Е сега да се поправам, дека во последно време само кога јадам калорична храна имам доволно млеко. Доколку јадам послабо веројатно нешто се случува, осеќам дека градите не се доволно полни, а она поради тоа сака на секој 1-1,5ч. да цица.
Меу и исто и јас бев пиј и многу течности исто Јас коа почна да се одбива од цицање ништо не јадев , ни пак пиев Блесава бев таков период ме фати и млекото се намали ..и плус дека и помалку цицаше
A девојки едно прашање за тие што цицаа? Bистина се слабее ако цицате? Jас не можев никако да ја дојам,ме болеше и ми се плачеше,јас и така сум осетлива,ако сум без градник ке пукнам,се наежувам
Волвче, бар кај мене беше така на почетокот, а после колку си јадеш па знае и да се стави, зависи. Иако е знае да мнооогу болно на почеток, не би се двоумела и пак низ истото би поминала да го дојам. Под болно за мене беше суви пупки(не знаев оти месеци уназад треба со витаминска помешана со Д витамин капки да мачкам да се меки и да не испукаат)па ми се преполнаа градите со млеко а и ареолата цела и се направија грутки, малово не можеше да цица, а јас ќе пукнев од млеко, послем ми нарави рагади, значи крв имав од едната града, ама крв не крв упорно цицав, и после подол се мачкав со крема и за недела дена се среди. Колу и да е тешко се за најдоброто нивно, а вака бар готов оброк имаш каде и да одиш и не се мислиш со шишиња што и како. Вреди да си упорен. А за градник има прекрасни за доење, било памучни со мека корпа, било со потврда корпа.
Дали треба да почнам да ги мачкам брадавиците со нешто?терминот ми е на 6 јануари па си велам да не пропуштам нешто во врска со градиве...а иначе едната града ми е помала едната поголема на таа поголемата брадавицата е по црна а на помалава поп бледа и страв ми е да не ме болат нешто кога ке ми дојде млекото
здраво мамички и јас сум тазе мајка и исто така некогаш имам повеќе млеко некогаш помалку и малиот ми плачи ке цица повеќе од 20 минути на едната и на другата града и ке заспие ќе го клавам да спие и се разбудува по 15 минути и ги цица рачињата и плачи се плашам да не му е малку млеко можеби не му е доволно сакам да ве прашам дали да пробам после цицање да му дадам вештачко млеко и колку се можностите да ми се одбија затоа ми е страв и кое млеко е најдобро да купам ве молам дајте ми совет инаку имаме еден месец чекам одговор поздрав
Мене малата воопшто не ми се одби иако пие вештачко млеко од почеток. Напротив, си бара цице, а вештачкото не го обожава баш. Колку е само среќна кога ќе ме види дека се спремам да и дадам да цица , а ќе кажеш 3 месеци ништо не разбира, ама разбира пусто и тоа многу Ние почнавме со Беби мил , но сменивме со НАН1 што мислам дека е подобро, зошто од беби милот имаше грчеви и неможеше убаво да се кака, што со нанот не е случај.
Гледај што почесто да му даваш така ќе стимулираш повеќе да ти надојдува млеко што повеќе цица тоа повеќе се создава,и пиј повеќе течности билни чаеви (ова ми го кажаа уште кога лежев во болница и нането многу помагало за зголемување на количината на млеко а воедно и за спречување грчеви ) можеш да набавиш и од тој на Хипп за доилки што е јас и таков пиев ама при крај -тогаш го открив И никако немој со вештачко ако имаш ти млеко колку толку ќе ти се зголеми количината не очајувај гледај да го цица твоето нема ништо поздраво,подобро и попрактишно од мајчино цице Со среќа Ceki малку каснам со одговор можеш да почнеш да ги мачкаш со Vitamin Ad тоа ти е маслен раствор за ареолите да ти омекнат за да не си имаш проблеми отпосле како мене
тоа со одбивањето ако му давате вештачко се мнооооогууу големи глупости!!!!! во многу држави препорачуваа да му се дава ад млеко по секое цицање дури не си се поврати бебето и дури не си земи сила.јас знам случај каде една недела беа со цицање па после ад млеко бебето не се одби баш напротив почна убо да си цица. кај нас докторите од Х причини така велат никако шише ни млеко ни чајче ќе ти се одбие со лајче давајте му, ахааа како не!!!! и јас никако неможам да разберам зошто луѓето толку го мразат ад млекото???
