    720
    Пол:
    Женски
    Во почетокот додека да се воспостави лактација, скоро секогаш имаме една града што е доминантна. Тоа си е така, и додека не се воспостави прво лактацијата за полнење на гради до 12та недела, а после и за доење на барање по 3 месец, така ќе биде. Ништо страшно. Ако имаш доволно млеко нуди по една на подој, ако не почни на пример со лева, па десна, па следниот подој со таа што си завршила, односно десна па лева. Ако ти прави проблем, измолзувај, таман и залиха ќе направиш. Јас од тоа имам уште замрзнати кесички :D
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.372
    Допаѓања:
    12.047
    Пол:
    Женски
    Сега ми се дешава тоа, на 8 месеци… не знам ни зашто, ништо немам сменето во цицањето, освен што нели со внес на оброк, тргаш подој, ама пак наизменично цица..
     
  19. Biljana 93

    Biljana 93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    Мајки породена во понеделникот сум
    Млеко имам малце го ставав бебе на гради ама ми рекоа и дохрана дека треба
    Е сега му давав дохрана од шишенце филипс авент ама ми го одбива нејќе да повлече од него незнам дали незнае или …
    Од друго и дадов шише од обично и си го испи млекото
    Друго многу ми е поспана скоро цело време спие еве неможам сега да ја разбудам за да и дадам да јаде
    Има ли некој сличен проблем ?
    Ве молам за одговор
     
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    3.117
    Пол:
    Женски
    Не е тоа проблем .. нормално е за новороденче. Сите се поспанки, ќе мора да најдеш начин да ја будиш, чешкај ја по меше врстче ушиња ноџиња, со влажни марамчиња позади кај вратчето, ако не успева расоблечи бебе, смени пеленс кај мене на ова реагираше одма со плачење па продолжувавме со цицање. За млеко да надојде, лакта микс чај земи обавезно и ставај бебе на града цело време да стимулира