1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Ова е индивидувално ем до вас, ем до возраста на бебето. На пример до кај 9-10 недели давав од двете, после ми се наполнија повеќе па давав од едната, па не фати кризата во 12 недела па давав од двете, сега 95% давам од едната зошто веќе е воспоставена лактацијата, ама некогаш ако ептен ми се буни пак знам и од двете да и дадам. Така да не е дека има златно правило, плус супер си правите.

    Јас така на 3 недели заебав работа исто читајќи дека требало само од едната и си го ослабев детето 20 грама. Е после научив дека не треба толку да си врзувам во крпче се што читам :)
     
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Нели се пофалив дека бебка фати без силиконска и си цица супер… детево овие два дена ми се смени … некако ми е поспана … мирна… не плаче и не е раздразнета како претходно. Имате приметено мајки при трансфер од силиконска на цице вакво нешто? Мене малце и страв ме фати сабајле детево не ми плаче си глеа по страна некако како успорена ми е цела за разлика од претходно, баш онака како да влезе у друг муд :$:?: прееска затера спиеше 3саати :^)
     
    На Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  3. Dreamer.

    Dreamer. Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    73
    Секако ко што вика Маријанче испразнета града не постои, и мене лично повеќе ми одговара од двете да дадам додека не се најаде, за да не ја осеќам едната преполна до следниот подој :)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Иначе на темава од една или од две гради …. Патронажната ми рече еден подој една града ако имам доволно млеко зошто имало разлика на почеток млазот млекото било поводлесто а потоа помасно за да земе се што е потребно :$ немам поима дали е релеватно ова само така ми спомна жената … а доста убави совети ми даде и беше во години
     
    На Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.254
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Си јаде како што треба и си е задоволна. Нема зашто да ти плаче, чим не плаче си спие си уживка, тоа е задоволно бебе.
     
    На Noemi, Izzy_0504, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Малце се замислив искрено сабајлево… јас уствари цел месец имав плачливо бебе ради силиконскиве :@
     
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.254
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Па не мисли така, сепак е премала, се навикнува на вас, вие на нејзе. Сега веќе како расте се повеќе ќе разбира, плус цицето и е утеха, кожа на кожа.
     
    На Трагедијаупмм и Baby warrior им се допаѓа ова.
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи, може така се погодил приодот, не мисли така. Важно сега радувај се колку поубаво и полесно ќе ти биде, знам мене како ми беше :D
     
    На Baby warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Да, ова сите го спомнуваат, ама некогаш е побитно бебе да е најадено од градата празна. Некогаш не му се влече до крај, сака поедноставно кога тече брзо на почеток. А и има некој како мене што никогаш немав појма кога ми е празна градата :^)
     
    На Baby warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Какоооо успеа да ја тргнеш силиконската, мојов не сака да чуе без неа, а со неа некогаш се бори, се тегне, ја фрла, а без неа никако :(
     
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Јас успеав со тоа што поспана ја ставав на града. Имаше 6 недели тогаш, и на секои 1ч и 45мин после подој кога обично спиеше ја ставав на града без да побара. Одма ми беше успешно :) Ако беше будна и гладна не успевав, само на овој начин ми успеа:)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Баш ќе пробам, неколку пати пробував и некако како дс не знае да фати или јас може лошо му ја местам :mm: ама и брзо се откажувам кога ќе видам дека се нервира
     
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    пробувај и различни пози за секоја града. јас на пример на десната ја ставав во football hold а на левата во cradle. така поубаво ми фаќаше
     
    На Autumn05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Јас пробувам на сред подој, му ја тргам и продолжува да влече, некогаш е нервозен и не сака па ја враќам силиконската. Исто и на почеток на секој подој пробувам, некогаш фаќа, цица неколку минути па се нервира па ја враќам, некогаш не ни фаќа, некогаш па и ќе се нацица цел подој без силиконска. Многу сум трпелива искрено, изненадена од сама себе :D се надевам евентуално целосно ќе ги исфрлам силиконските ама сега па и не сакам да го вознемирувам да се бориме, да вришти пишти на града зошто и мене ме обескуражува тоа. Јас ја викнав и Јасна, нѐ местеше, цицаше 40мин без силиконска додека беше она дома, ама сама со него ми фалат уште 2 раце да имам за да можам да го наместам и него и градата. Некако си ветив од старт дека ќе дојам ако психички тоа не ме оптеретува па затоа трпеливо бејби степс пробувам, се надевам евентуално ќе ги исфрлиме. :)
     
    На Autumn05 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто немав проблем со силиконската ја тргав и на сред цицање. Многу лесно се одвикнавме од неа, а искрено многу ми помагаше на почетокот. Овде знам ме советуваа да не ја давам дека тешко се одвикнувале ама јас искрено немав проблем. Пробувај дури е успано или ако се пушти во цицање извади ја и пробувај така.
     
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Мојава е точно месец… инат невиден и Јасна беше никако не можевме да ја тргнеме од силиконска научена од систина дека немав млеко надојдено до 5ти ден од пороѓај и мораше ан почеток аптамил да и даваат во болница. Буквално секој ден пробував во разни пози … и пред некој ден сабајле рано разбудена и гладна си седам во дневна се местам на десна града со силиконска а она во скут со главчето под лева града чека и оддеднаш со устето почна сама да се мести и само ја доближив и фати сама од прва како да не сум се мачела цел месец …. Јас цела во прашалници како до вчера нејќеше да чуе а сега од прва фати сама … еве трети ден цицаме директ од цице (highfive) ама биди упорна не се откажувај
     
    На Autumn05 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    2.538
    Пол:
    Женски
    Ова со празнењето и помасното млеко го има да ама па не може да биде врзано во крпче кало шо вика членкава погоре.
    Некогаш едноставно се и жедни..
    Или еве мојава ќе и омекне брадавицата и ја нејќе таа града веќе па се случува во еден подој 3-4 пати да сменам града.
    Најдобро е да си ги пратиме дечињата секое си е различно
     
    На dummy, MariaBouli, LeNora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Autumn05

    Autumn05 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2024
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Браво за бебка :party: ќе пробам дефинитивно и во позицииве нешто да сменам или ќе ја барам Јасна и јас :D
     
  19. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, бебе е 14 дена, по препорака на педијатар треба 4 пати да давам измолзено млеко по 60мл. Е сега ако може некоја да ми помогне кога да се измолзувам без притоа да направам некој проблем со лактација?
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.254
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    Зашто да се измолзуваш? Не цица бебето?