Стефи не го мразат ад млеко ако мајката има млеко пожелно е да го дои бебето , и да го става почесто на града за да надоага и млеко. или има и чаеви исто од Хипп Aко бебето убаво си цица , нема потреба да се дава ад млеко после цицање и да се исповрати Ако бебето не качува на килажа, може да се каже дека не само цицање не му е доволно и да се дохранува. за да видиш дали е стварно гладно после цицање дај те му чајче ,ако испие повеќе од 30 мл е гладно , ако не испие не гладно А дохрана не е да се дава млеко после 1 час од цицање , тоа е веќе замена на оброк
знам јас се од ова што напиша јас велам дека на почеток да се дава ад млеко за да видиш дали и колку цицало. ако не го пие ад значи цица. ретко кое дете одма почнува да цица а се знае дека на мајкета му надоаѓа дури по 2 дена млеко а за то време треба детето гладно да седи? мислам дека треба да се става на града па после да му се понуди ад млеко. јас така згрешив, мм ми велеше да земиме млеко јас несакав оти мислев дека цица.и на крајот престанав и млеко да имам. јас велам дека не му се дава избор на мајката. се чуваат гладни бебината од тоа ,,аман мајко пробвај биди упорна,, пак ќе кажам,,блиска моја од болница посоветувана (не од македонија) почна одма со на града па шише така цело време и по неколку дена престана да го пие млекото во шишето така неколку пати и се донесе заклучок дека бебето си цица. а на почеток ни мајката има млеко ни бебето цица многу и зошто да се чува бебето гладно?? јас си кажувам мислење и искуство не велам никој да го примени ама јас да го применев можи и син ми ќе си цицаше сега....
Општи прашања сакам да прашам во врска со менструација за време на доење.откако се породив после 6 недели имав редовен циклус.последен пат имав во декември само незнам точно кога мислам на 15 негде,запишав ама стариот календар го фрлиле за жал со маж ми имаме заштитени односи,прашањето е дали можи да влијае доењето хормонски илиии.....ако имате одговор пишете.поззз
мамички ај ве молам за помош,десната града многу ми се здрви и ме боли и имам температура 39 кажете ми што да правам
За да ја омекнеш малку градата или влези под туш ама со најжешка што можеш да издржиш вода или стави ја градата над пареа. После тоа пробај да се измолзиш, полека, полека ќе попушти исто и листови од зелка помагаат за отпушување на млечните канали. Ако ништо од тоа не помогне оди на дежурен лекар.
фала многу баш сега ствив зелка , прочитав наназад, а слушнав со матичната па се напив аналгин и парацетамол, па ке се одмолзувам после , се надевам ке пушти
здраво мамички во мај треба да се породам, знам дека е уште рано, но сепак мене ме мачат некои мисли во септември ќе правиме свадба, сакам до свадбата да бидам слаба,а и на факултет од септември ќе тргнам така да ќе имам и други пречки во доењето, планирам да пијам и апчиња за слабеење, е сега знам дека нема да можам да го дојам детето многу време, 1-2 месеци само, е сега мене ме интересира, што како оди таа процедура во одвикнувањето на толку мало бебе, дали ќе биде подобро да не го дојам воопшто, или пак да го подојам некое време, како се стопира млекото, и се во врска со тоа... ви благодарам однапред
Јас искрено би ти препорачала ако можеш и ако имаш млеко, да си го доиш бебето. Тоа е најдоброто што може да го направиш за него. Плус, доењето помага во слабеењето, од мај до септември може да изгубиш многу килограми, не само со доењето, туку и со секојдневните обврски, ама пред се, зависи каква ти е градбата на телото. А тоа што треба на факултет да одиш, исто се решава. Може да се одмолзуваш и да оставаш млеко во шишенце, па бебето да си пие од шише твое млеко, а кога ќе си дома нормално да си цица. Има мајки кои одат на работа, па не го одвикнуваат бебето толку рано од цицање. За се има решение, ама ако си решена да го одвикнеш бебето од цицање толку мало, има и ад млеко, па воопшто не ни почнувај со доење.
И јас би ти препорачала да го доиш колку можеш повеќе, може на почетокот ќе ти биде малку тешко, но верувај после некое време ќе стекнеш рутина и ќе почнеш да уживаш во доењето. И навистина е убаво кога знаеш дека ти си таа кога го храни своето бебе и плус многу значи за блискоста на мајката и бебето. Јас читав за славните мајки кои ги дојат своите деца и кога можела Жизел да го дои детето и тоа само на нејзино млеко до 6 месеци, а притоа да учествува на ревии и да биде во топ форма, актерката од Modern Family да ги дои ексклузивно своите близнаци до 6 месеци и Џенифер Гарнер да го дои сите три деца, тогаш си реков па ќе можам и јас, а ќе можеш и ти Значи за се има решение и ако не можеш да постигнеш да се измолзуваш за да пие од твоето млеко додека си на факултет, тогаш ќе си го доиш кога си дома. И да знаеш дека доењето ти троши 500 калории дневно и со правилна, здрава исхрана и многу течности ќе си ја добиеш саканата тежина, а млекце ќе си имаш. Во прилог еден линк: http://www.celebritybabyscoop.com/2012/ ... astfeeding
мамички ке ве молам ако има некоја искуство со електрична пумпа за измолзување нека ми пише, навистина ми е потребна, имам многу млеко, а бебушко малку цица, и одма се откажува пробавме со рачна пумпа ама никако не оди, и после тоа со таа техниката шо ми ја кажа докторката ама неможам постојано така... моментално си цицаме малку и плус пиеме и хумана, заради тоа што бебушко не напредуваше многу